• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

iPhone 3G избран за "направа на годината"

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


На доделувањето на годишните награди за "направи на годината", организирано од магазинот Stuff, iPhone 3G ги доби гласовите на јавноста и стана "направа на годината", победувајќи ја силната конкуренција од три играчки конзоли, еден ниско-буџетен лаптоп и iPod звучен систем во форма на балон.

Последната верзија на мобилката која претставува комбинација на телефон со музички и видео плеер, беше избран од читателите на магазинот Stuff, како најдобро рангиран во нивните годишни награди за "направа на годината".
Од магазинот го опишуваат iPhone 3G како побрза и попаметна верзија на и така одличниот телефон.

Другите номинации беа: Sony's PlayStation 3, Microsoft's Xbox 360, Nintendo's Wii Fit и B&W Zeppelin iPod звучниците.

Според уредникот на Stuff - Fraser Macdonald, номинациите биле оценувани според нивните перформанси, дизајнот и вредноста како и според перцептивниот "cool factor".
"Фасцинантно е тоа што ги имаме гласовите на нашите читатели" - вели тој. "Тие се тие што се таму на улиците и ги купуваат направите и тие се одличен барометар".

Наградата за "направа на годината" според уредниците на магазинот ја доби Asus Eee - лаптоп кој чини помалку од 500$.





Еве ги останатите добитници на награди кои беа објавени во минатиот Вторник во Dorchester Hotel во London:

International brand: Nokia

Innovation: Sony Reader

Design: Apple MacBook Air

Game: Grand Theft Auto IV

Green gadget: Ego Electric Street Scoota

Retailer: Firebox.com, an online gadget and toy shop


Повеќе детали за победниците наскоро ќе може да добиете на awards.stuff.tv

Извор: Reuters UK, Stuff
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,506
Мислења
822,118
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно