• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Интернетот на Охридските плажи???

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Kafka

Intern
8 јуни 2007
128
19
Многу убаво звучу насловот но уште поубаво би било тоа да е вистината....

Бев во Охрид на одмор онака лежерно едно 10 дена.... си викам ајде малку да искористам од интернетот што секоја плажа треба да го има(поради тоа што тоа беше еден од условите за да се земе плажа а кои што ги пропиша владата) и седнувам на корали. им викам на келнерките девојко можеш да ми дадеш усернаме и пассњорд за да си се конектирам на интернет додека пијам кафенце . а она ми вика цекај да прашам дали имаме такво нешто. Се врака и ми вика немаме интернет моментално. ок си викам одам на следна плажа. одам на елесхец и прашувам и таму и ми викаат годинава нема интернет. ок си викам се вракам на лагадин. одам таму и една келнерка која што ми е пријателка од порано ми вика абе схизик интернетот беше само за да земеме шанк не за да има секоја година. ллелелеле ама ме замисли. си викам абе муштериите (оние кои што зависат од интернетот си ги губите а згора на се не е некој голем трошок за да има 3 м3сеци интернет на некој си шанк).... прикаската е таа ... се штеди на интернет на охридските плажи .... е сега да видам дали некој од тие што ги дадоа лиценците ќе превземе нешто до крајов на летото....

позз....
 
HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5,108
297
www.gorjan.info
Се е тоа арно, али идеме на плажа да се се печеме на сонце, бањаме...
Ако некој неможе да издржи без интернет таму, тогаш тоа е веќе зависност.
 
Kupe3

Intern
2 јуни 2008
138
1
Се е тоа арно, али идеме на плажа да се се печеме на сонце, бањаме...
Ако некој неможе да издржи без интернет таму, тогаш тоа е веќе зависност.
Штом веќе добиле дозвола и се согласиле на тоа, треба да го има. Има и зависници, види го ова:

Email is also starting to be checked from strange (and sometimes dangerous) places:

In bed in their pajamas: 67%
From the bathroom: 59% (up from 53% last year)
While driving: 50% (up from 37% last year)
In a bar or club: 39%
In a business meeting: 38%
During happy hour: 34%
While on a date: 25%
From church: 15% (up from 12% last year)
The worst stat? Even though just 16% of email users surveyed check their email regularly from a mobile device, 41% of those that do keep their phones near them when they sleep so they can hear if a new email comes in.

Хе хе, кај да е, ќе посакаме и чипови да ни се вградат за да бидеме нон-стоп ON(line).
 
petar.bt

Intern
12 август 2007
731
20
Јас бев Славија на плажа имаше интернет а за другиве плажи не знам.
 
ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,032
456
Убаво е да има интернет на плажа, ама ај жити се, ти ќе одиш со лап-топ на плажа :) Во земја каде од плажа крадат мобилни како алва. Интернетот на плажа не е потребен, убаво би било во сите хотели да има Wi-Fi. А на плажа ќе си се бањаш и ќе си се сунчаш :)
 
stefan007

Intern
27 јуни 2007
395
2
Ако за добивање на концесиите пишувало дека треба да има и интернет тоа треба и да се испочитува, а има различни луѓе и можеби не одат сите за да се сончаат или да се бањаат, можеби има некои кој сака да испрати некоја слика од плажата преку mail или пак сака да си направи муабет со блиските преку msn или skype итн. Затоа треба да има.
 
fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Одите 10 дена на одмор и неможите без интернет ? Omg..
Абе аман..
Во ред е тоа дека договорот беше таков, но изгледа правилно постапиа.. МОРА некој да Ве натера да се оттргните од компјутер.. :)) Абе сончање, забава, ноќен живот ЖЕНСКИ.. Се` имате, а Вие пак за тој интернет ? :zbunet3:

ps. Уште еден лош збор за Охрид и .. :eek:pasno: :eek:besen: :pop: :lonely2:
 
BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Покрај ризик за јадење телесни повреди и фрактури(од локални фраери) и дигнати мобилни телефони стварно нема смисла плажите да се без интернет :) Па тоа е брутално
 
ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,032
456
Покрај ризик за јадење телесни повреди и фрактури(од локални фраери) и дигнати мобилни телефони стварно нема смисла плажите да се без интернет :) Па тоа е брутално
Тоа за првиот ризик би рекол:КОЈ КАКО СИ ЈА НАРЕДИЛ.:)
За вториот ризик би рекол:СО МОБИЛЕН ВО ВОДА.:)
А ти сакаш да има и трет ризик? Крадење лап-топ компјутери??? :)
 
igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
За таква ситница како ставање 2-3 wifi рутерчиња на плажа и смешна месечна претплата не треба да се размислува. Само за маркетинг (дури и никој да не го користи на плажа) нека е, па убаво звучи, тренди...

Не бе, колку и да ги сакам Охриѓани, морам да кажам дека не ги бива за туризам (секоја чест на исклучоци).
Да можам сите да ги транспорирам во Турција, едно 3 години, колку да ги фати мајата...ех...
 
MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
тоа за wifi во хотели е ок
но дајте бе луѓе интернет + лаптоп и на плажа да се сончате:)
барем тие неколку дена се одморете
колку толку
 
milevskiz

Intern
9 април 2007
214
5
Да можам сите да ги транспорирам во Турција, едно 3 години, колку да ги фати мајата...ех...
Ех сега турција, доста беа 5 века под нив :LOL::LOL::LOL: Нема разбирачка со нашите газди, со мин. инвестиција сакат големи пари да земат од сезона, е пааа ...
 
BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
А ти сакаш да има и трет ризик? Крадење лап-топ компјутери??? :)
Коментарот мој беше циничен. Има далеку покритични елементи за плажирање како на пример (чиста)вода, песок, девојки, пиво, еспресо, бељот итн.:)

Меѓутоа на некој визионер му текнало ај интернет на плажа па го поставиле тоа како услов. Наместо да се концентрираат на чисти плажи, соблекувални, тоалет итн.
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Тоа што на некои што искоментирале тука им е чудно како некој има потреба од интернет додека е на плажа/одмор, само кажува колку сме заостанати во оваа сфера и зошто навистина немало интернет..
Мислам дека Кафка си го најде одговорот :)

И да, иако на некои од вас не им се верува, интернетот за некого е потреба и дел од животот без кој не се може. Нема потреба од споредби со зависност и слично.

Бидејќи во случајов лично го познавам Кафка и знам дека работата му е стриктно поврзана со интернет, потполно го сфаќам. Во некои ситуации поврзани со одредена работа мора да имате интернет, со тоа не го "расипувате" одморот, туку само одвојувате десетина минути за да се осигурате дека се оди во најдобар ред..
Замислете ситуација каде што некој ваш сајт, кој месечно прави продажби во износ од 9000 евра, е offline 10 дена додека вие сте на одмор, заради некоја ситница со хостинг и слично. Тоа е чиста загуба од 3000 евра, а да не зборувам другите последици што би произлегле од тоа..

Сума сумарум, ако според закон плажите мора да имаат интернет, треба да имаат интернет.
Во секој случај тоа не е правило донесено туку-така. Најверојатно некој забележал дека стопанствениците на објектите немаат доволно развиена свест, па единствено решение било да се воведе такво "правило" или што и да е.
 
BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Тоа што на некои што искоментирале тука им е чудно како некој има потреба од интернет додека е на плажа/одмор, само кажува колку сме заостанати во оваа сфера
Ако не ти се решени основни проблеми од критична важност како чиста вода, функционални (чисти) тоалети, туш кабини итн јас тоа го сметам како заостанатост. Значи ако се решени овие работи тогаш јас ќе сум задоволен и ќе се снајдам за интернет (во хотел или во многубројни интернет кафулиња и слично).

А за тоа што кажа дека бежичниот интернет е "закон" кој што треба да се почитува, сакам да те потсетам дека сепак ова е Македонија каде што многу работи се релативни(особено закони:)
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ако не ти се решени основни проблеми од критична важност како чиста вода, функционални (чисти) тоалети, туш кабини итн јас тоа го сметам како заостанатост. Значи ако се решени овие работи тогаш јас ќе сум задоволен и ќе се снајдам за интернет (во хотел или во многубројни интернет кафулиња и слично).

А за тоа што кажа дека бежичниот интернет е "закон" кој што треба да се почитува, сакам да те потсетам дека сепак ова е Македонија каде што многу работи се релативни(особено закони:)
Темава е за интернет на плажите, не за хигиена на плажите.

И мене ми е многу поважна хигиената во градов кај што се наоѓам одколку тоа дали продавниците се снабдени со кока-кола. Не е тоа темата, да не мешаме баби и жаби. Секој проблем за себе. Тоа дека треба да се чисти плажите и имаат тушеви и слично е нормално и основно нешто што треба да се има, за тоа не треба ни да стане збор.

Значи, неможе ние да ги решаваме проблемите за бездомниците во Македонија ако некој отвори тема за дискусија на викендички.. Got my point?

Ве разбирам сите, ама сепак е ова ИТ форум.

Се додека излегуваме со коментари како во нашава држава е безвеза и тапа, и како е тоа нормално нешто да не функционира и да не е во ред, самите си го воведуваме тоа како "стандард". Ако сакаме нештата да станат подобри, треба да дискутираме за тоа, длабоко да размислиме и евентуално да најдеме некое добро решение.

Ние сме државата, од нас зависи. Ако во случајов сите ние се побуниме зошто на плажа нема интернет, можеби на некој газда на кафич на плажа ќе му текне да стави квалитетен интернет.. Проблемот е што секогаш ќе се најде некој од страна кој лесно ќе дофрли "Абе ај, одмара овде, си дошол на одмор неможеш да издржиш без интернет", "Интернет зависник" и слично. Во случајов, мислам дека токму во таквите е проблемот, таквите ги обесхрабруваат другите. Газдите се само бизнисмени, нив ги интересира профитот и сигурен сум дека доколку некој им објасни колку е важно да има интернет (иако е тоа само колку да се каже заради "шема", како што кажа некој претходно) веднаш ќе спроведат, со оглед на тоа дека цената во однос на другите инвестиции што ги направил е многу ниска.
 
Ми го зеде зборот од уста, после ова нема што да се дискутира. :bravo:
 
BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Темава е за интернет на плажите, не за хигиена на плажите.

Got my point?
Работите ги ставив во перспектива па затоа спомнав некои елеметарни работи коишто до вчера ги немаше а сега сакаш да крениш народно востание зошто немало безжичен интернет. бабите и жабите беа неопходни за да се вратиме малку во реалностa. Биди среќен што (сите...се надевам)ставиле тоалети,песок, чадори итн.А за интернетот те охрабрувам да контактираш со газдите со квота колку ќе ги чини интернет конекција и хардверот и нормално објасни му колку е важно(и шематско) да има интернет на плажа. Почни од пред Горица 1: Венко Мостров е супер ќе те сослуша гарант.

Разбирам дека ова е ИТ форум и моето мислење е дека интернетот на плажа(односно недостаток на нет) не е критичен проблем и дека повеќе ми се важни работите коишто ги спомнав во моите претходно коментари.Тоа е моето мислење на коешто имам право иако наводно сум off-topic.

Чао
 
ekonomist

Gaining Experience
17 јуни 2008
1,032
456
И јас се согласувам со тебе дека интернет на плажа не претставува толку критичен проблем. Колку убаво, на плажа со компјутер, нели? Се согласувам да има Wi-Fi во хотелите, така да, ако некој е бизнисмен и толку многу има потреба од интернет, ќе остани во хотелот еден саат повеќе, ќе си ја заврши работата и потоа ќе оди на плажа и ќе се одмара на раат :) Тоа е мое мислење и сигурен сум дека не се согласуваат сите со тоа, но форумите се средство за искажување на мислења, нели?
 
Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
Бидејќи во случајов лично го познавам Кафка и знам дека работата му е стриктно поврзана со интернет, потполно го сфаќам. Во некои ситуации поврзани со одредена работа мора да имате интернет, со тоа не го "расипувате" одморот, туку само одвојувате десетина минути за да се осигурате дека се оди во најдобар ред..
Замислете ситуација каде што некој ваш сајт, кој месечно прави продажби во износ од 9000 евра, е offline 10 дена додека вие сте на одмор, заради некоја ситница со хостинг и слично. Тоа е чиста загуба од 3000 евра, а да не зборувам другите последици што би произлегле од тоа..
:bravo::bravo::bravo: не го користат сите интернетот само за забава, проверување e-mail и дудлање по мсн. На некој навистина им е потребен во било кој дел од денот.
 
James

Intern
8 јули 2008
336
13
Dokolku odite vo ohrid i imate potreba od internet vi ja preporacuvam slavija (ima Wi-Fi vo blizina na hotelot Sv. Stefan) i plus malku e sredena plazata ne e loso.
Ako nekoj odi i ako saka da surfa bez da si sedne na kafe i da bara pass neka mi pise na pp go znam passot.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #24

Kafka

Intern
8 јуни 2007
128
19
ќе се обидам да дадам одговор на сите гореневедене постови

Кога го пишував топикот размислив дали е она што навистина ми фали на охридските плажи а вреди да се спомене на обој форум. И стварно заклучив дека е немањето интернет на плажите е проблемот кој што треба да се реши. Значи одам во охрид петнаеет години наназад. Ја гледам трансформацијата на плажите од тоа што беше во тоа ште е сега. Задоволен сум од услугите на шанковите, давањето фискални со секоја пијачка, згодните женски на секој шанк од друштвото со кое одам во охрид... не бев задоволен од немањето интернет и од забавата а посебно денската што охридските плажи ја нудат(за да не исбегам од темата ќе го занемарам последното што го напишав и ќе оставам неој друг да коментира).
Нели кој ми е крив што работата која што ја работам е зависна од интернет. Па лаптопот што го влечкав со мене фана прашина. Среќа што од т-мобиле им текнало да наместат интернет на мобилен телефон. Малку споро и скапо ама колку толку врската со клиентите ми е зачувана и продолжува понатаму. Значи поентата ми е немањето интернет за оние кои што навистина им е потребен па дури и на одмор додека се .

п.с (офф-топик) За туризмот во охрид мој впечаток е дека генералната слика се подобрува. (тоа што ме мачеше го кажав) Е сега дали мене ми се погоди оваа година или па стварно е така оставам на вас да заклучите.
 
trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Ako e spored zakon togas treba da ima.
Za sto da idam vo Ohrid na plaza?
1.Vodata e prljava ubiboze. Pred 2 godini me nateraa da odam vo Ohrid.... i prviot den posle plaza celo lice mi se napravi so krasti.
2.Skapo e ko da ides u Monte Carlo, so tie pari poevtino i poubavo ke si pominam na more.
3.Da idam na plaza i da moram da plakjam za lezalki po 10 evra sekoj den, zatoa sto nekoj lokalen ligus ja dobil plazata pod koncesija i ne mozes da si doneses sopstven cador i lezalka.........nema sansi
4.Koga idam na plaza idam cel den da plivam i da ne iskacam od voda........ama po site ovie gorenavedeni trosoci, zosto da trosam i za mobilen koga mozam bezpari da praam muabet od mobilen na Skype. A ako nema internet uste poskapo ke se fati.

Zaklucok........zaebi Ohrid..........i taka ne go biva.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,548
Мислења
823,101
Членови
28,060
Најнов член
DamjanTaso
На врв Дно