Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Iphone se 3 2022 - за и против?

Borsa

On your way to fame
10 октомври 2011
1.172
899
Скопје
Borsa's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 AM4
Motherboard
B450M-HDV R4.0
Storage
500MB HDD + 256GB M.2 SSD
PSU
Cooler master GX 550W
RAM
16GB DDR 4 3200Мhz
Video card
Radeon RX580 4GB
Case
XIGMATEK
Mouse
SteelSeries Rival 600
Keyboard
AULA ASSAULT
Audio
SPEAKER DLS 2115
Monitor
Benq GW2470
OS
Windows 10
Ништо посебно од телефон. Дизајн заглавен од 2014 та!. Иначе треба да да стигне негде април месец.
 
TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.472
9.489

Дизајн и цена за премиум телефон од 2014-та, само во 2022. Тим Кук конечно си ја оствари мисија која ја почна со црвените ексклузивни бои за +100 долари кај iPhone 7 (мислам). Сега SE 3 е некоја ниска/средна класа, а чини колку премиум на времето.
 
dim29

29
14 ноември 2020
159
213

Па и то е целата приказна за овој телефон е то шо го добиваш најновиот чипсет (тој од ајфон 13) во старичок дизајн и пониска цена. И сериозно напиша: „Ништо посебно од телефон, стар дизајн“.

Отсекогаш беше добар во составување на реченици шо на прв поглед изгледаат логично :)

И честито @Miki98, прва добра тема шо си ја отворил, намерно или не.
 
Таа прикаска држеше вода кога iPhone X дизајнот се споредуваше со iPhone 7 дизајнот, генерациски беа 2+ (според зборовите на Apple).
Во 2022-ра, iPhone 7 дизајнот е веќе 6 години стар, а под дизајн мислам на:
  • Екран со резолуција, технологија, бои и контрасти
  • Предна камера (мислам не е мрдната кај SE 3)
  • Home копче (кое нема подобрувања)
Фактички плаќаш исто, а добиваш помалце. SE3 требаше да биде revamp во дизајн/екран, но видоа дека купувачите не се „ценкаат“ за него, па си го направија iPhone 13 Mini.
Мислењето е автоматски споено:

Ова не ти го разбирам, еве образложи ако не се согласуваш...
 
1. Дизајнот на СЕ е идентичен со ајфон 8, не ајфон 7, не рачунај кога е изваден 7ката.
2. Баш целта на овај телефон е дизајнот да биди стариот со нов чипсет, има „публика“ шо си го сака тој дизајн и тука не се расправаме.
3. „Фактички плаќаш исто“, исто во споредба со? Пошто нема друг ајфон за таа цена.
исто и „добиваш помалце“, помалце во однос на? Пошто ете најновиот СЕ има 5г, понов чипсет, можност за апдејти подолго време, камерата на СЕ (2020) колку шо сум гледал е подобра од ајфон 8 (за 3ката не знам дали ја подобрија, чим не го ставија во презентација како предност, значи не е), па и подобра батерија.

4. Екранот на ајфон Х и до ден денес е ист (дизајн). Така да понов дизајн на СЕ модел би очекувале во иднина кога денешниот дизајн би бил „застарен“. тоа е и целта на тој модел.
 
ifobt

Gaining Experience
26 март 2015
109
136
Дизајн и цена за премиум телефон од 2014-та, само во 2022. Тим Кук конечно си ја оствари мисија која ја почна со црвените ексклузивни бои за +100 долари кај iPhone 7 (мислам). Сега SE 3 е некоја ниска/средна класа, а чини колку премиум на времето.
Пред година и пол сменав Галакси С8(шо го купив нов кога излезе) со Ајфон се2(прв ајфон после 10 год Андроид). Доколку не ти требаат сите фенси работи во новите телефони и пренапумпани цени и сакаш едноставност, добра камера, редовни апдејти, SE ти е најдобар избор. Дизајнот според мене му е величенствен, функционален и не се споредва ниту со еден дизајн од новиве телефони. Мака видов на почетокот дури окото се навикни на помал екран(и полоша резолуција :ROFLMAO:), ама па сега немом да замислам да земам поголем телефон.
 
TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.472
9.489
1. Дизајнот на СЕ е идентичен со ајфон 8, не ајфон 7, не рачунај кога е изваден 7ката.
2. Баш целта на овај телефон е дизајнот да биди стариот со нов чипсет, има „публика“ шо си го сака тој дизајн и тука не се расправаме.
3. „Фактички плаќаш исто“, исто во споредба со? Пошто нема друг ајфон за таа цена.
исто и „добиваш помалце“, помалце во однос на? Пошто ете најновиот СЕ има 5г, понов чипсет, можност за апдејти подолго време, камерата на СЕ (2020) колку шо сум гледал е подобра од ајфон 8 (за 3ката не знам дали ја подобрија, чим не го ставија во презентација како предност, значи не е), па и подобра батерија.

4. Екранот на ајфон Х и до ден денес е ист (дизајн). Така да понов дизајн на СЕ модел би очекувале во иднина кога денешниот дизајн би бил „застарен“. тоа е и целта на тој модел.

Еве ќе ти објаснам најсликовито што можам - со сегашниот развој на технологијата, iPhone SE 3 треба да биде помала верзија (дизајнерски) на iPhone XR, односно да си добие екран со Notch (IPS LCD).
Инаку под „плаќаш исто“ го споредувам со претходникот, кој мислам и за нијанса поевтин беше. Споредено со тоа кога ќе сфатиш дека 7мицата (и осмицата) на времето имала top-notch дизајн + спецификации за некои приближни цени, треба да ти биде јасно дека Епл го прави ова само зашто им проаѓа.
Мислењето е автоматски споено:

Доколку не ти требаат сите фенси работи во новите телефони и пренапумпани цени и сакаш едноставност, добра камера, редовни апдејти, SE ти е најдобар избор.

За ова се слагам, но да не заборавиме дека токму APPLE се тие што ги напумпаа цениве, а другиве бескичмењаци немаа избор и мораа да ги следат. Со iPhone X во 1.000+ долари ценовен ранг, на времето се оправдуваше како огромен скок и трошок за да ги имаш тие технологии.
Четири години подоцна, тие технологии останаа исти со инкрементални подобрувања, ги гледаме и кај буџет телефончиња со Андроид, но цената остана екстремно висока.

Сега фрлија „буџет“ телефон со SE моделов, кој доооолго време пробуваа да го направат (му текнува на некој на iPhone 5C), само немаа оправдување како тоа да биде. Наместо корисниците да се запрашаат зашто top-line ајфоните останаа иста висока цена со години без револуционерни апгрејди, тие се среќни што имаат буџет ајфон кој чини колку премиум моделите пред 5 години.

Само да ти кажам искрено не ми е чудно. Такви генерации станавме да прифаќаме што ни се сервира, затоа Епл сега со најмалку иновации стана највредната компанија - едноставно престанавме да бараме повеќе и да имаме некаков критериум. Не само во технологијава, еве и во гејмингов да навлезам се истите срања кои чинат 5 пати поскапо, а се 10 пати полоши.
 
Последна промена:

dim29

29
14 ноември 2020
159
213
Еве ќе ти објаснам најсликовито што можам - со сегашниот развој на технологијата, iPhone SE 3 треба да биде помала верзија (дизајнерски) на iPhone XR, односно да си добие екран со Notch.
Инаку под „плаќаш исто“ го споредувам со претходникот, кој мислам и за нијанса поевтин беше. Споредено со тоа кога ќе сфатиш дека 7мицата (и осмицата) на времето имала top-notch дизајн + спецификации за некои приближни цени, треба да ти биде јасно дека Епл го прави ова само зашто им проаѓа.
Мислењето е автоматски споено:

За ова се слагам, но да не заборавиме дека токму APPLE се тие што ги напумпаа цениве, а другиве бескичмењаци немаа избор и мораа да ги следат. Со iPhone X во 1.000+ долари ценовен ранг, на времето се оправдуваше како огромен скок и трошок за да ги имаш тие технологии.
Четири години подоцна, тие технологии останаа исти со инкрементални подобрувања, ги гледаме и кај буџет телефончиња со Андроид, но цената остана екстремно висока.

