• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Искуство со FedEx

Маша

Unstoppable
24 април 2007
791
2.124
Дечки, ме интересира некое поново искуство со FedEx. Генерално преку брзите пошти, до сега имам користено само DHL.

Considering, дека Аеродромот е затоворен, сигурен сум дека нема да ми наплатат трошоци за лежарина, пошо нелио тие се плаќаат на TAV. Дали некој од вас знае колку наплаќаат за шпедитерски услуги?
Во декември, 1500 денари ми наплатиле по основ шпедитерски услуги. Манипулација-складишнина: 500
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.492
1.429
Скопје

незнам дали е нешто сменето, ама порано FedEx ако нешто беше задржано за царинска постапка (макар и да треба да однесеш папири и да те ослободат). Го предаваа на откуп на Карго (стар аеродром) пошто наводно немале нивни магацини (ко DHL што наплаќаат 1500 хаха) .. и сеа Карго ти зима 1200мкд (толку последно памтам). Со ова дури немаше ни опција да го вратиш, пошто карго по правилник ако не си го земеш ти го запленуваат (ко што памтам).
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.460
2.374
Во декември, 1500 денари ми наплатиле по основ шпедитерски услуги.

That's decent.

Карго (стар аеродром)

Претпоставувам дека не би требало да наплатат ова, затоа што моментално Аеродромот воошто неработи и сите пратки им стигаат копнено. Али па од друга страна се ненормални.

Инаку, имав платнео за достава преку USPS, ама дека не ми стигна производот продавачот на нинвни трошок го прати со FedEx овој пат. Ама добро, considering дека е појачало за слушалки, а од Ali да купев немаше да стигне, мислам дека и да платам нешто плус се исплати.
 
cipiripi

Gaining Experience
7 септември 2010
325
301
Во декември, 1500 денари ми наплатиле по основ шпедитерски услуги. Манипулација-складишнина: 500
Вкупно 1500 денари? Или 1500 + 500?

За ДХЛ знам дека е околу 1500-1600 денари вкупно, од кои околу 1050 се лежарина (фиксна е, не од денови) и околу 500 денари за манипулација од ДХЛ.

Во тоа Интиме (in time) ми се деси пратка преку УПС и ми бараа околу 1050 денари за лежарина и за нивна мака околу 1600 денари, вкупно 2700 денари отприлика.

Нормално, кај сите си иде плус ДДВ, Царина и сл. по Законот за царина.

Sent from my GM1910 using Tapatalk
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.492
1.429
Скопје
That's decent.

Претпоставувам дека не би требало да наплатат ова, затоа што моментално Аеродромот воошто неработи и сите пратки им стигаат копнено. Али па од друга страна се ненормални.

Инаку, имав платнео за достава преку USPS, ама дека не ми стигна производот продавачот на нинвни трошок го прати со FedEx овој пат. Ама добро, considering дека е појачало за слушалки, а од Ali да купев немаше да стигне, мислам дека и да платам нешто плус се исплати.
муабетот со Карго-то не беше дека стигнало преку авионски, туку дека немале нивни магацин, пошто е задржана за царински преглед. Така да може нема да е тој магацин (на аеродром) ама пак може ќе ја тупнат негде незнам :) И мене така ме почастија гратис надградба на поштарина (па ми рефундираа трошкови кога им поднесов документи што се ми наплатиле, а не подлежев на царина пример тогаш ме ослободија кога се докажав ..)
 
Баш ќе споделам искуство утре/задутре. Пратката е тргната до Софија сабајлево, така да кај и да е ќе стигне.

Инаку, и мојата пратка не подлежи на царина затоа што е под прагот за царинење. ДДВ ќе треба да платам.

Инаку фала на сите за одговорите.
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.460
2.374
У принцип, не се ни исплати сам да бркаш шпедиција со овие. Откуп на документи, лежарини и што уште не.

Знам на времето со DHL, ако се решеше сам да си бркаш работа. Можеше да заштедиш.
-----------------------------------------------------------------------

За да можете да ја царините оваа пратка имате 3 начини: (ве молам за потврда)

1. Пратката да ја царини шпедицијата на ТНТ.

2. Пратката да ја царините сами со усна декларација.

3. Пратката да ја царини друга шпедиција која што ќе ја изберете вие.

