Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

InvestinMacedonia.com: Дали фали нешто?

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Драго ми е и мене што 4Ward решија да бидат дел од овој форум (иаку е малку спамерски со никот и се, нема врска).

Еве ви го мојот конечен одговор на оваа тема:

Почитувани,

Драго ми е што првин остваривме професионален контакт преку е-маил. Целата комуникација е прикажана подолу, и мислам дека нема потреба да ја коментираме. Се` беше кажано, кратко и јасно.

Што не ми е драго e што воопшто влегувате во дискусија на форуми. Зошто го трошите Вашето време на вакви работи а не да ја довршите веб страната?

Ако секојдневно многу луѓе ја посетуваат страната од банерите (кои за жал, неможам да знам дека ги има, затоа што никогаш не сум ги видел а сум редовен посетител на тие веб страни), Вие подобро да се сконцентрирате да ја завршите, бидејќи велите дека е направена само пред 1,5 месец - зар е тоа мал период да се заврши? (реторско прашање нема потреба од одговор!)

Нема да ги мерам силите со Вас и да Ви укажувам на SEO трикови (кои дефинитивно Википедиа не ги нуди) или на подобрување на кодот, ниту пак ке Ви докажувам дека имам знаење во ASP, C# и др. Тоа е залудно потрошено време и пари на граѓаните со оглед на тоа што уште повеќе Вие би седеле на овој форум и би се препукувале со мене. Парите од кои сте платени, се пари на граѓаните.

Во некоја друга прилика (patience is a virtue) што ке се укаже можеби во блиска иднина, ке го одземам времето да Ви објаснам неколку важни аспекти кои ги имате пропуштено, но дефинитивно не сега. Имам преголема желба да Ви докажам дека Интернет маркетинг не е само истакнување на банери... но сигурно ке ни се укаже шанса друг пат, во мал свет живееме.

А од каде Ви е залудната идеја дека луѓето користат само Google, и дека мета таговите веќе немаат никакви вредности? (реторско прашање како и сите други, Ве молам не го трошете работното време да ми одговорите)

Со самото тоа што барате дефиниција од Википедија за defacement и тврдите дека се превземени сите мерки докажувате дека тоа поле, не е баш нешто на кое обрнувате внимание.

Моите забелешки беа добронамерни пред се`, не сакав да си доведам на грб цела државна агенција и компанија... Во развиените држави професионална фирма каква што тврдите дека сте (драго ми е што имате добра приказна за тендерот, јас имам и една целосна друга приказна за Вас, но од почит спрема Вас нема да ја истакнам во јавност) ке се заблагодари на забелешките и веднаш ке седне да ги работи.

Моите забелешки беа добронамерни и со цел да помогнам, не да рушам нечии угледи или да создавам кавги.

Испочитувајте се себе си и не го трошете Вашето работно време на форуми бранејќи став на фирма кој воопшто не е загрозен од едно-две лични мислења на членови и администратори на форумот.

За крај,

Ви благодарам за Вашето време и тука ќе ја завршам дискусијата. Имате многу поважна работа од создавање и кавги на форуми.

П.С.
Немојте воопшто да смислувате приказни за тоа дека не сте во текот на работното време, форумот истакнува и час и датум кога е напишан постот. А да не заборавиме дека е и потрошено додатно време да се напише постот. Или оправдањето ке биде стандардно - на пауза бев. :)
 

Moscow_BoY

Intern
12 јуни 2007
260
4
securzone.blog.com.mk
Се согласувам воглавно со 4Ward.

Сепак би сакал да го запрашам зошто нема други јазици освен англискиот, мислам дека е особено важно да се постави македонскиот јазик.

Исто така би сакал да го запрашам зошто за културата, географските и историските карактеристики на Македонија скоро ништо не е напишано ?

Дали сметате дека за инвесторите веќе однапред треба да знаат за фактот дека Македонија е античка земја стара неколку илјади години, а не само 16 години ?
Дали сметате во инвестирањето не спаѓа туризмот, градежништвото и други слични гранки преку кои можат да се искористат нашите историски карактеристики ?

