Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Искуство со нарачка на MacBook Pro персонализирана конфигурација од iStyle MK

vladealfagv

hello world
31 јануари 2016
131
132
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
Ако на Делл Макпетрол им треба за три работи 8 месеци да испорачаат, овие за една веќе 4+ месеци немаат ни инфо до каде е :D
Замисли да им нарачав некој докинг.

Само ме занима дали у фабрика уште ги збираат штрафчињата за мојот уред, па некое се изгубило и сеа го бараат и нормално немаат инфо до каде е потрагата.

Абе доволно ми е уредот да си го добијам, што ќе прават после интерно веќе не ме занима, нивна брука и непрофесионалност е и онака.
Кажав и погоре, од премиум имаат само премиум продажни цени. Фурни леб за Премиум Вендор да бидат.

Али морам да ги пофалам за сервисот @vladealfagv, до сега немале утка :D
Еј за карактер да дискутираме можеме до утре, нема оправдување доколку имал некој лош однос!

Кога-Тогаш ќе дојде тоа до надлежните и бла бла, не ја бранам колешката но е релативно нова и нормално е да има грешки...
Го разбирам револтот, тотално си во право {и јас би се бунел} (од моментот на чекање па се до ова што ти се случило па и за вредноста на нештото.)
Конкретна информација ќе добиеш многу набрзо за статусот на пратката, ќе се заложам јас да ја донесам таа информација.

Инаку имам и јас други искуства, каде што сум побарувал хардвер и ми кажаже доколку не одговорам за ДВА ЧАСА побарувањето ќе ми биде откажано...
Морам да напоменам дека не стануваше збор за графичка, зошто сигурно повеќето од Вас одма на тоа ќе ги асоцира и ќе помислат.
Јас не одговорив за ДВА ЧАСА и следно ми кажаа дека делот ќе го чекам од 3 до 6 месеци, за на крај истиот да го достават за повеќе од 7 месеци.

Муабетов ми е, дека кој чекал дочекал (иако се зависи од оправдувањето и човечки е да се разбере) а и глобалните кризи мора да ги земеме во предвид.
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
До креаторот на темата - на твое место би се заангажирал за ова искуство да биде информиран одделот за продажба и маркетинг на Apple. Да се преиспита статусот на iStyle. Мора да се стави крај на кретенизмот, невоспитаноста, некултурата, баграта. Овој однос сум го сретнал за суми до 200 денари па дури и за тие суми не е оправдан. Каде е почитта кон купувачите? Која е таа к-ва што ја толерираат?

Не сакам и нема да си дозволам да бидам во твоја позиција, после вакви споделени искуства (благодарност до тебе што одвојуваш време да им ги отвориш очите на оние на форумов на кои сеуште им се затворени заради неинформираност или игнорантност), не би нарачал и платил ништо без детален опис на прават и обврските на двете страни од купопродажниот договор. Ти си прифатил неопределен рок на испорака што би го припишал на твоја недоволна информираност (си имал превисоки очекувања каде што си отишол да пазариш).
Следен пат следи го советот на @ARMac
 
Последна промена:

thrw

lurker
3 декември 2021
706
578
Ќе ја преркстиме темава во искуства со „istyle“ зошто не можам да најдам друга таква тема.
Добра архива ќе бидат овие мислења.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Конкретна информација ќе добиеш многу набрзо за статусот на пратката, ќе се заложам јас да ја донесам таа информација.
Ако ова е воопшто возможно, требало да биде направено многу порано од сега.
 
NecrotoX

Undead
4 март 2013
5.589
6.862
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 980 Pro 1TB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
32GB Kingston FURY Beast DDR4 @ 3200 MHz
Video card
EVGA GeForce RTX 3060 XC GAMING 12GB
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Razer Basilisk V3 | Razer Cobra
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2518D 25" + Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro
OS
Windows 11 Home
Ако ова е воопшто возможно, требало да биде направено многу порано од сега.
Добро ама мислам дека сепак треба да го испочитуваме членот што по форумџиска линија се труди колку што може да помогне, иако тој лично не добива ништо од тоа. На страна сите критики кон самата фирма.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Добро ама мислам дека сепак треба да го испочитуваме членот што по форумџиска линија се труди колку што може да помогне, иако тој лично не добива ништо од тоа. На страна сите критики кон самата фирма.
Членот е топ. За фирмата е срамота.