1. За да можеме увозно да ве цариниме, потребно е да испратите копија од лична карта од двете страни, заедно прилог или линк (извод од банка, конфирмација на мејл, pay pall, swift… ) каде ќе можеме да ја согледаме реалната вредност на пратката.

Нашата шпедитерска услуга изнесува 1500 денари (со вклучено ДДВ) за физичко лице, други трошоци се по основ на лежарината односно конкретно за вашата пратка изнесува 500 денари и трошоци за царина и данок. По завршувањето на постапката, вашата пратка ќе биде доставена на адреса.

Доколку пратката се царини на име на фирма или пратката се царини со вредност над 800 ЕУР цената е 3000 денари (декларација и складишнина) + царина и данок.

2. Доколку сакате вашата пратка да ја царините сами (СО УСНА ДЕКЛАРАЦИЈА) потребно е да дојдете во ЈЦС Синтек за да ги превземете документите од ТНТ. Со документите се упатувате кој Фершпед (Царинска испостава 1010). На лице место се врши пресметка на царина и данок и се плаќа директно таму. Со документот од 1010 се враќате во ТНТ каде што ви се изготвува фактура за откуп на документи 1020 денари + 500 денари лежарина.

3. Доколку сакате да ве царини друга шпедиција имате трошоци по основ на шпедитерска услуга кон шпедиција, лежарина (500 денари од 1-7 дена), откуп на документи, царина и данок.
 
Последна промена:

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.460
2.374
Веќе можам да го споделам моето искуство со FedEx Македонија.

Пртаката за која напишав пред некој ден, стигна во магацинот на FedEx во средата сабајлето. Оставив да ми се јават они, но за жал не ми се јавија. Па пред крајот на нивното работно време, решив да ги контактирам јас. Ме информираа дека пратката е тука и дека треба да иде на царинска постапка, ќе ми пишеле маил со подетални информации. Ми стигна мејлот, во повратен одговор им ја испратив комплетната документација што ја побараа.

Вчера (Четврток) го проверив тракингот, статусот беше истиот, односно дека треба да поднесам документи. Им се јавив повторно, ми убедуваа дека им немам пратено маил, па од кога сменив тон, рекоа дека всушност мојот mail им завршил во spam инбоксот. Ми дадоа потврден одговор дека царинската постапка ќе ја почнат веднаш.

Денес, повторно проверувам, статусот на пратката е истиот. Се јавувам во FedEx пак, пациентите ми викаат дека нивната колешка не успеала да ги предаде документите, па ќе ми се јавеле повторно. Според нивни проценки, најверојатно пратката ќе ми стигне во Понделник.

Сумирано, на пратката и требаше 6 дена да стигне од USA до Скопје. Утепа 3 дена во царински склад, а ќе утепа уште најмалку 3. А тоа се должи на неажурноста на тимот на ПНЛ Транслог (фирмата застапник на Федекс). Добро е што барем трошоците за лежарина им се фиксни. Ќе ми беше јасно пратката да заглави во бирократската процедура на царина...

Нема да коментирам на "скриентите" трошоци што ги додаваат, сите знаеме дека така функционираат DHL, TNT, FedEx.
 
Последна промена:

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.492
1.429
Скопје
Веќе можам да го споделам моето искуство со FedEx Македонија.

Пртаката за која напишав пред некој ден, стигна во магацинот на FedEx во средата сабајлето. Оставив да ми се јават они, но за жал не ми се јавија. Па пред крајот на нивното работно време, решив да ги контактирам јас. Ме информираа дека пратката е тука и дека треба да иде на царинска постапка, ќе ми пишеле маил со подетални информации. Ми стигна мејлот, во повратен одговор им ја испратив комплетната документација што ја побараа.

Вчера (Четврток) го проверив тракингот, статусот беше истиот, односно дека треба да поднесам документи. Им се јавив повторно, ми убедуваа дека им немам пратено маил, па од кога сменив тон, рекоа дека всушност мојот mail им завршил во spam инбоксот. Ми дадоа потврден одговор дека царинската постапка ќе ја почнат веднаш.

Денес, повторно проверувам, статусот на пратката е истиот. Се јавувам во FedEx пак, пациентите ми викаат дека нивната колешка не успеала да ги предаде документите, па ќе ми се јавеле повторно. Според нивни проценки, најверојатно пратката ќе ми стигне во Понделник.

