Хероина
Intern
- 10 мај 2007
- 33
- 4
11.Што мислиш, зошто младите во Македонија се тепаат за стабилна („државна?“) работа од 7 до 3, а не сонуваат да бидат основачи на next-generation интернет сервиси?
Тоа е еден социјален феномен кој ни тежи како резултат на долгогодишното социјалистичко уредување кое како прво ја оформи работната култура и навики на нашите родители, кои пак ја пренесоа таа култура врз нивните деца. Тоа е таа култура која многу повеќе ја цени стабилноста и избегнување ризик по секоја цена. Многу млади се така индоктринирани. Сега ќе е потребно време за да се развива многу поагресивно тој претриемачки дух, многу повеќе отколку за овие 15ина години откако ни се смени економскиот. За тоа треба образовниот систем да одигра клучна улога но и владата која преку својата политика може многу битно да влијае.
Еве на пример во Франција, целиот пазар на работна сила е доста ригиден, и младите исто така се тепаат за стабилни работни места за цел живот, додека во Велика Британија и во САД постојат доста флуктуирачки пазари на работна сила, каде што е многу полесно да се изгуби едно работно место, но во исто време многу лесно да се најде и едно ново, и младите не се плашат од нови работни места, и воедно се многу повеќе отворени да превземат ризици.
Остатокот од интервјуто на Плагиј.ат
Ако те бендиса, гласај за сторијата на Кајмак.от