@vladealfagv <3
 
24 септември 2021
43
97
Еј за карактер да дискутираме можеме до утре, нема оправдување доколку имал некој лош однос!

Кога-Тогаш ќе дојде тоа до надлежните и бла бла, не ја бранам колешката но е релативно нова и нормално е да има грешки...
Го разбирам револтот, тотално си во право {и јас би се бунел} (од моментот на чекање па се до ова што ти се случило па и за вредноста на нештото.)
Конкретна информација ќе добиеш многу набрзо за статусот на пратката, ќе се заложам јас да ја донесам таа информација.
Ах бе Владе...
Стварно не сакав да навлагам во детали, ама повторно сум влечен за јазик. Пошто не сакав ни ваква тема да отварам, ама ме имате како фирма принудено.

  • Треба ли да почнам со фактот дека барав документациски да е наведен и типот на тастатура (колку и лудо да звучи) - Не го добив тоа. Ниту на документ, ниту на маил иако барав. А треба да го добијам како пишано инфо пошто веќе нудите различен тип на тастатури. Премижав.
  • Да продолжам со тоа што на крајот на дадениот рок кога и се јавив на твојата колешка, и две недели потоа - госпоѓата имаше дрско културен однос пошто ете што да ми кажела касни нема информација. Ајде преќутев.
  • Па после не знам колку време да почнеме да се расправаме по мејлови, да ми се јави за да понуди рефундација или заменски уред и за на крај да ми го прекине повикот пошто ете, имала она работа сега и дрзок сум бил. Прашајте си ја колешката да не сака приспивни песнички да и пееме кога не се рокови испочитувани ниту па имате било какво инфо за уредот.
  • Неколку пати одам во вашиот продажен салон, фино културно си прашувам други вработени, кажуваат дека немаат инфо се уште - излегувам насмеан! Јебига, не се они тие кои што ми се мене продажен агент.
  • Пишувам маил до менаџмент со колешката твоја во ЦЦ (фор д сејк оф профешналити) - Не добивам одговор!
  • Пишувам пак маил како римајнер - Колешката ничим изазвана у мејлот си враќа стандарден одговор. Да не има веќе спремен темплејт за тоа како на пасив-агресив начин да ме отпили?
  • Денеска добивам СМС порака само од линкот точно у 09:00ч, па 20минути подоцна - прочитала она искуство од други корисници па да сподели. Друже мој, колешката твоја гарантирам дека темата ниту ја имаше прочитано, а исто така многу добро знаеше од кого е отворена. Уред со M1 Max кој што некој го чека 4+ месеци, и е нарачан на 21 Јануари - мислам дека немате друг.
Тука може да разговараме и за моментот дека уредот кој што го добив како заменски и уредот кој што е порачан се небо земја разлика. Не го барам истиот ѕвер, ама барем да се потрудевте да размислите дека она што ќе го правам сега на Интел Мек нема да функционира кога ќе стигне (ако икада) M1 Max.
Буквално прашина ми фаќа па затоа и утре ќе ви го вратам.

Ако некој е нов треба да си има ворк бади за да и ги следи чекорите и да не е фрлена во оган и да ја научи на основни работи, а според она кое што јас го знам горе доле е 5 месеци во вашата организација.
Ако за 5 месеци госпоѓата научила само брзо да чита постови по форуми, нема никакви меки вештини (според она кое што го видовме со мене), ниту па да комуницира асално одредени рокови - Треба вашиот менаџмент да се запраша за што тој вработен секој месец добива плата.
Барем во асални и големи организации е така.
Сепак сте Премиум Вендор на Епл.

Чисто како предлог, за брзото читање може да си се пријави на такмичење со еден од двајцава ->
View: https://www.youtube.com/watch?v=n2QMOsbWYlA

Притоа 4+ месеци работите со моите пари, а рефундација понудивте мноооогу после истекот на искомуницираниот рок.
Навистина ќе ме терате да почнам по институции да ве бркам.
И тука ти кажувам, како што и кажав на колешката твоја - уредот го сакам, макнете ми се со таа рефундација. Не ми треба рефундација после толку време чекање, уред ми треба.
Ради вас имам реални загуби.
Барем за вакви работи лесно се докажува за пенали.
Верувајте ми не го сакам тоа.

Навистина со сето ова што го пишав немам ништо ниту против тебе ниту против твоите колеги кои што си ја бркаат професионално работата.
Баш за сите вас (поготово сервис) имам и те како големо мислење, дури и изненаден од ефикасност и професионалност.
Имам проблем со непрофесионалност. Таквата професионалност не ја поседуваат ни твојата колешка ни менаџментот кај вас.
Предложи им го ова од мене -> https://www.udemy.com/course/sales-skills-and-soft-skills-for-marketing-negotiation/
13 доларчиња се у прашање. Еве ветувам јас ќе им го купам курсот, само донесете ми го уредот.

Муабетов ми е, дека кој чекал дочекал (иако се зависи од оправдувањето и човечки е да се разбере) а и глобалните кризи мора да ги земеме во предвид.
Вака "кој чекал дочекал" можам да се согласам само за во Силбо после искачање.

Не е грешка ова, со умисла е направено. Taunt му прави на цела мака :D
Буквално!

До креаторот на темата - на твое место би се заангажирал за ова искуство да биде информиран одделот за продажба и маркетинг на Apple. Да се преиспита статусот на iStyle. Мора да се стави крај на кретенизмот, невоспитаноста, некултурата, баграта. Овој однос сум го сретнал за суми до 200 денари па дури и за тие суми не е оправдан. Каде е почитта кон купувачите? Која е таа к-ва што ја толерираат? Не сакам и нема да си дозволам да бидам во твоја позиција. Следен пат следи го советот на @ARMac
И те како ќе се заангажирам за тоа, само време да најдам.
Макар и за 30 минути од сега ми стигнал уредот.
Мислењето е автоматски споено:

Не сакам и нема да си дозволам да бидам во твоја позиција, после вакви споделени искуства (благодарност до тебе што одвојуваш време да им ги отвориш очите на оние на форумов на кои сеуште им се затворени заради неинформираност или игнорантност), не би нарачал и платил ништо без детален опис на прават и обврските на двете страни од купопродажниот договор. Ти си прифатил неопределен рок на испорака што би го припишал на твоја недоволна информираност (си имал превисоки очекувања каде што си отишол да пазариш).
Следен пат следи го советот на @ARMac
Горе доле се согласувам, но не баш.
Рок на испорака искомунициран им е овој
1654015071283.png
За мене искрено е доволно.
Сепак нели, Премиум Вендор.

Ако ова е воопшто возможно, требало да биде направено многу порано од сега.
Многу ме интересира дали сега ќе ископаат информација.
Пошто ако сега ископаат информација, а додека не пишав на форумов едноставно "не можеле подетално" - ќе биде занимљиво.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Абе каков премиум вендор? Кој тоа е премиум вендор? Овие? Па кај премиум вендор не може да има вакви подли и глупи оправдувања бе за невршење и неиспорака на платен производ.
Колку што нашава влада е премиум влада толку и они се премиум теовел еменге буте бершенге вендор, со вакво понашање.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk
 
Затоа во друга маил нишка ќе си добие менаџмент асален приговор за однесувањето и непрофесионалноста на својата вработена.
А и секоја маил адреса што јавно ја имаат комуницирано (менаџмент, веб шоп, сервис, итн...) ќе бидат у ЦЦ да си се читаат едни со други.

Притоа и до Епл поплака, па да ги ревидираат.
И пак ќе бидат у ЦЦ за да си се читаат.

Ги искористија сите разумни рокови и сите мои живци.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
gloria borger

hello world
10 мај 2018
447
841
херцажа
Многу ме интересира дали сега ќе ископаат информација.
Пошто ако сега ископаат информација, а додека не пишав на форумов едноставно "не можеле подетално" - ќе биде занимљиво.
Сега ако ископаат информација ќе биде "случајно" поклопена со темава, па ќе ти речат ете добивме инфо немаше потреба од отворање тема и дигање бука, ете требало уште малку да почекаш да не отвораш теми. И на крај ти крив ќе испаднеш. Барем ова е моја претпоставка за класично македонско сценарио.
 
Ако сакаат уште толку да ме збеснат - слободно.
Искрено го посакувам ваквиот одговор.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
alkibijad01

hello world
8 октомври 2016
365
403
Абе каков премиум вендор? Кој тоа е премиум вендор? Овие? Па кај премиум вендор не може да има вакви подли и глупи оправдувања бе за невршење и неиспорака на платен производ.
Колку што нашава влада е премиум влада толку и они се премиум теовел еменге буте бершенге вендор, со вакво понашање.

Sent from my SM-A528B using Tapatalk
Го закрпиле човекот за четири илјади долари. Четири месеци чека. Ај речи дека Македончето не е најнаивно суштество на планетава.

Sent from my moto g(9) play using Tapatalk
 
Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Горе доле се согласувам, но не баш.
Рок на испорака искомунициран им е овој
Погледнете го атачментот 113689
За мене искрено е доволно.
Сепак нели, Премиум Вендор.

Претпоставив дека си пропуштил нешто да споделиш, а не дека си неиформиран, но не сакав да зафаќам страна бидејќи ова беше непознато во ситуацијава (делот со рокот за испорака, на писмено), но после оваа информација не сум на став дека е твој пропуст. Јасно е нагласено дека испораката е 5-8 недели, ти си прифатил купопродажен договор според јавно истакнатите услови.

Не сум сигурен како си заштитен според закон, но можно е да треба да ти ги вратат парите со пенали за чекањето и застојот во работа во тие екстра 11+ недели чекање. Консултирај се со адвокат. Вака како што оди работата ми делува како да има шанса и да ти ја откажат нарачката и да те рефундираат за иста сума колку што си платил пред 19 недели, а теоретски тој компјутер би се користел за генерирање капитал така да ти имаш голема загуба (ако работиш рендер на видеа, израчунај колку % е побрз новиот од тој што го користиш и на добиените саати удри саатница колку наплаќаш.
 
Не сум баш сигурен како функционира сето тоа, ама ако се деси да ја откажат - дефинитивно ќе се консултирам.
Знам има еден член од законот за заштита на потрошувачи баш за овие работи, така да сигурно има простор.
Сеа за сеа ќе почекам за адвокат.

Вака како што оди работата ми делува како да има шанса и да ти ја откажат нарачката
Тука веќе ќе треба да даде мислење Владе @vladealfagv :D
А и искрено не би ги посоветувал тек сега да го напраат тоа, не после толку време.
Им го барам сега само уредот. Ништо повеќе у моментов.
Сепак во таков случај дефинитивно ќе почнам да тегнам конци со адвокат.

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
24 септември 2021
43
97
Од денес сум новиот маркетинг специјалист на Ајстаил.
Или барем ќе се стремам да бидам.

istyle.png

Дисклејмер: НЕ СУМ представник на Ај Стаил ДОО! Сликата е преземена од реклама на Ај Стаил ДОО и се направени измени. Ова не е официјална реклама на Ај Стаил ДОО. Измените на оваа реклама не се направени од страна на Ај Стаил ДОО. Имените на оваа реклама се направени од моја страна. Ова е само чиста заебанција!
  • Што си е сигурно - сигурно си е.
 
Последна промена:

Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
И како второ, начинот на муабетот кој го имаш презентирано не е во наш стил!
LOL

Со делов околу Аванс, се промени и се бара да се уплати целата сума поради административни обврски.
Не е поради административни обврски туку за пари, за заштита од финансиски загуби. Клиентот да губи а не фирмата, јер премиум партнер сте па наместо вие да трпите купувачот да трпи.

Побарувањата на CTO модели е премногу зголемена и многу е комплицирано да се води за секој клиент засебно, колку точно оставил Аванс и да се врзуваат сумите откако ќе стигне уредот и откако ќе се направи доплата на разликата.
Во општо не е тешко. Си постои софтвер за таа работа, си работи перфектно. На „Т“ сметка како во 16 век да водиш пак нема да е тешка таа евиденција.

Претходното искуство не натера на тоа, бидејќи претходно се бараше Аванс само 20% од сумата која изнесува уредот.
;D

Патем, ништо лично према тебе туку према фирмата која се бламира.
 
24 септември 2021
43
97
Патем, ништо лично према тебе туку према фирмата која се бламира.
Скроз! Исто и од моја страна. Се она кое што е напишано ништо према него не упатувам, туку према неговата колешна, менаџментот и фирмата.

