Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Историја на фотографијата

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
1.022
3.618
Прага
1. Почетоци на фотографијата

- Камера Обскура - (Латински „camera“ – соба; „obscura“ – темна)

image.jpg

Ако целосно ја затемините собата и оставите еден сосема мал отвор низ кој ќе влегува светлината во просторијата, погледот од вашиот прозорец ќе се појави како превртена слика која се проектира на ѕидот. Тоа се случува поради линеарното патување на светлината и тој процес познат како „камера обскура“ е основа за фотографијата.

Уште во петтиот век пред нашата ера, кинескиот филозоф Мо Ти ги забележал ефектите на камера обскура, а подоцна, во четвртиот век, истиот ефект го користел и грчкиот филозоф Аристотел.

image.jpg


Подоцна, италијанските уметниците од периодот на ренесансата, го користеле овој ефект како помош при цртањето, за да создадат поверни скици на сцената што ја цртале.

image.jpg


Леонардо да Винчи во 1490 година бил меѓу првите што препорачал гледање на пеjзаж од темна соба со мал отвор низ кој ќе влегува светлина и ќе се проектира на лист хартија.



Во следните 50 години се случуваат две многу важни откритија за фотографијата:

- Оптичките леќи
- Дијафрагмата (или бленда)

Двете биле користени за да се изостри сликата и се основа за денешните елементи на фотоапаратот.

Откако физичарите го завршиле својот дел со усовршувањето на леќите и со можностите за фокусирање на сликата, на ред дошле хемичарите кој требале да дадат одговор, како да се зароби или фиксира сликата.

2. Први фотографии

Германскиот професор по анатомија, Јохан Шулц во 1727 година експериментирајќи во својата лабораторија, открил дека солите на среброто, потемнуваат во контакт со светлината. Иако знаел дека открил нешто важно, не нашол соодветна примена за откритието.

Но, други ентузијасти експериментирале со сребрените нитрати и сребрените хлориди, а првиот што успеал да направи слика бил Томас Веџвуд кој правел копии од разни листови на растенија. Сепак ни тој не успеал да направи трајна копија.

ПРВА ФОТОГРАФИЈА

image.jpg

Првиот што успеал во тоа е французинот Џозеф Нисефор Ниепс, кој место со сребрени хлориди на хартија експериментирал со битумен и стакло и бил задоволен од првичните резултати. Следниот обид бил на метална плоча, а резултатот од тој експеримент е првата фотографија (1827 година) – поглед од неговата работилница со експозиција што траела 8 часа. Неговиот процес го нарекол хелиографија (цртање со сонце).

3. Први фотографски процеси

- Дагеротипија

image.jpg

Ниепс соработувал со еден истражувач опседнат со проблемот на фиксирање на фотографијата, Луј Дагер. Нивната соработка била кратка и прекинала по смртта на Ниепс, а двајцата сакале да ја искористат за да го подобрат својот процес.

Дагер неколку години експериментирал неуспешно, но во 1835 година, откако ја оставил експонираната плоча на полицата на која ги чувал хемикалиите. Бил изненаден кога подоцна открил дека фотографијата се развила. Открил дека тоа се случило поради присуството на гасови од жива од скршен термометар. Иако ја развил проблемот што се уште го мачел, бил како да се фиксира фотографијата, а решението го нашол во обичната сол. Процесот го нарекол „дагеротипија“ по себеси.

Продолжил со експериментите и конечниот процес опфаќал посребрена плоча изложена на гас од јод за да се создаде слој на сребрен јодид. Плочата се експонирала во камерата, а ја развивал со гасот од живата, која се сврзувала со експонираните делови од сребрениот јодид. Сликата ја фиксирал со хипосулфит од сода, и потоа ја сушел со оган. Важен дел од процесот било покривањето со стакло, за да се заштитат хемиските елементи и да се спречи оксидацијата на среброто. Неговите слики биле позитиви.

Без сомнение ова е најуспешното огледало на природата. Токму затоа, сликарот Пол Деларош, кога првпат видел дагеротипија, изјавил: „Од денес, сликарството е мртво“.

- Калотипија

image.jpg

Истовремено со Дагер, англискиот математичар Хенри Фокс Талбот работел со камера обскура на некои цртежи и запишал дека би било одлично кога сликата што ја гледа, би останала фиксирана за хартијата.

Тој бил свесен за остеливоста на сребрените соли, но не и за процесите што паралелно биле усовршувани од Ниепс и Дагер.

Талбот експериментирал со негативи и хартија, а користел сол и разни раствори на сребро и конечно во 1835 година го создал првиот негатив. Подолг период експериментирал и го усовршувал својот процес, за конечно во 1841 година, да добие процес кој бил ефикасен како и тој на Дагер, и за само 30 секунди фотографијата била готова.