Сметам дека круцијалната грешка сте ја направиле во тој дел, затоа што денешната не толку сијајна состојба на Македонија може да се сокрие сосем добро со неколку бомбастични информации за опсерватории стари преку 4.000 години, антички градови, ендемични видови во флората и фауната, високи планини и можности за развивање на зимскиот како и летниот туризам.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Сметам дека круцијалната грешка сте ја направиле во тој дел, затоа што денешната не толку сијајна состојба на Македонија може да се сокрие сосем добро со неколку бомбастични информации за опсерватории стари преку 4.000 години, антички градови, ендемични видови во флората и фауната, високи планини и можности за развивање на зимскиот како и летниот туризам.

Гледано од страна на инвеститорите, воопшто не им е важна историјата на Македонија.
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2.536
1.407
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Гледано од страна на инвеститорите, воопшто не им е важна историјата на Македонија.

Погрешно!
За инвеститори во туризмот, историјата има директно значење. Мое мислење е дека само за Кокино би имало многу заинтересирани инвеститори. Вредноста на Кокино можеме да ја споредиме со Стонхејџ.
А и за другите инвеститори историјата има индиректно значење - гледајте го тоа како бренд.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Погрешно!
За инвеститори во туризмот, историјата има директно значење. Мое мислење е дека само за Кокино би имало многу заинтересирани инвеститори. Вредноста на Кокино можеме да ја споредиме со Стонхејџ.
А и за другите инвеститори историјата има индиректно значење - гледајте го тоа како бренд.

Не зборувам за туризмот. Зборувам за оние инвеститори по кои агенцијата трча.
 

DynamicMK

премиум член
11 април 2007
1.644
189
Domain age 1 Years, 5 Months, 18 days...

Current Pagerank: PR 6

The total number of pages that contain links to
www.investinmacedonia.com:
6,640

Супер...
само голем минус за пропустот на keywords... & one more за користење на shared hosting за така важен проект али тоа и не верувам дека зависи од вас...
:bravo:
 

Moscow_BoY

Intern
12 јуни 2007
260
4
securzone.blog.com.mk
Гледано од страна на инвеститорите, воопшто не им е важна историјата на Македонија.

А што би им било важно ? Македонија е премногу ризична за да инвестира некој во неа, едноставно олигарсите се премногу навлезени во власта, ја контролираат. Секој што ќе им оди против нивниот интерес, ќе го уништат, крај. Од друга страна, оние кои што имаат можности да ризикуваат, можат да добијат многу. Кога Македонија ќе се оправи, цените на земјиштата и многу други работи ќе скокнат. Да изградиш хотел, или нешто слично сега во Охрид, Крушево, Маврово, или некој друг локалитет може да ти придонесе многу во иднина.

Едит: а по какви инвеститори трча агенцијата ?
 

MushRoom

Intern
2 октомври 2007
41
1
@D Ако стануваше збор само за добронамерна критика, забелешките ќе си останеа на ваша интерна маил комуникација. Штом ги критикувате јавно, си имаат право луѓето да си ја кажат својата приказна. Што па тебе ти смета што се зачлениле на форумот? Уште па и никот му бил „спамерски“ :ua:

Башка финализирањето на сајтот, а и тековното одржување зависи од еден куп луѓе - преведувачи, дизајнери, програмери, владини службеници... секој од нив еден ден да закасни со обврските се пролонгира цела работа.

И дајте да видиме сите вие што проекти сте направиле и за колку време... лесно е само да се критикува.

Note: Авторот на овој пост нема никакви релации со 4ward :)
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
MushRoom, тотално off topic.
+ Форумов е направен за дискусии и делење на личното мислење, доколку е тоа критика, постот ќе биде критичен, нема потреба ништо да се *крие*.
Дека на D му била добронамерна критиката е точно, мислам, не *лаже* и нема скриени намери, јавно на форум кажа што мисли нели? lol

Тоа што изработка и одржување на сајт е тешко, нема врска со темава и не е некое оправдување што сајтот е мизерен, ако некој не е способен да го среди како што треба, не треба воопшто да се нафаќа. А едно од најголемите правила кога се работи за web sites e да не се става недовршен сајт (или сајт во изработка) во употреба.