Сега фрлија „буџет“ телефон со SE моделов, кој доооолго време пробуваа да го направат (му текнува на некој на iPhone 5C), само немаа оправдување како тоа да биде. Наместо корисниците да се запрашаат зашто top-line ајфоните останаа иста висока цена со години без револуционерни апгрејди, тие се среќни што имаат буџет ајфон кој чини колку премиум моделите пред 5 години.

Само да ти кажам искрено не ми е чудно. Такви генерации станавме да прифаќаме што ни се сервира, затоа Епл сега со најмалку иновации стана највредната компанија - едноставно престанавме да бараме повеќе и да имаме некаков критериум. Не само во технологијава, еве и во гејмингов да навлезам се истите срања кои чинат 5 пати поскапо, а се 10 пати полоши.

Нормално ќе го прави се дур му проаѓа. Тоа е моделот, таа е цената, баш тоа шо го оспоруваш му е и намената, сакаш купи го, сакаш не.
Одлично е да го направат помала верзија од XR, но би била многу мала разликата со ајфон 13 мини (камера).
 
zemakius

Gaining Experience
17 октомври 2020
85
62
Ако ти се допаѓаат малечки екрани, телефонот е супер избор. Многу брз телефон.

Edit: реално на толку мал екран, малата резолуција не се заприметува.
 
ifobt

Gaining Experience
26 март 2015
109
136
За ова се слагам, но да не заборавиме дека токму APPLE се тие што ги напумпаа цениве, а другиве бескичмењаци немаа избор и мораа да ги следат. Со iPhone X во 1.000+ долари ценовен ранг, на времето се оправдуваше како огромен скок и трошок за да ги имаш тие технологии.
Четири години подоцна, тие технологии останаа исти со инкрементални подобрувања, ги гледаме и кај буџет телефончиња со Андроид, но цената остана екстремно висока.

Сега фрлија „буџет“ телефон со SE моделов, кој доооолго време пробуваа да го направат (му текнува на некој на iPhone 5C), само немаа оправдување како тоа да биде. Наместо корисниците да се запрашаат зашто top-line ајфоните останаа иста висока цена со години без револуционерни апгрејди, тие се среќни што имаат буџет ајфон кој чини колку премиум моделите пред 5 години.

Само да ти кажам искрено не ми е чудно. Такви генерации станавме да прифаќаме што ни се сервира, затоа Епл сега со најмалку иновации стана највредната компанија - едноставно престанавме да бараме повеќе и да имаме некаков критериум. Не само во технологијава, еве и во гејмингов да навлезам се истите срања кои чинат 5 пати поскапо, а се 10 пати полоши.
Се сложвам, изгледа сите чекаа ЕПЛ да го почни тој тренд со над 1000 долари телефон за другите полесно да пратат.
 
TylerMkD

Guru
7 ноември 2014
4.472
9.489
Нормално ќе го прави се дур му проаѓа. Тоа е моделот, таа е цената, баш тоа шо го оспоруваш му е и намената, сакаш купи го, сакаш не.
Одлично е да го направат помала верзија од XR, но би била многу мала разликата со ајфон 13 мини (камера).
Епа за што дебатираме тогаш не те разбирам?

Не ми треба да ми објаснуваш дека можам да го купам или не, ние на форум дискутираме дали телефонот е достоен да биде наследник или треба да добиеме нешто повеќе. Точно, iPhone 13 Mini и SE треба да се всушност 1 уред кој ќе биде 450 долари. Сегашната цена од 419 на SE е превисока, претходниот ако не се лажам официјално беше 350 долари што е генерално ок ценовен ранг за таков телефон (кога се појави, а не 2 години подоцна).
 
СЕ 2020 беше 400 долари (30 долари пониска од овој новиот), со тоа што имаш подобра батерија, 5г, понов чип, апдејти и нијанси во камера.

