Искуства со нарачки од Amazon?

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
Здраво.

Немам ниеднаш нарачано нешто од Amazon.com и не сум чул ниту нашол по форумов нечие искуство за направена нарачка. Ако има некоја тема за Amazon, сум ја утнал, извинете. Ми се чини дека сите нарачуваат од Aliexpress, Ebay, Computeruniverse итн, а линкови од Amazon се праќаат само како репер за цена. Доколку некој нарачувал нешто од Amazon или општо од САД, би сакал да чујам дали сè прошло во ред пред да го сефтосам сајтот.

Дилемата ми е во тоа што повеќето продавачи се од САД и воопшто не доставуваат до Македонија и не ти дава да ги нарачаш нивните производи, а чат-пат за некои производи не се појавува таа црвената порака „This item cannot be shipped to your selected delivery location", ама нема ни конкретно да пишува дека доставува до Македонија. Веројатно е глупо прашањево (чим не вика дека не може логично да може нели), ама добро би дошло барем една потврда да чујам од некој тука што нарачал, да си бидам на сигурно.


Инаку, ова е производот што го меркам. До сега најевтината можна опција за Oculus Rift S што ја имам најдено по интернет.
 

gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,829
1,400
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Освен книги, Amazon не доставуваат ништо друго до Македонија
 

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,384
1,326
Скопје
Освен книги, Amazon не доставуваат ништо друго до Македонија
било је некад .. сега испорачуваат некои селери, еве последно чивии за гитара од амазон уса земав баш
Мислењето е автоматски споено:

Освен книги, Amazon не доставуваат ништо друго до Македонија
било је некад .. сега испорачуваат некои селери, еве последно чивии за гитара од амазон уса земав ба
Здраво.

Немам ниеднаш нарачано нешто од Amazon.com и не сум чул ниту нашол по форумов нечие искуство за направена нарачка. Ако има некоја тема за Amazon, сум ја утнал, извинете. Ми се чини дека сите нарачуваат од Aliexpress, Ebay, Computeruniverse итн, а линкови од Amazon се праќаат само како репер за цена. Доколку некој нарачувал нешто од Amazon или општо од САД, би сакал да чујам дали сè прошло во ред пред да го сефтосам сајтот.

Дилемата ми е во тоа што повеќето продавачи се од САД и воопшто не доставуваат до Македонија и не ти дава да ги нарачаш нивните производи, а чат-пат за некои производи не се појавува таа црвената порака „This item cannot be shipped to your selected delivery location", ама нема ни конкретно да пишува дека доставува до Македонија. Веројатно е глупо прашањево (чим не вика дека не може логично да може нели), ама добро би дошло барем една потврда да чујам од некој тука што нарачал, да си бидам на сигурно.


Инаку, ова е производот што го меркам. До сега најевтината можна опција за Oculus Rift S што ја имам најдено по интернет.
стави си на профил адреса за испорака Македонија, и ќе ти каже ако има опција со цена, ако нема ќе си стои ко што си пишал .. тоа е нешто праќаат нешто не.
Мислењето е автоматски споено:



еве за твојот линк вика ова
Price:$399.98 + $78.38 shipping
 
Последна промена:

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
стави си на профил адреса за испорака Македонија, и ќе ти каже ако има опција со цена, ако нема ќе си стои ко што си пишал .. тоа е нешто праќаат нешто не.
Мислењето е автоматски споено:



еве за твојот линк вика ова
Price:$399.98 + $78.38 shipping

Да, така и имам направено и таа е цената. Само сакав да слушнам искуства за сигурно. Фала.
 
Последна промена:

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,384
1,326
Скопје
Да, така и имам направено и таа е цената. Само сакав слушнам искуства за сигурно. Фала.
зависи со што ќе ти пратат .. види дали има детали или ако треба прашај го продавачот. Може да ти пратат со УПС каде ќе треба да платиш екстра кога ќе стигне. Мене лично еве чивиите ми стигнаа со обична пошта преку америка. За нешто вака поскапо/покрупно најверојатно ќе ти стигне по курирска, така да имај си ги тие давачки плус во предвид.
 

