• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Исландски тинејџер му се јавил на Буш на тајниот телефонски број

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Еден тинејџер од Исланд им задал главоболки на сигурносните служби кои се грижат за Џорџ Буш, откако успеал да му се јави на претседателот на најголемата светска сила на неговиот приватен телефон, дознава порталот "Big Head DC".

За жал, не го добил лично Буш, туку неговата автоматска секретарка на која и оставил порака претставувајќи се како претседател на Исланд кој бара итен разговор со Буш.

Тајната служба веднаш по дознавањето за овој повик ја алармирала полицијата на Исланд на која не и преостанало ништо друго освен да го посети дотичниот тинејџер и да го запраша од каде му е тајниот, приватен телефонски број на Џорџ Буш. Одговорот на ова прашање за јавноста сеуште е непознат!
:LOL::LOL:

http://www.hibalkan.com/blogs/100238
http://bigheaddc.com/2007/12/07/teen-calls-bushs-secret-number-creates-security-scare/
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
А бе го имам и јас бројот на Буш и планирав да му се јавам, ама дечкото предмене се јавил! :LOL:
 

bilokoj

Intern
1 октомври 2007
97
8
Абе ја разбрав на Буш бројо бил припејд а он не ставал пари 6 месеца и му го земале. пфффффффффф :D
А добар е тинејџеро
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Еве повеќе детали од разговорот:
Вилфил Атласон (16) успеа да ги убеди вработените во Белата куќа дека е претседател на Исланд и закажал телефонски разговор со претседателот на САД Џорџ Буш, но е откриен пред да зборува со Буш.

- Мојот повик неколку пати беше пренасочен се додека не ја добив секретарката на Буш и успеав да закажам телефонски разговор со него за понеделник навечер, истакна тинејџерот.

Тој се претставил како претседателот на Исланд Олафур Рагнар Гримсон кога на 1 декември се јавил во Белата куќа, а исландските полицајци се појавиле на неговата врата два дена подоцна на денот на планираниот разговор и го привеле заради дополнителни испитувања.

- Ми рекоа дека CIA се обратила до националниот комесар на исландската полиција и го замолиле да се обиде да дознае од каде ми е бројот, рече Атласон, кој не може да се сети каде го нашол телефонскиот број на Белата куќа. - Знам дека го имам во телефон најмалку четири години и дека ми го даде еден пријател од Исланд, ама не се сеќавам кој, додаде тинејџерот.

На конференцијата за печат во Белата куќа, претставничката за односи со јавност на Буш, Дејна Перино рече дека Атласон се јавил на јавен број „кој секој може да го заврти“.

- Што се однесува до нас, нема да има натамошна истрага, рече шефот на исландската полиција Јон Бјартмарз.
:LOL::LOL::LOL:

Извор:http://www.idividi.com.mk/zabava/Zanimlivosti/412660/index.html
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,566
Мислења
823,518
Членови
28,073
Најнов член
Death Markk
На врв Дно