• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Интернетот преовлада над телевизијата

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,274
1,919
www.iwmnetwork.com
Интернетот меѓу младите во западна Европа стана попопуларен од телевизијата, покажуваат резултатите од септемвриското истражување, на организацијата Европска асоцијација за интерактивно огласување (ЕИАА).

Според овие резултати, бројот на младите кои сакаат да седнат пред компјутер со Интернет за прв првпат е поголем од оние што ги предпочитаат телевиските програми.

Директен пристап на глобалната мрежа имаат шест од десет луѓе во регионот, покажуваат резултатите од истражувањето.

Според анкетата, во изминатата година за 12 отсто се зголемил бројот на т.н. „сребрени сурфери“, луѓе над 55 години кои уживаат во пребарувањето по Интернет, а за осум отсто е поголем и бројот на жените кои користат Интернетот.

Над 80 отсто од испитаниците изјавиле дека без некои од функциите на Интернетот „не би можеле да живеат“.

Предност на Интернетот над телевизијата даваат младите меѓу 16 и 24 години. Од нив, 82 отсто користат Интернет пет до седум дена неделно, додека телевизија толку често гледаат 77 отсто од лицата од таа возрасна група.

ЕИАА ја спроведе анкетата телефонски меѓу 7.000 лица од Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија, Италија, три скандинавски земји, Белгија и Холандија.

Превземено од ИдиВиди
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Да ви кажам по право, и јас сум како нив. Во последно време често ми се случува место да седнам да гледам телевизија, да отворам некоја страна и да видам тоа што ме интересира.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,578
Мислења
821,161
Членови
28,241
Најнов член
Zemi.mk
На врв Дно