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
Може да ти пратат со УПС каде ќе треба да платиш екстра кога ќе стигне

Екстра? Зар не е тоа вклучено во цената за шипинг? Кога нарачував од Thomann.de има да избереш DHL или UPS (ма да UPS е greyed out пошо со МК адреса) и си ја пишува цената за таа опција што на крај е вклучена во вкупната сума.

П.С. не ми е баш јасно што значи тоа да стигне по курирска. Пред некој ден добив поскапа/покрупна пратка преку DHL и ја подигнав од Пошта исто како и за евтини пратки освен што доплатив царина и ДДВ. Има некоја разлика ако стига преку UPS?
 
Последна промена:

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,384
1,326
Скопје
Екстра? Зар не е тоа вклучено во цената за шипинг? Кога нарачував од Thomann.de има да избереш DHL или UPS (ма да UPS е greyed out пошо со МК адреса) и си ја пишува цената за таа опција што на крај е вклучена во вкупната сума.

П.С. не ми е баш јасно што значи тоа да стигне по курирска. Пред некој ден добив поскапа/покрупна пратка преку DHL и ја подигнав од Пошта исто како и за евтини пратки освен што доплатив царина и ДДВ. Има некоја разлика ако стига преку UPS?
екстра кога ќе стигне кај нас .. пример ДХЛ Експрес, УПС, Федекс, околку 1500-2000 мкд за да ти изготвар документи/лежарини и сл. .. плус царина и данок по тарифник на царина.

DHL од германија што викаш од Thomann пример не е исто со DHL Express. Со првото овде испорака ти прави наша пошта, со второто испорака (и се пропратно) ти врши DHL служба.
 

gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,829
1,400
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
било је некад .. сега испорачуваат некои селери, еве последно чивии за гитара од амазон уса земав баш
ама тоа е уствари друг seller, не Amazon така?

ок, моја грешка значи. самите Amazon не доставуваат, ама ако е некој друг продавач на amazon.com ондак може да ти се посреќи, тоа е поентата?
 

mmarko

Gaining Experience
1 март 2013
166
112
mmarko's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-4770K
Motherboard
Asus Gryphon Z87
Storage
Samsung 840 Pro 256GB, Samsung 860 Evo 500GB
PSU
Seasonic M12II Bronze 750W
RAM
Kingston HyperX Beast 2x8GB 1600MHz
Video card
Asus Dual GTX 1060 3GB OC
Case
SilverStone TJ08-E
Mouse
Logitech MX Master 3
Keyboard
X-Bows Ranger w/ Zealios v2 67g
Audio
Sennheiser HD 6XX
Monitor
Dell UltraSharp U2518D + Dell UltraSharp U2412M
OS
Windows 10
Друга опција може да биде да нарачаш на адреса во Америка, па од таму да си го препратиш. Има такви сервиси, пр. овој го имам користено.

На пр. ова гледам го има од Amazon за $299 + free shipping во US, па после да платиш уште $60-70 за да го пратиш од таму до тука. Сметај на се тоа плус данок/царина. Обично кога ќе собереш сѐ , нема да искочи евтино, ама ако начекаш баш добра цена, може да се исплати...
 

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
екстра кога ќе стигне кај нас .. пример ДХЛ Експрес, УПС, Федекс, околку 1500-2000 мкд за да ти изготвар документи/лежарини и сл. .. плус царина и данок по тарифник на царина.

DHL од германија што викаш од Thomann пример не е исто со DHL Express. Со првото овде испорака ти прави наша пошта, со второто испорака (и се пропратно) ти врши DHL служба.

Аха. Сега ми е појасно. До сега на сите сајтови имало дали сакаш стандард шипинг или поскапата експрес опција. Овде бидејќи немаше избор мислев се подразбира дека си е standard shipping. Го контактирав продавачот па ќе видам што ќе кажат.
 

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,460
2,311
Во многу скоро време нарачав грамофонски плочи од Амазон US. Моментално има неколку проблеми со Амазон за интернацитоналните испораки:

1) Се чека многу долго да се испрати пратката.
2) Многу веројатно е да ти направат бесплатен upgrade на доставата, па наместо да ти стигне по обична пошта, ќе ти ја пратат преку UPS.

