• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Исталирање на Fedora Core 8 Linux

Статус
Затворена за нови мислења.

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5.748
288
Исталирање на Fedora Core 8 Linux
Детален туторијал

Ова ми е првиот туторијал на новиот IT, се надевам дека ќе му послужи на некој.

Денеска ќе инсталираме Fedora Линукс на компјутер. Јас ќе ја инсталирам во витруелна машина оти веќе ја имам инсталирано на компјутер. Постапката е ТОТАЛНО иста и во витруелна и на самиот компјутер.

Потребни работи: Едно DVD/CD со Fedora Core 8 и малку време.

Прво што треба да направите е да го подесете BIOSот да бутира прво од CD/DVD ромот а после од другите медиуми. Откако ќе го направите тоа, едноставно ставете го Fedora CDто и рестартирајте го компјутерот. После вчитувањето на CDто ќе ви се појави овој екран:

1ypzc5.jpg


Кликаме на првата опција оти сакаме да инсталираме Fedora. Потоа почнува да се лоадира системот нешто слично на ова:

10gwhts.jpg


Времетраењето за лоадирање на системот зависи од конфигурирацијата на вашиот компјутер ама не би требало да биде предолго. Откако ќе се лоарира првото нешто што ќе не праша е дали сакаме да го провериме CDто за некоја грешка. Ова е ставено како мерка за претпазливост, ако е уништено CDто или делукно уништено ќе пријави грешка сега, отколку кога ќе се инсталира системот на пола пат да заглави и ништо не сме направиле. Еве слика од тој дел:

2gvsu0x.jpg


Јас ќе одберам да се провере за секој случај, значи кликаме ОК па TEST и почнува тестирањето:

2ailefc.jpg


Откако ќе се провери CDто ако нема никаква грешка ќе ни се појави информација дека CDто е добро и дека од него може да се инсталира:

2e66461.jpg


После кликање ОК CDто ќе се извади, ама не се грижете, тоа е ако сакате да тестирате други медиуми (CDња). Повторно го затворете CDромот (со CDто во него се разбира) и кликните CONTINUE. Сега ќе почне да го лоадира X серверот кој ќе ни даде убав GUI пред нас за полесна инсталација на Fedora.

suyosg.jpg


Кликаме NEXT и првото нешто за што ќе не праша е за одбирање на јазик за текот на инсталацијата и за одбирање на соодветниот модел на тастатура (се мисле на кој јазик и каква е распоредбата на копчињата, ако не сте сигурни тука само кликнете NEXT).

117bdc2.jpg


34ifcxl.jpg


Следно што ни доваѓа на ред е да направиме партиција на која ќе можеме да го инсталираме Линуксот и една SWAP партиција. Значи овде ќе селектираме “Create custom layer” и кликаме NEXT

1zwjmlz.jpg


Ќе ни се отвори ова:

2daizo9.jpg


Кај мене оти имам празен HDD нема никаква партиција, кај вас може да има, значи ако ви е полн хард дискот, т.е. немате празно место, со помош на алатките за едитирање скратете некоја партиција и направете две, една ќе ни е главна и ќе е со ext2 формат а другата ќе ни е SWAP партиција која служе за запишување на податоците од RAM меморијата на таа партиција во случај на недостик на RAM меморија. Сватете ја на некој начин SWAP партицијата како RAM на хард диск и пожелно големината на оваа партиција да е двапати поголема од големината на RAM меморијата што ја имате на компјутерот. После средување кај мене изгледа вака:

eanls9.jpg


Запазете на главната партиција mount point да специфицирате како “/”. Одиме NEXT.

Следен чекор е инсталирање на boot лоадер, за boot лоадери имам спомнато повеќе во еден друг туторијал, значи ако имаме Windows или друг Linux овде boot лоадерот автоматски ќе се конфигурира, а доколку не се конфигурира сам, кликаме ADD и ја местеме партицијата на која ни е инсталиран другиот OS.

5pik45.jpg



Следно доваѓа конфигурирањето на network, доколку имате директна конекција на интернет а не преку рутер или switch, т.е. ако компјутерот е директно поврзан со модемот овде кликнете NEXT.

Доколку не е кликаме EDIT, одбираме IPv4/manual и ја местеме локаната IP т.е. Ipадресата на нашиот компјутер и Netmask. Кликаме ОК, потоа го пишуваме хост имато на нашиот компјутер (Set Hostname), и ги пополнуваме информациите за Gateway, DNS1 DNS2.

65y05y.jpg


Одеме NEXT, сега треба да ја одбереме нашата времеска зона, со помош на глувчето и со опциите за Zoom најдете го Скопје и кликнете на него и ја исклучуваме таа опција “System clock uses UTC”

ms2koz.jpg


Сега е време да го наместиме root пасвордот, ставете го оној кој мислете е доволно јак и кликнете NEXT.

2mzjm1g.jpg
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5.748
288
На наредниот чекор одбираме за што ќе го користиме Линуксто, дали за домашна употреба, за Development, за веб сервер етц... Јас ќе одберам Office and Productivity, а за веб сервер ќе објаснувам во друг туторијал.

35198pu.jpg


Значи ова е крајот на нашата preinstall конфигурирација, кликаме NEXT и почнува инсталацијата.

f395wp.jpg


3vjw3.jpg


Процесот на инсталација истотака зависи од конфигурирацијата на вашиот компјутер. Јас го инсталирам на “компјутер” со 256 RAM меморија.

Откако ќе заврши инсталацијата CDто автоматски ќе се извади и ќе се појави Congratulations. Кликнете reboot за да го рестартирате компјутерот и да го bootирате новоинсталираниот OS.

ei49at.jpg


Сега ќе ни се појави другиот дела од инсталацијата, овде ќе ги средиме некои од деталите како firewall, нормален user, времето етц...

mwzjgy.jpg


Вториот чекор е за лиценцата, и информации за неа

os9004.jpg


Третиот чекор е за огнениот ѕид. Под default во табелата SSH (Secure Shell) ќе биде уклучено, но доколку го користите компјутерот како десктоп компјутер за нормални работи (Интернет, музика , слики) би ви препорачал да го исклучите. И се разбира, Firewall: Enabled. Кликаме Forward и одбираме сетинзите да се зачуваат.

106aj4m.jpg


Следен чекор е за конфигурирање на SELinux. Ова е еден вид на полиси за безбедност. Јас го оставив како што е.

ket7cw.jpg


Следен чекор е за местење на времето и датата. Доколку сакате да го превземате сегашното време од специфициран интернет сервер за време, кликнете на Network Time Protocol и подесете ги потребните барања.

2gt5btl.jpg


На следниот чекор ќе можеме да го видеме нашиот хардверски профил и сите уреди кои ги имаме приклучено на компјутерот.

9tfgud.jpg


Следниот и финалниот чекор е за креирање на нормален user преку кој ќе работете на вашиот Fedora компјутер. Доколку вашиот компјутер е дел од некој network каде што има еден централен сервер за контрола на userите на сите компјутери ќе треба да подесете Network login.

23tshhv.jpg


Кликаме Finish и ќе ни се појави Login прозорецот за да се логираме во системот.

acpj4h.jpg


124j9lk.jpg


Толку е. Со среќа со вашиот нов оперативен систем.

Поздрав, Алекс.
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4.717
220
www.foxmediahouse.com
Како кец на десетка. Утре треба да ставам Линукс а се мислев помеѓу федора и убунту ама ќе размислам. Инаку супер туторијалче
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42.984
Мислења
890.299
Членови
31.719
Огласи
222
Најнов член
Cicoblageeeeee
На врв Дно