• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Искуства со користење смарт тагови Tile, SmartTag, AirTag

  • Ја почнал/а темата
  • #1

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
804
974
Една тема за дискусија и споделување искуства за смарт тагови.

Во план ми е да земам едно, евентуално две за тест. Бидејќи ми личат дека се доста мали, едното ќе оди во новчаник и другото во ранец бидејќи често знам да го шетам лаптопот.
Е сега дали ги има кај нас и по која цена одат, или пак директно да си нарачувам од странство?

Знам имаше и тема на форумов каде што се продаваа Самсунг тагови но задоцнив и веќе беа купени :).

Тие што имате/сте користеле ако може да споделите како се со батерија, на колку време се полнат, до која дистанца работат итн.

По интернетов има разни брендови, неколку што разгледав и во топ три што видов се на Samsung, Apple, и Tile. Таговите од Samsung и Apple си се врзани за нивни телефони и не ми се допаѓа баш што е така, Tile се неутрални во тој поглед работат со било кој телефон.


 

Маша

Practice makes perfect
24 април 2007
541
1,341
Јас зедов Самсунг Таг тука од форумот кога ги раздаваа.
Демек за куфер ми беше првичната намена, ама со патувања слабо годинава, па претежно го користам како даљинско за пали/гаси светло, ако не ми се оправа со Google Home.
Батеријата уште му трае.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

G4M3R

On your way to fame
26 јуни 2012
804
974
Се мислам и јас за еден два ама некако многу пари ми се гледаат за функционалноста а имам навика точно да знам што кај ми е. Инаку локално имаш Samsung во Телеком и Apple AirTag во Анхоч, единечно и four pack.
Same, кога ги гледам скоро 50еу по таг некако се подразмислив :). Можеби на старо или подобар дил ако искочи.

Јас зедов Самсунг Таг тука од форумот кога ги раздаваа.
Демек за куфер ми беше првичната намена, ама со патувања слабо годинава, па претежно го користам како даљинско за пали/гаси светло, ако не ми се оправа со Google Home.
Батеријата уште му трае.
Интересно, значи има и други намени за што може да се искористи. Ова со батеријати ми се свиЏа, а со дистанца како е, го имаш тестирано?
 

Маша

Practice makes perfect
24 април 2007
541
1,341
Интересно, значи има и други намени за што може да се искористи. Ова со батеријати ми се свиЏа, а со дистанца како е, го имаш тестирано?
Можеш и на press и на hold да му подесиш команди: да управува со уреди, да активира сцени, да прати порака до член на група итн.

По спецификација мислам дека е 120м, а не паметам дали подалеку од пред зграда го имам тестирано. Го имам пратено да се прошета по други населби и стига нотификација кога ќе го детектира негде со помош на други галакси уреди што ќе ги сретне, демек анонимно и енкриптирано.
Инаку да, работи само со Самсунг Галакси :/

Ако те интересираат некои конкретни сценарија, ќе ги провериме ;)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,708
Мислења
862,913
Членови
30,052
Најнов член
Tomtomtom
На врв Дно