• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Искуство со FedEx

Nikola_sr

Intern
3 септември 2007
275
10
Здраво, планирам да порачувам така повредно нешто од америка пример лаптоп мобилен нешто преку федекс преку ибеј, па ми треба искуство од ваша страна како одат цените овде кога ќе ви стигне пакетот.

Чекам информации

Благодарам
 

PilGriM

On your way to fame
18 октомври 2008
1.513
533
Skopje
Конкретно ќе ти кажам за лаптоп - си плаќаш транспорт, се пресметува по формула, колку волуменски простор завзема пакетот; си плаќаш данок од 5% на вредноста; си плаќаш за документите што ќе ти ги среди шпедитерот; и што е нешто важно: ти од тука пушташ налог да го земат пакетот од usa од некоја адреса (ова ако некој пријател веќе го има купено) - зашто така е поефтино отколку некој од таму да го пушти пакетот.
 

Nikola_sr

Intern
3 септември 2007
275
10
Па вака, ако платам се на ибеј со се шипинг...овде само данокот го плаќам така?
 

Бојан

Intern
1 декември 2009
60
6
Каква формула, каков волумен, какви бакрачи... Или плаќаш 103 денари или не плаќаш ништо. Не зборете напразно само да ги плашите луѓево да не купат ако не сте купиле нешто од eBay досега. Толку се глупи од пошта во Скопје или царинската управа не знам точно, што само ако го видат пакетот поголем, одма го отвораат и ти лупаат 73 денари (и 30 денари уплатата) да платиш за услуга затоа што го отвориле иако никој не побарал такво нешто затоа што сите потребни информации им се наведени на самиот пакет одпозади. На помалите пакети не земаат ништо а баш тука може да има нешто повредно а и тие се толку глупи што размислуваат у стилот „абе ова мало нешто, не го отвораме“ и така, никому ништо.
 

PilGriM

On your way to fame
18 октомври 2008
1.513
533
Skopje
Каква формула, каков волумен, какви бакрачи... Или плаќаш 103 денари или не плаќаш ништо. Не зборете напразно само да ги плашите луѓево да не купат ако не сте купиле нешто од eBay досега. Толку се глупи од пошта во Скопје или царинската управа не знам точно, што само ако го видат пакетот поголем, одма го отвораат и ти лупаат 73 денари (и 30 денари уплатата) да платиш за услуга затоа што го отвориле иако никој не побарал такво нешто затоа што сите потребни информации им се наведени на самиот пакет одпозади. На помалите пакети не земаат ништо а баш тука може да има нешто повредно а и тие се толку глупи што размислуваат у стилот „абе ова мало нешто, не го отвораме“ и така, никому ништо.

Дечко FedEx, која пошта жити се
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4.843
924
Ohrid
Федекс го користев секој дневно со месеци додека бев во Америка.

Се` зависи од тоа што и колкаво е. Цената оди на килажа и на масивност. Времето зависи од тоа на која локација се наоѓа најблиску производот.

Кога го порачав првиот лап топ, од NewEgg ми дојде за ден и пол, но стовариштето беше во dell во Менхетен, а јас бев на помалку од 100 км од Менхетен. Вториот пат, односно вториот порачан лап топ беше во Чикаго, па чекав повеќе од 5 дена.

Имено, исто така зависи кога имаат групна набавка, поради тоа што работите ги праќаат во контињери, па само за твоето нема да ти го пратат.

Претежно чекаат да се соберат повеќе производи во случајов Америка => Европа, па после се преуредува. ( заради тоа е впишан и рок односно датум од - до ), но тој начесто важи исклучиво во америка.

Лично, од Македонија имам порачано еден рачен саат, за кој пишуваше дека ќе дојде за 8 дена, но дојде за 17.


Доколку фирмата го има производот на лагер во некое преставништво во Европа, производот ќе стаса побрзо.

Во случајов, најдобра опција ти е да го контактираш продавачот, лично да се распраша дали и за колку време ќе стаса во Македонија.

пс. Во една прилика додека бев во Америка разговарав со вработената, и во контекст на муабетот, чисто прашав колку би било доколку производот би го пуштиме директно во Македонија во моментот, значи независно дали има други или не ( тоа спаѓа во експрес транспорт ), и одговорот беше “околу 700 долари“ :)

Во глобала тоа би било тоа. Доколку те интересира нешто друго, слободно прашај.

ппс. На лап топ плаќаш 5% данок со сигурност поради тоа што одиш преку нив.

Доколку го носиш со себе ( во мојот случаш беше таков, односно јас имав 2 лап топи ), проблематичниот дел е додека ја поминиш границата.

Но, чисто преку федекс, сумљам дека ќе успееш да ги надминеш даноците.
 

Бојан

Intern
1 декември 2009
60
6
Дечко FedEx, која пошта жити се

Сеедно, ми има стигнато еднаш и FedEx пакет така поголем и ми го донесоа на врата без никакви давачки да плаќам затоа што не смеат да го отворат бидејќи FedEx брзата пошта не е заебанција. И фала на дечкото што ми оставил негативна репутација, жал ми е што е љубоморен на моето искуство со нарачки од eBay.
 