СЕ 2020 остана иста цена како и на почеток не се намали ни малку, со тоа шо не го употребвај зборот наследник, ова е повеќе апдејт. Така да ако некој планирал да купи СЕ 2020та, сега можи да купи подобар за слична цена.

И понатаму упорно оспоруваш дизајн, а баш дизајнот е тоа шо го прави овај телефон „буџет“. Ако не, нека извадат ајфон 13 СЕ и да е ист ко ајфон 13 ама за 450 долари.
 
Ама пак во круг се вртиме. Од каде тоа излезе сега дека имаме апдејти, а не наследници? Буџет од 400 евра бил во 2020-та, кога тој подобар дизајн со Notch OLED беше сеуште нешто поново. 4 години пројдоа од тој дизајн, а 6 години од овој дизајн на буџет ајфонов.

Јас не викам дека корисник не се привикнува, ете @ifobt сам кажа дека му било се премало и после се навикнал. Прашањето е зашто да се привикнуваш? Зашто да не стават барем FullHD екран или да има некаков напредок од аспект на екранот?
Екранот е нешто кое го користиш 100% додека си на телефонот, додека чипсет, камера и особено 5Г е нешто кое би рекле дека и на стариот е доволно добро.

Мене ми е јасно зашто е тоа така:
  • iPhone 12 Pro стагнираше кај екранот
  • iPhone 13 Pro воведе 120 херци година прекасно
  • iPhone 13 мораше да се разликува од 13 про и немаше 120 херци
  • iPhone SE ако добиеше notch дизајн ќе беше преблиску до 13 Mini
Пак ќе кажам, не мора да ми го објаснуваш ова - јасно ми е. Само ми е чудно што го оправдувате како корисници. Последна ваква глупост беше со MacBook Air до 2017, каде што продаваа дизајн стар 9 години, екран со 1440x900 резолуција (Non-IPS) за иста цена како кога излегол (1.000+ евра).
 
xbl9k

Gaining Experience
10 декември 2017
131
188
Јас па никогаш не сум ги сакал дизајните без home button од apple, не знам никогаш не се навикнав да ги користам а и не сум се позамарал. Знам која е разликата во дисплеите и слично но мене премногу ми се допаѓа дизајнот со home button. Моментално користам 8плус, и ми се чини дека не би можел да се вратам на помала големина дисплеј. Ама сепак добро е што го задржуваат дизајнот според мене, пошто има луѓе (на пример јас) што сака да си земе нов телефон со најнови апдејтс и што ќе ги задоволува потребите неколку години (не ми е потребна фенси камера или слично) за поефтина цена во споредба со iphone 13 моментално.
 
dim29

29
14 ноември 2020
159
213
Ама пак во круг се вртиме. Од каде тоа излезе сега дека имаме апдејти, а не наследници? Буџет од 400 евра бил во 2020-та, кога тој подобар дизајн со Notch OLED беше сеуште нешто поново. 4 години пројдоа од тој дизајн, а 6 години од овој дизајн на буџет ајфонов.

Јас не викам дека корисник не се привикнува, ете @ifobt сам кажа дека му било се премало и после се навикнал. Прашањето е зашто да се привикнуваш? Зашто да не стават барем FullHD екран или да има некаков напредок од аспект на екранот?
Екранот е нешто кое го користиш 100% додека си на телефонот, додека чипсет, камера и особено 5Г е нешто кое би рекле дека и на стариот е доволно добро.

Мене ми е јасно зашто е тоа така:
  • iPhone 12 Pro стагнираше кај екранот
  • iPhone 13 Pro воведе 120 херци година прекасно
  • iPhone 13 мораше да се разликува од 13 про и немаше 120 херци
  • iPhone SE ако добиеше notch дизајн ќе беше преблиску до 13 Mini
Пак ќе кажам, не мора да ми го објаснуваш ова - јасно ми е. Само ми е чудно што го оправдувате како корисници. Последна ваква глупост беше со MacBook Air до 2017, каде што продаваа дизајн стар 9 години, екран со 1440x900 резолуција (Non-IPS) за иста цена како кога излегол (1.000+ евра).

