• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Интернетот ќе го надмине радиото со реклами

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Водечките маркетиншки лица прогнозираат дека во следната година интернетот ќе го надмине радиото според бројот на реклами кои се објавуваат.

Британската маркетиншка компанија „Зенитоптимедија“ тврди дека во 2008 година уделот на интернет во вкупните реклами ќе биде зголемен на 9,4% од овогодишните 8,1%, а радиските реклами ќе опаднат од 8,2 на 7,9 проценти.

Тврдењата се дека и покрај успорувањето на светската економија, се очекува зголемување на рекламирањето пред се поради претседателските избори во САД, Олимписките игри во Пекинг и ЕУРО 2008 во фудбал.

Проценките се дека потрошувачката за реклами ќе биде околу шест милијарди долари.

Земјите од Источна Европа и Азија, без Јапонија, оваа година имале водечка улога во развојот на рекламниот пазар, додека развиените држави имале само благ пораст.

A1
 

Dare

Intern
8 април 2007
141
2
мислам дека сево ова зголемување во квантитет еден ден ќе експлодира како балон кој секој ден се полни се повеќе. Мора да се развие некој релевантен маркетиншки модел. На секого му е здосадено да гледа реклами со производи за кои воопшто не е заинтересиран гледано од перспектива на клиентот.
 

Медиа

Intern
29 ноември 2007
24
0
мислам дека сево ова зголемување во квантитет еден ден ќе експлодира како балон кој секој ден се полни се повеќе. Мора да се развие некој релевантен маркетиншки модел. На секого му е здосадено да гледа реклами со производи за кои воопшто не е заинтересиран гледано од перспектива на клиентот.
Како кажа, божем тепаат кој нејќе реклама. А секојдневно се плаче дека клиентите треба да ја развијат свеста кон интернет адвертајзингот.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,518
Мислења
822,423
Членови
28,049
Најнов член
Mandej
На врв Дно