Сумирано, на пратката и требаше 6 дена да стигне од USA до Скопје. Утепа 3 дена во царински склад, а ќе утепа уште најмалку 3. А тоа се должи на неажурноста на тимот на ПНЛ Транслог (фирмата застапник на Федекс). Добро е што барем трошоците за лежарина им се фиксни. Ќе ми беше јасно пратката да заглави во бирократската процедура на царина, но ова е комично.

Нема да коментирам на "скриентите" трошоци што ги додаваат, сите знаеме дека така функционираат DHL, TNT, FedEx.

нажалост со сите е исто .. не ги боли к*р .. значи и кога си плакаш се и сакаш да добиеш експресно овие се маткаат намерно. Исто ко ти што викаш пратка ми стига од
Јапан за 2 дена, овде цела недела наваму натаму .. значи првиот ден намерно сите не дираат до пред 17:00 (сите пратки што сум ги добил вака и различни курири). Па им даваш/носиш папири, еден ден седат така, за тек нареден ден да ги земе некој да ги процесира, па пак еден ден делеј да ги вратат до тие што треба да испорачаат и така .. значи на страна парите што ги лапаат за измислени трошкови, услугата е проблем.
Уште пример ако ги прашаш нешто да им се побуниш, одма еј незнаеме да прашаме ќе ве бараат ..
 
Лешпери се.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.492
1.429
Скопје
мора да признаам само .. ЕМС се едини што сум имал пријатно искуство од курирските. Со испорака одма нареден ден од кога стигна во Македонија, со наплата на лице место пресеметано данок/царина без тупење со измислени папирологии.
 
Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
4.879
14.838
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
Немам
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Ducky One2 SF, Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Не сетиле да го земат рецептот за арач од лоповите. :)

Не баш, ЕМС нема врска со другиве пошти, скроз друг тип на пошта е. Овие се глобални, големи играчи, буквално од секаде испорачуваа, имаат сопствена мрежа и безмалку низ цел свет можат да испорачаат за пар денови. ЕМС е дел од нашата македонска пошта и има партнерство со странски пошти кои исто имаат ЕМС. Е сега ЕМС се стварно ок, ама не се за некст деј шипинг, генерално секаде се дел од од националната пошта во државата во која оперираат и практично се подобрена обична пошта. Додека ДХЛ има своја мрежа на авиони и камиони и се останато, ЕМС користат редовни лини. Еве баш минатата недела нарачав нешто од англија, секогаш стига со ЕМС, арно ама моментално англија-македонија нема испораки со обична пошта, бидејки нема летови, нема ништо и ми ја пратија пратката со ДХЛ... и нормално трошокот ми беше 1500 денари поголем.
 
InSides

Practice makes perfect
21 февруари 2009
423
1.081
ЕМС имаат своја шпедиција + царинска испостава во пошта.

Тоа значи дека секоја пратка со вредност под 800Е оди директно на царинска пресметка, но не пресметуваат шпедитерски трошоци затоа што реално ги немаат (одат од шалтер на шалтер).

Сите други "пошти" се всушност франшизни фирми кои имаат фиксни трошоци за шпедиција, колку тоа нам да не ни се допаѓа.

Далеку од тоа дека не се скапи, но затоа се викаат "брзи" испорачувачи, и затоа функционираат и во време кога патничкиот сообраќај е во застој.

ЕДИТ: Што ми беше муабетот... секогаш е добро да се информира човек ПРЕД да направи нарачка со определена пошта. Во моето искуство, секогаш кога сум прашал за трошоци пред нарачката, службениците биле љубезни и ми пресметувале вкупен трошок врз основа на опис на пратката и вкупната вредност.
 
како имаат фиксни трошоци за шпедиција? зашто тогаш не пишува тоа на фактурата? туку има ставки ко магацин, лежарина, молба за ослободување од царина под 90 еура и сл? друго е за пратки над 800 еура.
Зашто ако одиш сам да бркаш документи ти наплаќаат исто пари само со извртени зборови?

башка тоа што функционираат е дискутабилно, пратка стига за 2 дена од бог зна каде, овде не маткаат недела дена (DHL)

на kickstarter му се смееја западно европјани на едно србинче што го опнале DHL 30 еура пред некој месец :)

Јасно дека ЕМС има предност како е поставена ама и јасно е дека овие мутат за мали пратки со нивните франшизи.

