1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Искуство со машина за перење-сушење алишта?

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од skullmonkey, 21 Февруари 2017.

  1. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,164
    3,295
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Сакам да земам две во едно сушење-перење машина за алишта. Глеам една LG од 1000€, најскапа. Има некој искуство со ваков тип на уред?
     
    На SaleSk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. covek01

    covek01
    Intern

    28
    5
    9 Февруари 2017
    Машко
    земи си горење,сите се исти,ама горење имаат најдобар сервис во македонија
     
  3. smole

    smole
    Unstoppable

    3,267
    3,794
    18 Април 2007
    Горење ниту на најголем непријател не би му препорачал да земе. Тежок шит, 3 од 4 купени Горење уреди во последниве 2 години се сјебаа, па сервиси, па "намерно си го расипал уредот" , па чекање 3-4 недели за плоча за шпорет да стигне (дали од Словенија или Кина незнам). Многу Горење производи се мејд ин чајна, ретко ако уопште нешто сеуште се прави во Словенија.

    LG има некои со direct drive (без каиш за пренос на силата од мотор до барабан), ги фалат.

    Моооожда и Бош, ако има во МК германска производња.

    Ако го сакаш врвот - Miele (не сум имал но по тоа што сум читал по нет треба да е без утка, само што во светот даваат 10 години гаранција а кај нас само 2 мислам).
     
    На SaleSk, Krkac, Lokvan и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,352
    1,038
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Јас ја имам оваа од Горење, WD94141
    Нов модел е. За првите 6 месеци користење, се покажа доста добра.
    100% ги суши алиштата и кога е наместена за пократко/послабо сушење.
    Покрај другото, си има сензори за тежина и автоматски си го прилагодува времето за перење сушење.
    Нема потреба за чистење од влакна од сушењето, и после 6 месеци филтерот беше чист, немаше никакви отпадоци, цел отпад го исфрла во одводот.

    Избрав горење заради 5 години гаранција и нивен сервис. Сакав да ги избегнам видео дата и слични сервиси.
     
  5. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    982
    1,715
    20 Јануари 2015
    Машко
    Имам посебно машина за перење и машина за сушење.
    Еден уред со две функции е практично, меѓутоа од искуство и препорака на неколку наши пријатели зедов два различни уреда, од причина што ако е еден уред многу често се расипувал.
    Можеш ако имаш простор (во висина) да ги ставиш уредите една врз друга, машина за перење доле.За буџет од 1000 евра земаш две квалитетни машини.
    Машина за сушење ми е HOTPOINT-ARISTON, две години се користи 2-3 пати неделно и нема галје. ја земав негде 350 евра.
    Како и да е гледај машината за сушење/независно од тоа дали е две во едно или посебно да има сензор за сушење(автоматски да се гаси или да го продолжи циклусот ако алиштата не се суви).
    ЕДИТ : овој модел HOTPOINT-ARISTON RSG-925JS
     
    causevd, Lokvan и на Oktar им се допаѓа ова.
  6. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    643
    824
    25 Февруари 2016
    Машко
    MAS.ZA PER. CANDY GVW 5107 LWHC-S - 33.000 (TOP CENA)



    •Машина за перење и сушење
    •Полнење: фронтално
    •LCD touch дисплеј
    •Вртежи:1500 врт./min
    •Регулација на центрифуга
    •Капацитет:10kg
    •До 10kg перење+7kg сушење
    •Автоматски програм за перење и сушење:7+7kg
    •Perfect Rapid 59
    •Енергетска класа ААА
    •Одложен старт
    •Детектор за килограми
    •Ниво на бучава 64/82dB
    •Димензии: 85x60x60cm



    Dzengis Ibraim

    Wholesale Manager

    ______________________


    NEPTUN MAKEDONIJA DOO

    ul. Kacanicki pat br. 56

    1000 Skopje


    [​IMG]
    Барај го овој модел земен пред година ипол, презадоволни две фамилии ја опслужувавме речиси година дена, машината е ѕвер. Има супер програми. Споредено со Daewoo DWC LD 1413 ја имам и нејзе пере 9 суши 7 кг., Кандито е мерцедес.
    Се надевам помогнав.
     
  7. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    643
    824
    25 Февруари 2016
    Машко
    Горење се произведува во Кина, во погоните на Горење во Австрија, Шпанија и Словенија се произведува Сименс и АЕГ.
     
    На DrMTR и smole им се допаѓа ова.
  8. covek01

    covek01
    Intern

    28
    5
    9 Февруари 2017
    Машко
    препорачав Горење од прва рака,работев сервисер таму,број еден сервис,никаков проблем не прават,Значи машините се прават во Словенија,е сеа,има и некои поскапи пере-суши мејдин турција,бојлерите се прават у србија,а сите мали апарати како фенови правосмукалки,блендери се прават у кина само со бренд Горење.иначе горење работи во германија под друго име,исто и на рускиот пазар е со друго име.
     