Тој користел сребрен јодид на обична хартија, покриена со слој на гало-нитрат од сребро, што потоа се развивала со загреан раствор од гало-нитрат.

Талбот ги патентирал своите откритија, но неговиот процес не ја добил популарноста на сјајните дагеротипии. Сепак, тој процес и можноста за репродукција на принтовите во иднина ќе се покаже како многу повреден за фотографијата каква што ја познаваме денес.

4. Кодак – фотографијата како хоби за обичните луѓе
image.jpg


Дагеротипијата и калотипијата, биле заменети со процесот наречен wet collodion plate кој бил претежок за обичните луѓе.

Разни истражувачи експериментирале со емулзии од желатин, заедно со кадмиум бромид и сребрен нитрат, а истражувањата довеле до dry collodion plate процесот што овозможувал фотографирање со брзини од 1/25 секунди , доволно брзо за апаратот да се држи во рака. Тоа откритие довело и до намалување на димензиите на фотоапаратите.

Веќе во 1880 година постоеле фотоапарати што можат да се држат во рака, кој го имале прекарот „детективски камери“.

Така наречената box camera била развиена заедно со развојот на целулоидниот филм со коутинг од желатинска емулзија. Паралелно се појавил и терминот snap shot, како опис за брзината со која може да се фотографира, со таа, тогаш, нова технологија.

Во 1888 година Џорџ Естман го лансирал првиот Кодак фотоапарат со пораката „Вие претиснете го копчето, ние ќе го нарпавиме останатото“ и со тоа го создале првиот Point and shoot фотоапарат или првото идиотче.

Предноста била што првиот Кодак бил ефтин фотоапрат, корисниците немале потреба самите да го развиваат филмот, а откако ќе исликале, лесно можеле да стават нов филм и да уживаат во фотографирањето.

Револуцијата на кодаковиот „Brownie“ овозможила речиси секој да биде фотограф, и за првпат фотографијата станала масовно хоби.

- Leica

image.jpg


За фотографијата е исклучително важно и појавувањето на Leica во периодот околу 1920 година. Првата Leica била дизајнирана од Оскар Барнак во периодот меѓу 1911 и 1913 година, вработен во компанијата Leitz, а во 1925 година конечно се појавил Model A – првиот фотоапарат на легендарната Leica.




5. Дигитална фотографија

image.jpg

Како и за претходната фотографска револуција, Кодак е „виновникот“ за развојот на дигиталната фотографија.

Нивниот инженер, Стивен Сасон во 1975 година го направил првиот обид за дигитален фотоапарат. Место филм, фотоапаратот користел CCD фото-сензор развиен од компанијата „Fairchild Semiconductor“.

Интересно е што камерата тежела 3,6 килограми, снимала црно бели фотографии, на касета, а фотографиите биле со резолуција од 0,01 мегапиксел. За снимање на една фотографија биле потребни 23 секунди. Сепак тој апарат не бил замислен за производство како сериски модел.

Првиот вистински дигиталец се појавил во 1991 година и повторно бил дело на Кодак, а ја носел ознаката DSC-100, кој бил базиран на телата на аналогните Nikon фотоапрати. Имал резолуција од 1,3 мегапиксели и чинел 13.000 долари.

image.jpg

Првата дигитална фотокамера наменета за сериско производство и редовна продажба се појавил во 1997 година, а првиот дигитален SLR фотоапарат развиен од еден од големите фотографски производители е Nikon D1 кој се појавил во 1999 година со резолуција од 2,74 мегапиксели и чинел 6.000 долари, а бил наменет за професионалците.


- Canon

Canon подоцна, со моделот EOS 300D претставен на 20 август 2003 година, направил уште еден клучен момент за дигиталната фотографија, бидејќи тоа е првиот дигитален SLR апарат со цена пониска од 1000 долари.

image.jpg



Ова се почетоците. Се надевам има доволно интерес на форумов за фотографија, па во наредни теми да се спомне и за основни функции на апаратот, мајстори на фотографијата, тематики и слично.
 
E

emet_

Гостин
Малкумина им веруваат на цртежите, но луѓето повеќе и веруваат на фотографијата.
Добриот фотограф секогаш знае каде треба да застане.
Секогаш постојат двајца во секоја фотографија. Едниот е фотографот, а другиот е тој што ја гледа фотографијата.

Од еден човек!
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
48.605
Мислења
997.639
Членови
36.570
Најнов член
MihaelLazarovv

ит маркет

На врв Дно