едит: свесен сум одамна што прават и како, и ги одбегавам, ама некад нема избор .. пример последно од англија ми пратија по DHL Еxpress пратка од 30 фунти (кој им знае математика), не по мој избор и на гласно нагласено на сајт дека не е експресна испорака и дека тоа се доплаќа и сл И сега по ново таа пратка има смао данок да се плати .. и DHL магично додава нова ставка за молба за ослободување од царина под 90 еура. Зашто ја на обична пошта кога им праќам фактурата под 90 еура поминува без таа молба?
 
TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.460
2.374
Далеку од тоа дека не се скапи, но затоа се викаат "брзи" испорачувачи, и затоа функционираат и во време кога патничкиот сообраќај е во застој.

Се согласувам, но самиот момент што те врткаат (и не се доволно ажурни) го фрла во вода елементот на "брза" пошта . И дефинитивно дека тоа не се должи на FedEx, туку повеќе би рекол дека се работи до нивниот застапник за Македонија. Не е проблем да ги дадеш тие 2000 денари, но веќе кога ги наплаќаат тие услуги, треба да бидат ажурни. Додатно на тоа тоа, нели и за самата достава е платен премиум (иако мене ми беше free upgrade).

Е сега, моментот што тие 2000 го убиваат budget appeal-от на продуктот кој што го купив (JDS Atom појачало за слушалки) е сосема друга тема. Но, во ситуација кога не стигаат пратки, пратката ми стигна, така да I am happy.

Моето мислење, не беше да критикувам за тие екстра трошоци што ни ги наплаќаат, туку за неажурноста на ПНЛ Транслог (застапникот на федекс). Секако дека можно е да имаат задоцнувања и да се преопторетени поради моменталнава ситуација. Но во овој случај е нивна неажурност и касно започнување на царинската постапка, со што мене ми го одолговлекува рокот на испорака.

Инаку, DHL се каде каде поажурни од FedEx, барем по искуството што сум го имал со нив.
 
VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.492
1.429
Скопје
Се согласувам, но самиот момент што те врткаат (и не се доволно ажурни) го фрла во вода елементот на "брза" пошта . И дефинитивно дека тоа не се должи на FedEx, туку повеќе би рекол дека се работи до нивниот застапник за Македонија. Не е проблем да ги дадеш тие 2000 денари, но веќе кога ги наплаќаат тие услуги, треба да бидат ажурни. Додатно на тоа тоа, нели и за самата достава е платен премиум (иако мене ми беше free upgrade).

Е сега, моментот што тие 2000 го убиваат budget appeal-от на продуктот кој што го купив (JDS Atom појачало за слушалки) е сосема друга тема. Но, во ситуација кога не стигаат пратки, пратката ми стигна, така да I am happy.

Моето мислење, не беше да критикувам за тие екстра трошоци што ни ги даваат, туку за неажурноста на ПНЛ Транслог (застапникот на федекс). Секако дека можно е да имаат задоцнувања и да се преопторетени поради моменталнава ситуација. Но во овој случај е нивна неажурност и касно започнување на царинската постапка, со што мене ми го одолговлекува рокот на испорака.

Инаку, DHL се каде каде поажурни од FedEx, барем по искуството што сум го имал со нив.
Кога како им дое .. јас недела дена се маткав за пратка што свесно ја нарачав да се испорача преку нив, што им пратив документи пред да е стигната (оклоп од 700 еура), за на крај пак мора лично полномошно (однесено пред да отворат хаха), да да утре ќе го однесат во илинден така е политика, да да еве викенд тоа е .. а од Јапан до тука стигна за 2 дена ..
 
InSides

Practice makes perfect
21 февруари 2009
423
1.081
Утрово се навратив на пораката која сум ја пишал.

Имајќи предвид дека е пишувана доцна (доцна за мене), се прашав дали можеби има некаде во неа некој тон кој укажува на бранење на брзите пошти, или, сепак, пораката е тоа што и сакав да напишам, а тоа е информативен текст околу некои практики, преку моето ограничено знаење, без заземање на став.

Целта не беше конфронтација.

Ни од далеку не сум поштенски професионалец, но да се обидам да одговорам на некои од поставените прашања (само!) преку искуствата кои сум ги имал како потрошувач.

како имаат фиксни трошоци за шпедиција? зашто тогаш не пишува тоа на фактурата? туку има ставки ко магацин, лежарина, молба за ослободување од царина под 90 еура и сл? друго е за пратки над 800 еура.