Целата моја поента беше баш дека постојат корисници спротивно од @ifobt - Корисници шо го сакаат копчето, и им се допаѓаат тие модели. И не сакаат да се привикнуваат на поновите.

Бтв. тоа дека може подобар екран но склопен во истиот дизајн, итн... никој не ти го оспорува, секогаш можи, иако ко шо кажа членот погоре, не ни пречи таа резулација на таа димензија. Ионака после ова нема да има некој апдејт или шо би рекол ти наследник од СЕ верзијата барем 4-5 години, сега им беше најмногу за 5г итн... Работи шо требаше да ги има уште во 2020.
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.606
13.126
Другари, нема ништо лошо да се дискутира на оваа тема. Но нема потреба да биде и жолчна расправа. За тоа дали е добар дизајн или не, нека му ја мисли Епл. Наше е дали ќе купиме или не. Добро е што имаме избор.
 
Borsa

On your way to fame
10 октомври 2011
1.172
899
Скопје
Borsa's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 AM4
Motherboard
B450M-HDV R4.0
Storage
500MB HDD + 256GB M.2 SSD
PSU
Cooler master GX 550W
RAM
16GB DDR 4 3200Мhz
Video card
Radeon RX580 4GB
Case
XIGMATEK
Mouse
SteelSeries Rival 600
Keyboard
AULA ASSAULT
Audio
SPEAKER DLS 2115
Monitor
Benq GW2470
OS
Windows 10
Па и то е целата приказна за овој телефон е то шо го добиваш најновиот чипсет (тој од ајфон 13) во старичок дизајн и пониска цена. И сериозно напиша: „Ништо посебно од телефон, стар дизајн“.

Отсекогаш беше добар во составување на реченици шо на прв поглед изгледаат логично :)

И честито @Miki98, прва добра тема шо си ја отворил, намерно или не.
Да сериозно. Тоа е исто како на дигитрон му ставиш процесор од компјутер и да ми речеш, еј компјутер со процесор за пониска цена. Види му спецификации и дај да дискутираме. Освен процесорот се друго е аут на телефонов. Плус жално е да се стави таков процесор на телефон како овој. Подобро е да се земе 12ка мини па макар и 13ка мини него овој!
 
1. Се надевам не си сериозен со муабетот околу дигитронот и процесорот
2. Спецификации? најнов процесор, камера 4к, со портрет итн... одлична за просечен корисник, 5г, фингерпринт (за тие што си го сакаат тоа), подобрена батерија од претходниот. Ако сето ова е аут за тебе, тогаш шо е ИН? Преформулирај ја реченицата, според мене само дизајнот е застарен, и екранот делумно (кажано погоре зошто и е така)
3. „Подобро е да се земе 12ка мини/13ка мини него овој?“ Апсолутно, АМА како да ти објаснам дека тие модели се поскапи? Како да ти објаснам дека овај телефон е за одредена маса на луѓе што го сакаат тој дизајн? Тоа си е твој вкус.

Другари, нема ништо лошо да се дискутира на оваа тема. Но нема потреба да биде и жолчна расправа. За тоа дали е добар дизајн или не, нека му ја мисли Епл. Наше е дали ќе купиме или не. Добро е што имаме избор.

Не се расправаме, се сакаме :)
 
Borsa

On your way to fame
10 октомври 2011
1.172
899
Скопје
Borsa's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 AM4
Motherboard
B450M-HDV R4.0
Storage
500MB HDD + 256GB M.2 SSD
PSU
Cooler master GX 550W
RAM
16GB DDR 4 3200Мhz
Video card
Radeon RX580 4GB
Case
XIGMATEK
Mouse
SteelSeries Rival 600
Keyboard
AULA ASSAULT
Audio
SPEAKER DLS 2115
Monitor
Benq GW2470
OS
Windows 10

dim29

29
14 ноември 2020
159
213

Гледам не одговори ни на едно прашање. Така и мислев.