  9. architect

    architect
    Unstoppable

    1,972
    2,360
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Машина што пере и суши алишта ок, но за пеглање после носиш литро зејтин у црква за да може женати да ги испегла тие алишта :)
     
    На Speedster, ilkata, FLEGMA и уште 4 други им се допаѓа ова.
  10. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    643
    824
    25 Февруари 2016
    Машко
    За алишта кои се сушат и треба да се пеглаат постои опција да излезат со одреден степен на влажност, така да ако имаш топ машина со добри програми, ова што го наведуваш нема да биде проблем. Сите овие модерни машини имаат инустриско плц вградено кое ја мониторира целата машина и еден куп сензори. На даеву машината погоре наведена сега го сменив плц-то рикна после 3 години ме чинеше промената 150 евра и 3 месеци чекање на делот. Пошто Румунците се регионални за овој дел од Европа, и се шљам од народ, 100 меила и резултат нула. Делот сервисерот го увезе од Франција и се заврши работата. Инаку Горење верувам дека е добар сервисот, и сигурно е покриен со делови, но сум имал и со нив неколку горки искувства и никогаш повеќе Горење.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,397
    3,118
    4 Септември 2008
    Горење е срање тешко бегај како од ѓавол. Во последниве пар години, машина за перење и шпорет се по неколку пати сервисирано и на крај си ибаа мамата.
     
    На Harrabed, Krkac, StOrMK и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,239
    3,631
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    +1

    6 години имам ваква две во едно, и многу ретко ја користиме за сушење, не ги вади како што треба алиштава, изгужвани се. Не многу, но сепак. Можеби појак модел би бил подобар, не знам, оваа беше околу 600 евра, Индесит.

    Најбољи што сум користел воопшто машина е Миеле, во странство на постдипломски, ама тука кога отидов до кај нив не ми се даваа 2к еура за машина за парење.

    Проблемот со ствариве бела техника е што рисејл велју им е шит, ќе лупнеш 1000 евра и ако не ти прави мерак ќе си ја чуваш.

    Испратено од Nexus 6P преку IT.mk форум апликација
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    211
    320
    12 Декември 2015
    Машко
    Ако сакаш врвен производ, само LG direct drive.
     
  14. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,516
    14 Мај 2008
    Машко
    Горење никако, од лично искуство со една од нивните машини за перење и combat experience со нивниот сервис.

    Јас би идел на Candy (лично презадоволен) ако не си при пари или Miele ако си при пари.
     
    Krkac, smole и на Oktar им се допаѓа ова.
  15. maci

    maci
    On your way to fame

    2,910
    656
    2 Април 2008
    И јас сум за опција пере суши,нсјверојатно оваа ќе биде.[​IMG]

    Има опција сушење со пареа,да нема потреба да се пегла.
     
  16. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,646
    4,135
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Gorenje и јас не би препорачал повеќе.... Нова купена машина после 1 месец користење ми пукаа 2 каиши сменети нови. Не се тоа што беа порано квалитетни.
     
    На Krkac и smole им се допаѓа ова.
  17. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,164
    3,295
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Земав LG. Скапо али добро. Кога е пик на вентрифуга е прилично гласна и вибрира али на 1400 обртаи работи.
    Коа суши воипшто не ја грее околината.
     
    На kirev и Bravo им се допаѓа ова.
  18. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гостин

    и фармерките и кошуљите како? :)

    Испратено од BTV-DL09 преку IT.mk форум апликација
     
  19. Bravo

    Bravo
    Gaining Experience

    211
    320
    12 Декември 2015
    Машко
    Одлични се! Не си згрешил.
     
  20. gego

    gego
    Gaining Experience

    254
    273
    6 Декември 2009
    Машко
    Телекомуникациски Техничар
    И #scullmonkey? Што зема? Модел?Искуство? Нешо и мене ме чеша раката да зеам машина пере/суши, иако е најдобро одделно.
     
  21. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,164
    3,295
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    На gego му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    643
    824
    25 Февруари 2016
    Машко
    Би ти ја препорачал
    CANDY GVW 596 LWC-S
    пере 9 суши 6кгр.
    или нејзиниот поголем брат ако ја најдеш
    CANDY GVW 5107 LWНC-S
    пере 10 суши 7кгр.
    Машината е змај (зборувам за поголемата), немаш представа кое чудо е, тоа рапид програмата пере за 59мин суши + 59 минути, или народски за 2 часа имаш гардероба чиста и спремна за носење.
    Сервисерот кој е овластен за неа кога ја виде, а беше да ја сервисира Даевуто што ја имам, само прокоментира штета за оваа никогаш нема да ме викаш;).
    Инаку ја купив од Нептун исто по препорака на еден од директорите таму.
     
    На Krkac и maci им се допаѓа ова.
  23. maci

    maci
    On your way to fame

    2,910
    656
    2 Април 2008

Сподели

Вчитување...