DHL, FedEx, UPS и TNT-Express (ако уште постои ова чудо, мислам дека е купено од FedEx) не се фирми кои постојат директно во Македонија, туку се претставени преку нивни претставници во линија со франшизен модел. Тоа е така, затоа што секоја држава има релативно различни регулативи на подрачјето на размена на пратки и трговија со стока. Ова првенствено се однесува на манипулативните трошоци.

Кога велам "фиксни трошоци за шпедиција" мислам на трошоци кои франшизерот (ова е глуп збор, се надевам дека е валиден) на брзата пошта ги има кон државата, и се пропишани со закони и царински уредби. За пратки под 800Е, ЕМС ги нема ниту еден од овие трошоци затоа што се, во недостаток на подобар опис, ослободени во склоп на државна субвенциона шема.

Исто така, франшизерите мораат или (1) да оддржуваат свој магацин - што чини пари, или (2) да изнајмуваат простор во магацин од типот на ЈЦС Синтек - што чини пари (еве ценовник овде), што ги објаснува ставките магацин и лежарина.

Повторно, ЕМС ги нема тие трошоци, односни им се стопени во склоп на државна субвенциона шема.

Инаку, не е друго за пратки на 800Е.

Исто е, со тоа што законот те обврзува да цариниш преку шпедиција - ако се работи за ЕМС, ќе ти ја понудат нивната шпедиција (што е ужасно ефикасна во мое искуство).

на kickstarter му се смееја западно европјани на едно србинче што го опнале DHL 30 еура пред некој месец :)

Штета. Ама нема поента да се споредува слободна царинска зона на ЕЕУ со Србија (која, нели, не е дел од ЕЕУ) - што и, до некаде, покажува дека тие западно европјани не ги разбираат благодетите кои веќе ги уживаат во склоп на концептот на слободна трговија.

и DHL магично додава нова ставка за молба за ослободување од царина под 90 еура. Зашто ја на обична пошта кога им праќам фактурата под 90 еура поминува без таа молба?

На ова немам одговор, освен да се провери со царинска уредба и да се оспори трошокот, ако не е регулиран таму.
 
Последна промена:

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.492
1.429
Скопје
Утрово се навратив на пораката која сум ја пишал.

Имајќи предвид дека е пишувана доцна (доцна за мене), се прашав дали можеби има некаде во неа некој тон кој укажува на бранење на брзите пошти, или, сепак, пораката е тоа што и сакав да напишам, а тоа е информативен текст околу некои практики, преку моето ограничено знаење, без заземање на став.

Целта не беше конфронтација.

Ни од далеку не сум поштенски професионалец, но да се обидам да одговорам на некои од поставените прашања (само!) преку искуствата кои сум ги имал како потрошувач.

DHL, FedEx, UPS и TNT-Express (ако уште постои ова чудо, мислам дека е купено од FedEx) не се фирми кои постојат директно во Македонија, туку се претставени преку нивни претставници во линија со франшизен модел. Тоа е така, затоа што секоја држава има релативно различни регулативи на подрачјето на размена на пратки и трговија со стока. Ова првенствено се однесува на манипулативните трошоци.

Кога велам "фиксни трошоци за шпедиција" мислам на трошоци кои франшизерот (ова е глуп збор, се надевам дека е валиден) на брзата пошта ги има кон државата, и се пропишани со закони и царински уредби. За пратки под 800Е, ЕМС ги нема ниту еден од овие трошоци затоа што се, во недостаток на подобар опис, ослободени во склоп на државна субвенциона шема.

Исто така, франшизерите мораат или (1) да оддржуваат свој магацин - што чини пари, или (2) да изнајмуваат простор во магацин од типот на ЈЦС Синтек - што чини пари (еве ценовник овде), што ги објаснува ставките магацин и лежарина.

Повторно, ЕМС ги нема тие трошоци, односни им се стопени во склоп на државна субвенциона шема.

Инаку, не е друго за пратки на 800Е.

Исто е, со тоа што законот те обврзува да цариниш преку шпедиција - ако се работи за ЕМС, ќе ти ја понудат нивната шпедиција (што е ужасно ефикасна во мое искуство).