За него само пофални зборови, пошо иако не му е тоа работа ми пиша во ПП и како што ми пиша таму а и тука во темава дека ќе се заангажира да дојде до некое инфо.
Буквално брка работа на својот неспособен колега (во случајов колешка). Ако е за утеха сите сме имале по некој таков изгледа :D

@vladealfagv Друже без разлика дали ќе успееш да добиеш некое инфо, и без разлика дали ќе го добијам уопште уредот или не - ти благодарам од се срце, и ти дужам кафе за сета мака што се објаснуваме тука и што уопште се позамара да најдеш решение, иако знам дека тоа не е твоја работа.
 
Последна промена:

lynx

poweruser
4 септември 2008
3.720
3.572
Светот се преврте наопачки, вие тука се чудите зошто од 2 месеца се пролонгирало испораката на 4 месеци. Тоа што си го имате искуството од порано за испораки и достапност моментално треба да го заборавите, и така да остане барем во следните 2-3 години, а може и повеќе.
 
vladealfagv

hello world
31 јануари 2016
131
132
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
@vladealfagv Друже без разлика дали ќе успееш да добиеш некое инфо, и без разлика дали ќе го добијам уопште уредот или не - ти благодарам од се срце, и ти дужам кафе за сета мака што се објаснуваме тука и што уопште се позамара да најдеш решение, иако знам дека тоа не е твоја работа.
Најбитно е да се најде некое решение, барем во зависност од можностите...
 
Astro

sensei
20 јуни 2012
10.149
16.235
Светот се преврте наопачки, вие тука се чудите зошто од 2 месеца се пролонгирало испораката на 4 месеци. Тоа што си го имате искуството од порано за испораки и достапност моментално треба да го заборавите, и така да остане барем во следните 2-3 години, а може и повеќе.
Па да, ама премиум нејќе да се помири со тоа дека не е веќе премиум. Тоа е веќе лажен адвертајзинг. Така се губат клиенти.
 
vladealfagv

hello world
31 јануари 2016
131
132
Гостивар
www.zagreota.com
vladealfagv's setup  
Processor & Cooler
2.3 GHz Intel Core i9
Storage
512GB SSD
RAM
16GB of 2400MHz DDR4 onboard memory
Video card
Intel UHD Graphics 630 and AMD Radeon Pro Vega 20
OS
Mac OS
За овој дел колку што добив информација, уредот е навистина процесиран.
Дополнително ќе те апдејтувам со повеќе информации како што ќе ги добивам.
Тука веќе ќе треба да даде мислење Владе @vladealfagv :D
А и искрено не би ги посоветувал тек сега да го напраат тоа, не после толку време.
Им го барам сега само уредот. Ништо повеќе у моментов.
Сепак во таков случај дефинитивно ќе почнам да тегнам конци со адвокат.
 
24 септември 2021
43
97
Светот се преврте наопачки, вие тука се чудите зошто од 2 месеца се пролонгирало испораката на 4 месеци. Тоа што си го имате искуството од порано за испораки и достапност моментално треба да го заборавите, и така да остане барем во следните 2-3 години, а може и повеќе.
Не комуницирај лажен рок на испорака, и немаме проблем.

Најбитно е да се најде некое решение, барем во зависност од можностите...
За овој дел колку што добив информација, уредот е навистина процесиран.
Дополнително ќе те апдејтувам со повеќе информации како што ќе ги добивам.
До вчера беше "се процесира", сега е "процесиран". :D
Ќе да има мала разлика у вординг, не? :D
Фала ти многу, ајде да видиме.
 
TylerMkD

poweruser
7 ноември 2014
4.764
10.096
Светот се преврте наопачки, вие тука се чудите зошто од 2 месеца се пролонгирало испораката на 4 месеци. Тоа што си го имате искуството од порано за испораки и достапност моментално треба да го заборавите, и така да остане барем во следните 2-3 години, а може и повеќе.

Значи клиентот да си искешира 4.000+ евра и да се помири дека светот е наопачки. Фирмата си ги зима парите, за нејзе се си останува стандард.
Мислењето е автоматски споено:

До вчера беше "се процесира", сега е "процесиран". :D
Ќе да има мала разлика у вординг, не? :D
Фала ти многу, ајде да видиме.
Не ги нервирај, ќе ти го достават ден после WWDC во јуни, кога Apple ќе презентира Macbook 16 со M2 Pro Max.

И ќе ти прати тогаш продажната агентка линк од тој модел, да те пецне малце...
 
Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв Дно