Бтв. Не знам дали сеќаваш ама не ти држи вода ни сликата. Само докажа дека 19% би го купиле СЕ 2022ра, а 32% би купиле подобар (подобри се барем 6 модели: 11, 11про, 12, 12 про, 13, 13про) кога ќе поделиш 32 / 6 знаеш колку му доаѓа.

Подолу имаш и слика од анкета на истиот сајт кога излезе ајфон 13, поголем процент од 19% има само про макс, а најголем тоа дека не би зеле ајфон, па ај нека ги фрлат телефоните тие шо зеле било кој ајфон.

Не викам дека СЕ 2022 е подобар од сите ајфони, далеку од то, само сакам да ти кажам дека вакви статистики се беспотребни исто како темите на Клоки.

Толку.
 
Miki98

Gaining Experience
13 јануари 2021
540
324
Macedonia Pehchevo [2326]
www.balkan77.com
можам да кажам деа
Дизајнот не е заглавен
добро е да го имаш во раце и е убав за џеб
se=speical edition.
Друго е да носиш телефон т.к дебел како цигла во џебот.
4.7 инчи не сум видел до сега со 4гига рам и процесор cortex a15 3.2Ghz и 5g мрежа.
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
2.336
1.529
Ќе се продава доста добро на луѓе (читај деца) на кои им треба iMessage за да не ги мислат дека се Андроид сељаци (Android Pesants) односно дека иПхоне е на повисоко сталежно опшествено ниво. Имаше доста добро видео МКБХД за оваа економска-социолошка појава во САД. Ако имаш Андроид те сметаат за сиромашен (макар бил и Самсунг Фолд) те исклучуваат од друштво и не те дружат. А овој уред е баш да му го купиш на детето да не му прават булинг во школо.
 
Borsa

On your way to fame
10 октомври 2011
1.172
899
Скопје
Borsa's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 AM4
Motherboard
B450M-HDV R4.0
Storage
500MB HDD + 256GB M.2 SSD
PSU
Cooler master GX 550W
RAM
16GB DDR 4 3200Мhz
Video card
Radeon RX580 4GB
Case
XIGMATEK
Mouse
SteelSeries Rival 600
Keyboard
AULA ASSAULT
Audio
SPEAKER DLS 2115
Monitor
Benq GW2470
OS
Windows 10
Гледам не одговори ни на едно прашање. Така и мислев.

Бтв. Не знам дали сеќаваш ама не ти држи вода ни сликата. Само докажа дека 19% би го купиле СЕ 2022ра, а 32% би купиле подобар (подобри се барем 6 модели: 11, 11про, 12, 12 про, 13, 13про) кога ќе поделиш 32 / 6 знаеш колку му доаѓа.

Подолу имаш и слика од анкета на истиот сајт кога излезе ајфон 13, поголем процент од 19% има само про макс, а најголем тоа дека не би зеле ајфон, па ај нека ги фрлат телефоните тие шо зеле било кој ајфон.

Не викам дека СЕ 2022 е подобар од сите ајфони, далеку од то, само сакам да ти кажам дека вакви статистики се беспотребни исто како темите на Клоки.

Толку.
Нема што да ти одговорам си пишав погоре се што мислев за телефонов и не планирам да се повторувам. Статистиката како статистика се прави да се види народот што чита гсм арена што мисли за СЕ2022 ,не викам дека е точна и дека ќе има помала побарувачка. За секоја роба има и купец. Но Телефонов за мене е аут и тоа е крај на дискусија. Ако тебе ти чини купи го и со здравје да си се служиш..

@Enquito Tотално се сложувам со тебе.Телефончево е само да се рече дека користи ајфоне.

@Miki98 Минито е помало во димензии а има подобар и поголем екран.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.890
5.812
Благодет од телефон за постари кои не користат напредни функции, а сакаат iPhone и се научени на iPhone.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
48.488
Мислења
995.811
Членови
36.493
Најнов член
darkooooooooooooo

ит маркет

На врв Дно