1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Искуство со www.kupujemprodajem.com

Дискусија во форумот 'Останато' започната од dreamson, 24 Јануари 2016.

  1. dreamson

    dreamson
    Gaining Experience

    244
    386
    8 ноември 2009
    Дали некој има искуство со порачување од https://www.kupujemprodajem.com/index.php .

    Имам најдено некој производи кои се продаваат поевтино таму него кај нас, е сега ми треба совет која е најдобра опција за купување, односно по што да ми го прати производот што го имам најдено. Секој совет, опција или искуство би ми биле добродојдени.
     
  2. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Абе овде на пазар3/5 гледа некој да те зезне, не па од Србија кога знае дека не му можеш ништо од кога ќе му ги пратиш парите....
     
    На dreamson му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    купујем продајем е исто како нашите пазар3 и реклама5
    имам неколку работи земано од таму, плаќам на сметка или moneygram/westerunion а ми ги донесуваат преку автобус
    исто опција може ако ти е блиску врање или за поскапа работа автобус до београд(30евра повратна е)
     
    На dreamson му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    959
    1,444
    6 ноември 2007
    А што врска има дека се од Србија или Камбоџа...Тогаш Ebay и Алиекспрес нека не постојат уопште
     
    На dreamson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Ebay и Алиекспрес се со escrow сервис и тие се тие кои регулираат ако има измама па можат да се вратат парите.
     
    Последна промена: 24 Јануари 2016
  6. dreamson

    dreamson
    Gaining Experience

    244
    386
    8 ноември 2009
    Знам дека се како Пазар3 и Реклама5, но гледам имаат опција за позитивни и негативни коментари од тие што купиле, па донекаде може да се види дали продавачот е поштен или не.
     
  7. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,648
    1,443
    27 Јануари 2011
    Машко
    И на овој сајт има позитивни и негативни кометари и може да се види каков прадавач е.
    Најдобро пиши му порака на продавачот и ке се договорите. Тие праќаат по курирски служби ама во Србија само.
    А со аутобус мислам дека тоа е минато веке.
     
  8. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    На ибеј има манипулации со фидбек а не па на некој балкански огласник.
    Внимавај со вакви работи, можно е да има измами.
     
  9. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    959
    1,444
    6 ноември 2007
    Да ми се чини
    [​IMG]
    глупо е да се мисли дека ќе те заебе...
     
  10. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    зошто преку автобус минато?, што фали на таков транспорт

    земав работа од еден дечко, како што наведе jedah дечкото имаше доста позитивен рејтинг и се гледаше дека е поштен.
    пари му пуштив на moneygram, ми го прати делот по автобус го пречекав истиот ден во куманово, на шоферот 500ден за услуга

    и јас задоволен и дечкото, али пак ако на се гледаш сомнително отиди си во београд или кај и да е види си и плати си, или пак купи си од продавница на ново :)
     
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,641
    12,997
    2 Август 2012
    Машко
    Јас пак мислам дека е наивно да мислиш дека Елвир нема ниеден дислајк. Мислам, статистички е невозможно на сите да им угодиш..
     
    На Војвода и Chiller им се допаѓа ова.
  12. viksa86

    viksa86
    On your way to fame

    838
    816
    22 Април 2011
    Машко
    Многу пати сум купувал и до сега никаков проблем.
    Секогаш купувам од продавачи со добар рејтинг и кога сум во Србија.
    По брза пошта стига за 1 ден било каде во Србија освен ако е викенд :) (Балканска работа)
     
  13. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    807
    843
    24 Февруари 2008
    Јас имам позитивно искуство, купив кожен волан за колата, продавачот беше од Ваљево, воланот ми го испрати во поштата на Српска граница. Трошокот од Ваљево до поштата на граница и плус трошокот за услугата откупнина беше околу 600 динари (300 денари). Од поштата на граница го подигнав воланот со лична карта и си платив во евра откупнина + трошок за транспорт.
     
  14. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,974
    2,947
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
  15. dreamson

    dreamson
    Gaining Experience

    244
    386
    8 ноември 2009
    Каде се наоѓа таа пошта, одма до граница, какво е искуството твое, дали може да појдам со кола до македонска граница и тука да ја оставам па после пешки да преминам преку граница и пакетот да го земам од поштата што е на српка страна.
    Дали царината би ми направила некој проблем со тоа што одма ќе се вратам и тоа со пакет во раце. Дали ќе ме оцаринат, а знам дека до 350 евра вредност на роба може да се пренесе.
     
  16. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Одма на граница. Ако не преминуваш со кола, смисли како да потрошиш некој саат у Србија, па на враќање да го земеш (работно време провери си, мислам дека е од 07ч. до 20ч. секој ден и празник). До 350 евра роба смееш да пренесеш ама според убедување на цариникот дека таа роба ти била неопходна при престојот во странство. Не било која роба, прочитај поубаво на сајтот на царина. НО, често цариниците прогледуваат низ прсти. Не си ја испробувај судбината со излегување и враќање за 15 минути со пакет... Јас би си поминал со кола, би си го зел пакетот, би си одел у Врање или поблиску на убава скара, ова она, провод малце па назад.
     
    Razor-mk, xenon и на dreamson им се допаѓа ова.
  17. dreamson

    dreamson
    Gaining Experience

    244
    386
    8 ноември 2009
    И јас би пошол со кола до Србија но немам зелен картон извадено па затоа пишав така за пешки преминување преку граница, но најдобро до Врање со автобус таму да ми го прати пакетот во пошта и од таму да си го земам, ем една прошетка и скара што викаш ќе мавнам и назад.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,297
    3,702
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Провери само колку саати ќе окапеш во Врање :) Да не седиш цел ден џабе...
     
  19. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Зарем е толку исплатливо да проаѓаш низ триста лавиринти за да би земал нешто половно од Србија?
    Ај за скарата во Врање признавам :D ама за цела голгота само за некој предмет кој е користен претходно.....
     
  20. dreamson

    dreamson
    Gaining Experience

    244
    386
    8 ноември 2009
    До некади си во право, но затоа побарав информација и искуство од некој што го правел тоа. Ако не се исплати и јас нема да се замарам со одење, а не се исклучува и опцијата и по пошта да ми го прати пакетот но да видам колку ќе ме чини така.
     
  21. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,464
    2,676
    9 Февруари 2011
    Зависи, кога се работи за некој предмет кој има особена вредност, а поради тоа што Македонија во СФРЈ била задња рупа на свирали, па сеа некои работи може да се најдат само во Србија веќе не станува муабет дали е исплатливо или не, туку дали има шанса да го најдеш на било кој друг начин освен во Србија.
    За во мојов случај зборам за грамофони, звучници или појачала за кои сум контактирал/пазарел/договарал на kupujem prodajem, па после сум палел кола и сум возел до Крушевац, Белград па и Нови Сад за да си ги зеам.
    Што да праиш друго, кога кај нас ако бараш легенди као Sansui AU919 или Pioneer SX1250 нема да ги најдеш па незнам шо да е.
     
    Banjifiko, xenon и на Chiller им се допаѓа ова.
  22. dreamson

    dreamson
    Gaining Experience

    244
    386
    8 ноември 2009
    Тоа е то што ме натера баш да гледам што има на продажба во Србија, како што пиша Gaston кај нас нема некои работи да се најдат, па се бара начин како да се земат.
     
  23. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,648
    1,443
    27 Јануари 2011
    Машко
    Како што пиша @Gaston за таква опрема никако не би размислувал за праќање по пошта или курирска служба. Директно кај продавачот, проверуваш што купуваш, плаќаш и назад.
     

Сподели

Вчитување...