Што и не е баш некој проблем, особено ако имаш покрупна и поскапа нарачка. Но, UPS, не се нафатија да ми ја бркаат шпедицијата поради тоа што биле презафатени. Па требаше сам да појдам до стариот скопски аеродром, да чекам гужва на царина, таму да платам давачки, па да се вратам по обиколница во UPS и да ја подигнам нарачката.

Многу губење време и нерви ми испадна работава за само 2 грамофонски плочи. :)

Инаку, Амазон не доставува само книги во Македонија, туку доставува и грамофонски плочи, цединја и филмови.
 

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1,384
1,326
Скопје
ама тоа е уствари друг seller, не Amazon така?

ок, моја грешка значи. самите Amazon не доставуваат, ама ако е некој друг продавач на amazon.com ондак може да ти се посреќи, тоа е поентата?
да во мојот случај беше друг продавач на амазон како маркет плејс нели.
За амазон директ преку нив како продавачи можно е уште да важат старите рестрикции од книги и дискови .. не сум сигурен тоа
 

Gappo

Gaining Experience
20 јануари 2016
134
151
екстра кога ќе стигне кај нас .. пример ДХЛ Експрес, УПС, Федекс, околку 1500-2000 мкд за да ти изготвар документи/лежарини и сл. .. плус царина и данок по тарифник на царина.

DHL од германија што викаш од Thomann пример не е исто со DHL Express. Со првото овде испорака ти прави наша пошта, со второто испорака (и се пропратно) ти врши DHL служба.


we will ship it via Fedex or DHL. You need to pay import duty tax before delivery, which is not included in the shipping. Shipping carrier will contact you to collect the payment.

Ова е одговор од продавачот. Import tax duty се однесува на царината што ќе ја платам или нешто друго? Не се спомнуваат други трошоци. Не знам како да дознаам дали дополнителнo ќе треба да се плати за DHL/Fedex.
 

krema

Epic
24 јуни 2009
12,743
12,021
youtu.be
Не мора да дознаваш, сѐ ти е убаво објаснето, ќе те контактира курирот и ќе си платиш.
 

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1,460
2,311
Не знам како да дознаам дали дополнителнo ќе треба да се плати за DHL/Fedex.

Ќе треба. Се што е декларирано над 22 евра ќе треба да платиш дополнителни 1500 денари вкупно за лежарина, шпедиција и манипулативни трошоци. Покрај ова, треба да си го платиш ДДВ-то (ако пратката е од 22 до 90 евра), односно да платиш и царина ако пратката надминува 90 евра. Тоа е тоа.

Значи, на ниту една пратка што дошла преку Федекс, ДХЛ Експрес, УПС и слични пошти не ја пропуштиле шансата да ти ги наплатат тие 1500 денари.
 

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,118
3,567
Дилемата ми е во тоа што повеќето продавачи се од САД и воопшто не доставуваат до Македонија и не ти дава да ги нарачаш нивните производи, а чат-пат за некои производи не се појавува таа црвената порака „This item cannot be shipped to your selected delivery location", ама нема ни конкретно да пишува дека доставува до Македонија. Веројатно е глупо прашањево (чим не вика дека не може логично да може нели), ама добро би дошло барем една потврда да чујам од некој тука што нарачал, да си бидам на сигурно.
Ете ти го одговорот на прашањето, зошто кај нас малку се нарачува од амазон. Како што веќе пишаа другите, се испорачуваат само книги, дискови и такви работи. Истото се нарачува од други сајтови кои се поевтини од амазон.

Останатите производи ги испорачуваат други продавачи преку Амазон, но не сите и не сѐ. Секој од овие продавачи има различни цени и начини за испорака, а повеќето од нив не се воопшто евтини. Кога ќе се пресмета крајната цена, најчесто излегува како најскапа варијанта. Се исплати само за работи што ги нема на друго место.

Последно што нарачав од таму беа серверски мемории, пред година ипол - две. Од сајтот на амазон, но од друг продавач. Затоа што и со поштарина и останати трошоци беа далеку поевтини од сите локални понуди што ги добив, а по останатите сајтови ги немаше. Стигнаа за околу три недели, ги донесе поштар, не поминале преку царина. Пратени беа со ДХЛ до Германија, оттаму навака со редовна пошта.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,018
Мислења
870,252
Членови
30,353
Најнов член
kalyon
На врв Дно