1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Искуство со PlayStation Classic

Дискусија во форумот 'SONY' започната од SonicMK, 25 Мај 2020.

  1. SonicMK

    SonicMK
    Intern

    17
    31
    12 Јуни 2012
    Машко
    Поздрав дечки

    Just my 2 cents и една мала сторија од моја страна :)

    Уште кога излезе SNES Classic конзолата од Nintendo бев хајпнат да ја купам.
    Како голем фан на SNES библиотеката, посебно RPG игрите (Chrono Trigger, Terranigma, Donkey Kong Country, Secrets Of Mana, Seiken Densetsu 3 итн) и пошто одамна пекав за конзола без кертриџи со HDMI порта која можам да ја поврзам на модерен ТВ, ова за мене беше идеална ствар. Има и евтини rip-offs на AliExpress но бев решен да инвестирам во квалитет.

    Таман кога решив да ја нарачам преку Амазон (во МК не беше ни продавана, ја утепав од барање локално), SONY решија да издадат своја мини верзија на PS1.
    Е тука веќе бев во двоумица.
    Додека истражував што е подобра варијанта, сватив дека PS Classic е боље опција, башка што го имаше во лимитирана количина кај нас, што ценовно беше поевтин и што хардверски е помоќен од SNES Classic.

    И двете конзоли доаѓаа со по ~20-на stock игри кои не беа ништо посебно.
    Двете конзоли користат вграден емулатор.

    Нинтендо направи добар потег што креираше целосно нов емулатор, хардверски оптимизиран специјално за својата конзола и беше далеку подобар и постабилен од оној на PS Classic.
    Поради тоа се крена фама како може на SNES Classic да се играат игри од PS1 и да работат боље него на PS Classic !



    Ова не беше знак дека PS Classic е хардверски слаб, туку дека користи многу лош емулатор, т.н. PCSX ReARMed "позајмен" од страна на Sony пошто е open source. Дечките не се ни замарале да ја оптимизираат конзолата како што треба, али брза заработка беше во прашање, а Нинтендо веќе лапна голем дел од колачот.

    Fast forward.... начекав евтин PS Classic за 1900 бона на огласи, перфектно сочуван.
    Знаев дека џабе ќе го купам ако ги оставам само оригиналните 20-на игри што одат со него на тој шугав емулатор и прашање на време ќе беше кога ќе го продадам.

    Се решив да го модувам и воопшто не жалам што го направив тоа.

    Во моментот на него имам BleemSync верзија 1.2 во склоп со RetroArch за олдскул класици (PS1, Arcades, NES, SNES, DS, Atari итн...) и вметнато над 50-на PS1 игри како и над 1000 ROMови од разни конзоли.
    Откако ги тестирав сватив дека буквално СЕ работи подобро на RetroArch, дури и PS1 игрите ги пуштам преку него.

    Има мал милион опции за подесување како резолуција, HQ филтри, Game Genie codes, башка се download-ираат ковери и artworks за истите.

    Наскоро за некој месец ќе излезе нова подобрена верзија на емулатор наречена PROJECT ERIS за PS Classic, само чекам да ја пуштат 1.0 стабилна верзија, ќе го модувам па ќе ви пренесам мислење :)

    За крај, се токмам да земам USB WiFi / Bluetooth dongle наречено 8BitDo за да можам да приклучам wireless џојстици. Оригиналните си се супер но каблите се кратки и е нешто што знае да иритира.

    Доколку начекате PS Classic и се мислите дали да купите - нема потреба од двоумење, се додека сте решени да го модувате за најдобро искуство и голема библиотека на игри.
    Одлична ствар за тепање време :)

    Доколку имате некое прашање или ви треба помош, тука сум да ви пишам.

    Неколку слики од конзолата:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Ile bocev, Dave1, moongose и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    760
    1,220
    3 Јануари 2019
    Машко
    Мене така ми дреме PS Classic-от. Не можам да се натерам да го модувам, цело време си ја одложувам таа обрска. Ова ме натера што поскоро да го средам и тоа.

    Thank you for sharing your thoughts, good sir!
     
    На SonicMK и Psycore им се допаѓа ова.
  3. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    965
    1,444
    6 ноември 2007
    Ако си сакал SNES игри требало да бркаш SNES Mini. :)
    Самиот факт што играш на официјален хардвер со автентичен изглед треба да ти дава сатисфакција. Во спротивно играње SNES игри на PS1 Mini не е ништо поразлично од играње на Андроид уред, на компјутер, или кој било друг уред за емулација.

    ИНаку како е ситуација со PS1 Mini? Функционира PGXP на тоа срањенце?
     
  4. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,618
    7,687
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Со здравје да го играш мада јас сепак би одел на Rpi 4 со мање-више истите емулатори/цел ос + бонус блутут и усб порти за вајрлес контролери.
     
  5. neW1

    neW1
    Gaining Experience

    676
    144
    10 Мај 2007
    Топ си вози ERIS, не чекај понова верзија да го пробаш, супер си цепа ретроарч и ги вклучува сите драјвери за контролери. Така ми работи фајт стикот на класикот.

    USB Wireless Adapter for PS classic edition | 8BitDo е супер во комбинација со свич про/пс4 контролер.
    Стандардните џојстици се шит и нема поента да се користат. Ако не се слагаш земи си кит и направи ги бежични 8BitDo Mod Kit for Original PlayStation Class Controlle али во секој случај ps classic е топ за ретро игри.
     
    На SonicMK му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SonicMK

    SonicMK
    Intern

    17
    31
    12 Јуни 2012
    Машко
    Имам веќе SNES оригинален со неколку кертриџи дома и тоа ми е повеќе ќеф да го чувам од што ми е мило него да го играм. Не го шиткам за ич пари :D Затоа земав PS Classic, ценовно највеќе ми се испплати.

    Мислам дека PGXP веќе може да се имплементира во понова RetroArch верзија, но сметам дека Classic не е доволно моќен да го поднесе тој ефект.
    BTW, PGXP е нешто најбољи што се десило на PS1 емулатори :)
    --- Споени мислења, 26 Мај 2020 ---
    Го чекам 1.0 поради апликацијата што ќе биде за PC, ќе може многу полесно да се додаваат игри директно на конзолата.
    Супер е што го имаш тестирано, одвај чекам да го модувам.... again.
     
  7. lumibi

    lumibi
    Intern

    123
    21
    5 Јуни 2008
    Каде ја има во Македонија PS Classic?
     
  8. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,323
    2,567
    19 Јули 2013
    Кога излезе ја имаше во Галерија, а ако не се лажам и во Анхоч. Сега по огласи.
     
Слични теми
  1. mitash
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,773
  2. Ulrezaj
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    391
  3. Psycore
    Одговори:
    86
    Прегледи:
    5,178
  4. c0mrade
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,021
  5. edin.ademovic
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,397
Вчитување...

Сподели

Вчитување...