И уште еднаш, во правилата стои дека членовите треба да се придржуваат до темите, а какви проекти сме направиле *ние* и за колку време е тотално различна работа од темата за која овде се дискутира. Доколку те интересира такво нешто, има соодветни делови на форумов каде можеш да си отвориш тема и да прашаш.
 

sojic

Intern
29 април 2007
435
24
Еве и од мене мала критика до 4Ward.

На прашањето
5.
Колкаво е вашето познавање на ASP.NET и C#, со оглед на тоа декакоментирате сегменти од кодот?

јас ќе го запрашам:

Кое е вашето познавање од WEB стандарди и WEB технологија.

Научите малце xhtml, научите Вие да му кажете на компјутерот што да генерира, а не да оставате ASP или C да го генерира кодот на страната.

Јас ТВРДАМ дека има непотребни кодови и дека страната е далеку од W3C стандардите.

Јас сум поборник за почитување на W3C, не може секоја будала (ова се однесува општо до сите, 4Ward да не се навреди) да прави веб страни како му текне. Има правила и прописи кои треба да се почитуваат.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Sojic го кажа и моето мислење.


Uste ednash golema blagodarnost. Dlaboko gi cenime Vasite sugestii kako da se podobri nasiot web sajt I veke so nasiot tim gi razgleduvame i rabotime na istite.

Јас не забележав сеуште ништо иаку поминаа скоро 2 недели. :zbunet3:
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Во извештајот на Државниот завод за ревизија како податок стои дека лани само за реклама во магазинот „Економист“ Владата платила 147.000 евра, како дел од кампањата „Инвестирајте во Македонија“.

Дел од оваа вест.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Во извештајот на Државниот завод за ревизија како податок стои дека лани само за реклама во магазинот „Економист“ Владата платила 147.000 евра, како дел од кампањата „Инвестирајте во Македонија“.

Дел од оваа вест.

lol малку хумористично, ама можам да замислам Француски бизнисмен како чита Економист и случајно дознава за investinmacedonia, го посетува сајтот и откако ќе види дека има drop down мени за менување јазик (бидејќи нели, такви се французите, си го ценат својот јазик), сфаќа дека изборот не му е баш голем :) (Има само English)

Каков впечаток би добил? Ако 150 илјади евра се потрошени на реклама во весник, колкава сума е потребна да се направи квалитетен web сајт?
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Значи како стојат работите после скоро 2 месеца.

1. Беше пратен учтив е-маил со валидни сугестии.
2. Приемот на маилот беше потврден и беше ставено до знаење дека се седнува да се работи на сугестиите.
3. Компанијата која стои позади сајтот, се регистрира на форумот, учествување во темата и со тоа докажа дека ја прати темата и знае какво е мислењето на народот и дека нивната работа е пратена.
4. После 2 месеци - сајтот е сеуште ист како претходно.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
А многу ми е ироничен фактот што има ставено голема лупа врз сајтот и целата кампања од медиуми и слично и секој ден се крева врева за тоа, а пак работите си стојат во место.

Трошиме милиони за да прикажеме реклами на кои како главен адут е наведена веб страната, а.... веб страната е само 10% готова... :ua:
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Update на ситуацијата: Нема ништо сменето, ниту француски, ниту никој друг јазик. Се надополнуваат обични вести само.

Првите забелешки беа испратени до овластените лица на 20-10-07, денеска сме 30-01-08.

:edrenje:
 

NoLander

Intern
11 ноември 2007
216
15
Сајот има добра брзина до душа нема ни соодржина да го кочи
другите прокети што ги видов на 4ward како и да беше интересни се
се потрудиле малку.
Но многу бавно реагират на работите за ваков мал сајт
Како би инвестирале Французи , Италјанци и Гермацни кој строго се залагат за употреба на нивниот јазик па и да знаат Англиски пак ќе го барат нивниот јазик
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.258
Мислења
977.577
Членови
35.570
Најнов член
arbenneziri
На врв Дно