• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Интервју на Иво Ивановски за kurir.com.mk

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Покрај интервјуто што го објави нашиот портал, еве уште едно интервју кое го даде министерот без ресор г-дин Иво Ивановски задолжен за информатички технологии за порталот www.kurir.com.mk.

1. Господине Ивановски, во јавноста најмногу сте познат по проектот КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ. До каде е реализацијата на проектот и колку изборите ќе се одразат на проектот?

- Проектот КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ е во напредна фаза. Моментално се инсталира компјутерската опрема во единаесет средни училишта низ целата територија на Македонија. Спред планот, на секои три недели ќе бидат опремени по единаесет училишта со тоа што сите 93 средни училишта ќе бидат комплетно опремени до крајот на Август. Изборите единствено ќе го пролонгираат рокот за инсталација на компјутерите во основните училишта, бидејќи е распишан меѓународниот отворен повик за прибирање на понуди за инсталација на мрежата во основните училишта и можно е изборот да не биде спроведен.

2. До каде е планот на Владата за отворање на Универзитет по Информатика? И во таа насока, дали со тој факултет за информатика не се дискриминираат постојните факултети по информатички науки? Кои ќе бидат неговите предности во однос на постоечките?


- Законот за формирањето на новиот Универзитет за информатички технологии беше предложен на последната седница на Собранието на РМ пред да се распушти. Планирано беше да започне со работа оваа есен, но сега, по сé изгледа ќе биде есента од 2009та. Мое мислење е дека нема да бидат дискриминирани постојните факултети туку напротив, ќе се воведе конкуренција. Предностите ќе бидат во тоа што студиите ќе бидат доста стручни и студентите кои што ќе дипломираат ќе бидат строго насочени во областа што ја студирале и ќе бидат експерти при самото дипломирање. Со еден ваков Универзитет ќе се зголеми бројот на квалитетни ИКТ кадри, кои што во моментов се дефицитарни.

3. Владата организираше курсеви по информатика на сите заинтересирани граѓани. Имате ли некакви податоци, бројки, колку луѓе ги имаат завршено тие курсеви и кои се ефектите од целиот тој проект?

- Завршени се сите курсерви во кој беа опфатени 22,500 граѓани на РМ. Ефектите од обуките се доста позитивни со тоа што голем број на граѓани кои што ги посетуваа обуките продолжија на приватни часови по информатика, некои од нив уклучија Интернет а некои дури го набaвија и својот прв компјутер. За 2008 веќе заврши пријавувањето за иста ваква обука која што ќе започне кон крајот на септември.

4.Какви се активностите на Владата за да се донесат големи ИТ компании во Македонија со оглед на добрата квалификувана сила на тој план што ја имаме?

- Владата преку своите министри задолжени за привлекување на странски инвестиции задолжително ја промовираат Македонија како земја дестинација за своите outsourcing потреби како и проектите кои што Владата ги планира и реализира за развојот на информатичкото општество. Кога ќе се земе во предвид буџетските средства што се издвојуваат за ИТ, стануваме забележителни и доста атрактивни. Очекуваме до крајот на 2008 уште три до пет бренд компании да отворат свои канцеларии, како што направи и IBM.

5. Кои се најголемите пречки за недоаѓањето на странски ИТ компании и што се прави за нивно решавање?

- Голема пречка не постои. Кај големите ИТ компании постои комплицирана процедура за отварање на канцеларија во друга држава. Најпрво треба да го испитаат пазарот па да донесат некаква одлука. Најчесто таа одлука може да трае и по неколку години.

6. Владата донесе нов закон за електронска трговија, но неговото спроведување се закочи и нема некои ефекти. Каде е проблемот и што правите за негово заживување?

- Голем проблем е што банките немаат склучено договори со странските сервисери за да можат да ги користат своите платежните картички во електронската трговија. Оваа Влада, во соработка со деловната заедница, изработи и донесе добар закон за водење на електронска трговија. Ретки се случаевите каде што легислативата е донесена, а деловната заедница да не е спремна да ја искористува. Ние како Влада правиме напори да ја поттикнеме деловната заедница повеќе да ги афирмираат своите производи на Интернет, но за жал банките го кочат развојот на е-Трговијата, со исклучок на една банка.

7. Доаѓате од дијаспората и сигурно имате многу контакти со бизнисмени од македонско потекло. Колку се тие заинтересирани да дојдат и да инвестираат во татковината?

- Македонските бизнисмени се доста заинтересирани да инвестираат во својата родна земја и мислам дека со економската политика што ја води оваа Влада како и борбата против криминалот, бројот на иселеници што ќе инвестираат во Македонија експоненциално ќе се зголемува. Потребно е да слушнат само неколку успешни приказни, пред да донесат одлука.

8. Ќе ни најавите ли кои се вашите следни проекти?

- Имаме предвидено голем број на интересни проекти, но за нив ќе прочитате во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата.

Извор: Kurir
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
граѓани кои што ги посетуваа обуките продолжија на приватни часови по информатика, некои од нив уклучија Интернет а некои дури го набaвија и својот прв компјутер
:zbunet3: Кои граѓани оделе на тие обуки?
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,551
Мислења
823,177
Членови
28,061
Најнов член
Viktorofski
На врв Дно