Штета. Ама нема поента да се споредува слободна царинска зона на ЕЕУ со Србија (која, нели, не е дел од ЕЕУ) - што и, до некаде, покажува дека тие западно европјани не ги разбираат благодетите кои веќе ги уживаат во склоп на концептот на слободна трговија.

На ова немам одговор, освен да се провери со царинска уредба и да се оспори трошокот, ако не е регулиран таму.
јасно е се како функционираат, ама пак најголем акцент на што и TheMarshal-от еве го гаѓа (а и ја што се изјаснив) е тоа што нивото на услуга не соодвестува со тоа што треба да биде. Значи и кога плаќаме е проблем, не само зашто наплаќаат работи (дел најверојатно не оправдано како молбата за ослободување од царина под 90 еура ..). Никој не им оспорува дека си имаат трошкови, магацини и сл. Ама како работат со денови каснење за таков вид на пошта не личи пошто сами го прават тој застој, а не е некоја државна институција која ги кочи.

А најголемиот проблем (по мене) е што сите пратки се третирани како тие над 800Е кај што мора да иде со шпедиција. Поготово за пратки под 90 Еура (45 по старо). Значи секогаш се што сум нарачал со курирска пошта е декларирано до детаљ пошто друше не ни може да се прати, и сега кога ќе стигне ти треба ко корисник пак да докажуваш се тоа.

Најново од пред пола година додадоа услуга да може да се среди папирологија уште пред да тргне пратката (кога ќе се најави), да може однапред да дадеш полномошно овласутање и сл. со ова би требало да се одбегнат дел од проблемите и да се дигне ефикасност .. лично не сум пробал сеуште ова, бидејќи еве и последната пратка пред два месеци не ме исконтактираа однапред туку пак стандард одкако стигна праткат (нареден ден).
 
gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
3.159
1.950
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Да разбијам монотонија на само жалење од македонски пошти … нарачувам нешто од UK фирма на 26ти јуни, на 27ми ми праќаат мејл „Your order is being picked and packed“.

почнуваат да стигаат мејлови од FedEx:

28.06.2022
Hi. This shipment was tendered to FedEx Express on Tue 6/28/2022
Estimated delivery date Monday, 04/07/2022
(ова е 4 јули - користат /и тука и горе, а датумот во различен формат, но добро)

1.07.2022
Hi. Your package is delayed due to operational reasons. It is scheduled to arrive on Monday, 04/07/2022

3.07.2022
Hi. Your package is scheduled for delivery tomorrow.

6.07.2022
Hi. Your package is delayed due to operational reasons.

7.07.2022
Hi. Your package is delayed due to operational reasons.

8.07.2022 7:42
Hi. Your package is delayed due to operational reasons. We will provide another update by 1:00 pm local time
(ох, најс, го очекувам вашиот мејл)

12.07.2022
Hi. Your package is delayed due to operational reasons.
(хух ова е 4 дена покасно и нема нова информација)

на 19ти, конечно добивам SMS од локалниот FedEx претставник:
Pocituvani,

Ima pristignato FedEx pratka za vas. Istata e zadrzana za uvozno carinenje. Ve molime dostavete ni vasa email adresa da vi dostavime detali za ponatamosnata procedura.

So pocit,
FedEx Team
(изгледа пред 7 дена ми го изгубиле имејлот :) па сега не знаат кај да ме најдат)

На 19ти исконтактирав, им пратив тоа што ми бараат дека сум платил, фактурата и сл.
Времетраење на царинската процедура: 5-6 работни дена.
па ок, очекувам утре/задутре да стигне

BTW.
во секој мејл од FedEx, имаше и линк со TRACKING NUMBER: <тој-и-тој>. Во ниеден момент, тој линк не работеше.
1658772439993.png

сума сумарум и не е некое искуство, среќа не ми се брза, а знам дека секако ќе се радувам кога ќе ми стигне пратката :)

пс.
каснењето мислам беше предизвикано од „OPERATIONAL DELAY ROISSY CHARLES DE GAULLE CEDEX, 95“ и разбирливо ми е, штрајкуваат итн.
али нивото на комуникација на FedEx е незадоволително.
 
noc32

Gaining Experience
21 март 2016
150
93
Откако ТНТ го земаа Fedex во Македонија, ни на телефон не можеш да ги добиеш. Ниво на услуга, непостоечко.
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43.815
Мислења
910.681
Членови
32.546
Огласи
786
Најнов член
edon.dev
На врв Дно