1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Искуства со интернет провајдери

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од krale, 22 Февруари 2011.

  1. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Me интересира какви ви се искуствата со интернет провајдерите, особено оние кабловските. Досега сум користел интернет од One и од T-home, но не сум имал искуство со некоја од кабловските компании, па ако има некој исксутво со кејблетел и телекабел нека сподели:

    - стабилност на врска
    - дали ја намалуваат брзината при постојано симнување

    И општи други искуства.
     
  2. silent_demon

    silent_demon
    Intern

    45
    2
    1 Јануари 2011
    Јас сум на CableTel. Имам пакет од 150GB и 8 мегабита брзина. Го користам веке година и нешто и сум многу задоволен. Досега само неколку пати има паднато и тоа во времетраење од по неколку минути.

    Иначе ја намалуваат брзината по трансфер од 150GB на 1 мегабит што е пак задоволително.
     
  3. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Фала на искуството.

    Најмногу би ме интересирале искуства на луѓе што ги користеле и Т-хоме/Оне и кабловските интернет провајдери, зашто тие најдобро ќе можат да споредат.
     
  4. krstanoski

    krstanoski
    Intern

    117
    24
    1 Декември 2010
    Машко
    студент
    Го користам Т-хоме веке 2 години пакетот Call and Surf Optic Start so 30gb и бризано do 20mb во секунда и можам да речам дека сум презадоволен во месецот може да се случи да падне 1-3 пати
    во времетраење од 30 секунди
    Интернетов од Т-хоме е ЗАКОН:bravo::bravo:
     
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,464
    7,452
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Исто и јас само имам Call and Surf Optic 40. Освен ептен на почетокот кога го пуштија што имаше мали проблеми со VoIP-от (што брзо се среди) немам никакви други замерки. Брзината е на место, ниска латенција итн. Паѓа само кога мења ИП адреса нормално, ама и тоа се контролира многу лесно пошто terminal боксот има 4 порти.

    Најубаво од се е што и да го прекорачиш лимитот те ограничуваат на 1 мегабит.:bravo:
     
  6. B^nDIT

    B^nDIT
    Gaining Experience

    1,124
    311
    6 Февруари 2010
    Машко
    И јас сум задоволен од Т. Го добиваш сосема тоа што го плаќаш. Сега да , малку поскапо е одошто треба , но има сигурност и поддршка.

    Ако не сакаш нервирање а можеш да им ги плаќаш сметките , земи си пакет. Но ако си download junkie и ти треба нешто повеќе види Telekabel/Cabletel бидејќи имаат поисплатливи пакети.

    Освен ако немаш оптика , тоа ти е па нај-избор.
     
  7. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,519
    14 Мај 2008
    Машко
    Сум бил на сите провајдери освен Офнет.

    Cabletel - неколку месеци, солиден и евтин, но брзината варира и пингот е ужас. Даваат нет според MAC адреса и многу го дрват курот кога ќе им се јавиш да им кажеш нова.

    Лелекабел - скоро 3 години, првите 2 години беше џам, третата општ ужас, брзината не идеше над 100кб/с, пингот не паѓаше под 1000ка. Интересно е тоа што насабајле интернетот е топ, а како си поминува денот станува се полош и полош. Тоа значи дека имаат заситен линк, и се премногу алчни за да дадат пари за нов.

    T-Home - година ипол, апсолутно најдобар интернет во Македонија, константна брзина и константен пинг под 80ms. Ми дадоа и гратис рутер. Не планирам да го менувам нетот во скоро време.


    Да напоменам само дека на сите провајдери на кои што сум бил, секогаш сум ги користел исклучиво најјаките интернет пакети, значи не сум користел цигански интернет каде што брзината ми се намалувала нити сум бил ограничен со трансфер.
     