PilGriM

On your way to fame
18 октомври 2008
1.513
533
Skopje
Аха епа јас пред 2 месеци што платив 400EUR вкупно за лаптоп од 1500EUR значи дека ме заебале?

Јас еднаш едно пакетче и такви слични ситуации не е исто со скап лаптоп со фактура и декларација
 

Бојан

Intern
1 декември 2009
60
6
Дај бе оставете потпис на крај од коментарот на репутацијата за да знам на кого да му пишам назад... Инаку дечкото не прашува за никаков лаптоп, туку за мобилен...

500 грама би требало да биде пакетот ако е мобилен
Што мислите ќе земат многу?

Не би требало од тука ништо да ти земат за тоа зошто и мојот пакет беше нешто слично а поштарината од eBay кошташе околу $100. Поздрав.
 

PilGriM

On your way to fame
18 октомври 2008
1.513
533
Skopje
3 136 545
3 137 233
3 137 044
3 133 437

јави се и прашај, ќе ти кажат точно транспорт + ако сакаш тие да ти средат шпедиција
 

HocusPocus

On your way to fame
3 јули 2007
1.026
634
Вака, со федекс не сум работел но со ДХЛ сум работел но горе доле се слични.

Доколку пакетот отиде на царинење рачунај дека минимални трошоци само за шпедиторски услуги ти се околу 3500 ден, плус данок плус царина.

Дали ке ти го царинат пакетот зависи од цариниците на аеродром како ке им фрли око. Т.е ги отвараат сите пакети да видат што е. Не ти гледаат од фактура. Барем последните 3 пакети што ми стигнаа беа отворени, и како сака цариникот така ке прави.

Ако нарачуваш повеќе ствари се исплати. Ако нарачуваш нешто ситно како телефон, биди сигурен дека доколу ја отворат ќе оди на царина. Јас нарачував телефон и ми го царинија. Така да за телефон од 10000 денари, платив 2500 ден превоз, 3500 денари шпедиторски услуги, и околу 1500 ден царина и ддв. Така да ми искочи ѓавол ипол.
 

Alex

Gaining Experience
10 август 2008
340
169
Сеедно, ми има стигнато еднаш и FedEx пакет така поголем и ми го донесоа на врата без никакви давачки да плаќам затоа што не смеат да го отворат бидејќи FedEx брзата пошта не е заебанција. И фала на дечкото што ми оставил негативна репутација, жал ми е што е љубоморен на моето искуство со нарачки од eBay.


Дечко незнам колку си информиран, но се што влезе во државата мора да биде проверено од царина и се пресметува и данок и се друго останато. И незнам што сакаше да кажеш со тоа FedEx не е заебанција но никако не ти држи место кои и да се FedEx никој не би пуштил да влезе пакет во било која држава без да биде проверен.
 

Nikola_sr

Intern
3 септември 2007
275
10
Ќе видам другата недела кога ќе стигне што како ќе биде па ќе ви споделам искуство

Благодарам на сите.
 

goKi90

Intern
9 април 2011
37
4
Мене кога требаше да ми стигне телефонот од Америка, ми се јавија од FedEx дека има пакет за мене, ме прашаа каков е телефонот и колку му е вредноста отприлика за да им кажат на царина. А тие на царина дали ги отвараат пакетите или не, незнам. Од FedEx ми земаа 2500 денари за транспорт и шпедитерски услуги плус телефонот ми го царинеа 3900. Се работи конкретно за Samsung Galaxy S II па напрај отприлика математика... Поздрав и се најдобро.
 

Nikola_sr

Intern
3 септември 2007
275
10
Здраво, штотуко го подигнав пакетот денес со плаќање 7000 денари вкупни трошкови
се работи за HTC Sensation 4G од америка преку федекс. :)
 

Goran123

Gaining Experience
25 јуни 2010
954
160
Здраво, штотуко го подигнав пакетот денес со плаќање 7000 денари вкупни трошкови
се работи за HTC Sensation 4G од америка преку федекс. :)

Може малку поопширно да елаборираш? Од каде е купен, колку пари е купен, преку што е платен (CC, PayPal), тие 7.000 за што ги плати, и слично. Знам дека дел од инфото го има погоре, но чисто да се сумираат сите работи во еден пост.

И со здравје да си го користиш :bravo:
 

Nikola_sr

Intern
3 септември 2007
275
10
Од ebay преку пејпал, 7000 ги платив за ДДВ, авионска услуга, шпедиторска услуга, и транспорт.
Се извинувам за пропуштеното инфо :)
 

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.460
2.374
Дечки, ме интересира некое поново искуство со FedEx. Генерално преку брзите пошти, до сега имам користено само DHL.

Considering, дека Аеродромот е затоворен, сигурен сум дека нема да ми наплатат трошоци за лежарина, пошо нелио тие се плаќаат на TAV. Дали некој од вас знае колку наплаќаат за шпедитерски услуги?
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.815
Мислења
910.684
Членови
32.546
Огласи
786
Најнов член
edon.dev
На врв Дно