  8. CHIMPANZEE

    CHIMPANZEE
    Gaining Experience

    361
    111
    23 Февруари 2011
    Машко
    Еве и јас да се вклучам во муабетов..Имам искуство со сите нет провајдери,засега имам Он.нет 80 гигабајти и планирам да го мењам за една година,уште колку што трае договорот..Еве вака :

    *Он.нет
    -одлична константа брзина,презадоволен од тоа и од работењето,се има случено да падне само 5 пати во рок од 2 години
    -пинг ужаш,имам проблем со тоа и константни нервози

    *ТелеКабел
    -брзина ужас,значи убава брзина можеш да имаш само во 5 саат сабајле,иначе ако сакаш нешто да спуштиш од 7 саат попладне до 12 навечер никако :D
    -50 гигабајти за 500 денари што е солидна цена...
    -пинг како пинг солиден

    *КејблТел
    -речиси ист филм како телекабел,само што овде кога ќе ти снема кабловска немаш ни нет,често паѓање итн.
    -добри цени и солиден трансфер
    -солиден пинг

    *Т-Хоме
    -пинг одличен
    -најмал трансфер од сите провајдери(од први Март се зголемуваат на 30/60/250)
    -одлична брзина(можност и за оптички интернет кој е инзвонредно брз)

    По мој заклучок би дошле вака подредени:
    1.Т-Хоме
    2.Он.нет
    3.КејблТел
    4.ТелеКабел
     
  9. Happy

    Happy
    On your way to fame

    1,200
    504
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Мое искуство:

    Т-Хоме неприкословени ѕверови се ако им направиш проблеми татко ми пред едно 6 месеци го изнервираа нешто им се искурчи таму па до февруари годинава имав нет 6Mib и 10гига download мегутоа мислам дека не беа 10 него unilimited :) незнам што беше фрката се истурав од спуштање и седење на јутуб не бре брате абер нема од намалување брзина и слично. Еве месецов нешто изгледа се смени сето тоа па на 9ти снемав лимит XD. On-net користев порано вршеше работа а кабелски нема теорија да ставам пошто на диво користам кабелска :)
     
  10. pipelin

    pipelin
    On your way to fame

    1,262
    860
    8 Мај 2010
    Машко
    Според моја гледна точка повеќето, во ред со исклучок на некој процент, ама гледам дека сите се префрлуваат на најевтината варијанта а тоа е кабелските оператори кои нудат доста многу сообраќај и солидна брзина. Да макс е добар секако но цените се малце надуени кои најчесто ретко кој може да си дозволи онака добар убав пакет. Најчесто макс избираат оние кои не се интернет зависници, и тука има исклучоци.
    Еве пример: Корисник сум на кабелски интернет од локален кабелски оператор, и мојот пријател комшија е корисник на истиот. И двајцата сме задоволни поради тоа што во нашето маало само неколку користиме интернет од кабелскиот оператор, останатите се стари корисници на телеком кој имаат броеви уште од многу одамна. И поради тоа немаме никакви проблеми.

    Кај телекабел знам дека сакаат со една цевка цело скопје да го снабдат со вода. Затоа најчесто интернетот е многу слаб во попладневните часови.

    Кај кејблтел не е така но и кај нив се случува да има падови на брзината, но сепак има задоволни, за разлика од телекабел.

    За он.нет незнам, последен пат од нив интернет имав кога уште постоеше wadsl со максимална брзина од 512kbps како што знам :)

    Овој текст е мое мислење, можеби некој не би се сложил но тоа е тоа.
     
  11. Supporter

    Supporter
    Gaining Experience

    850
    141
    31 Август 2008
    Т-Хоме според мене е најдобар интернет провајдер. Солидна брзина за download и upload, нема пинг за играње онлајн, итн:bravo:. Речиси сите мои другари се на Т-Хоме и сите се пофалат од интернетот. :)
    Јас сум на Он.Нет и се е супер освен брзината. Имам 80 гб месечен лимит, но и после надминат лимит брзината е иста. Интернетот ретко се случува да паѓа. Единствен проблем е брзината 1мб/с.
     

Сподели

Вчитување...