Интернет во контактни леќи

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Терминатор користеше бионички очи за зумирање на метата и пред себе креираше виртуелни табели со податоци. Како што тргнало, со помош на специјални леќи и ние ќе можеме да сурфаме на интернет, а на шофершајбната од автомобилот да го следиме сообраќајот околу нас.

Станува збор за контактни леќи со интегрирани метални конектори - уред кој поседува електронски чип и диоди кои емитираат црвена светлина за дисплеј. Научниците од Универзитетот во Вашингтон успеаа да ја сместат микроскопски ситната технологија во флексибилни и биолошки безбедни контакт леќи со имплементирана електроника и светло. Леките веќе се тестирани на лабараториски зајаци кои ги носеле 20 минути без несакани последици.

Идејата на научниците од Вашингтон е користењето на бионички очи да биде едноставно како при употребата на контактни леќи, а мора да се води сметка и материјалите да бидат биолошки безбедни за телото на човекот. Тенките и флексибилни материјали кои се употребуваат во производството на контактни леќи се прилично деликатни, а стандардните електронски чипови не се од природни материјали. Притоа, создаваат и зголемена температира и токсични хемикалии.

bionickilekixx3.jpg


Поради овие причини, научниците создале чип составен од нанометарски тенки метални влакна со интегрирани светлосни диоди на секоја третина од милиметарот. Целиот систем е сместен на тенок слој од флексибилна пластика.

"Очите на Терминатор" во реалниот свет ќе бидат употребувани за многу попрактични причини од "скенирање" на непријателот. Бионичките очи можат да им помогнат на луѓето со оштетен вид, можат да послужат како холографски панел за управување со возило, па дури и за сурфање по интернет. Производителите на видео игри ќе можат да ги користат овие леќи за да ги внесат играчите во целосно виртуелен свет без рестрикција на движењата. Кога станува збор за комуникацијата, луѓето ќе можат да пребаруваат на интернет на свој личен, за другите невидлив дисплеј.

Извор: Кајгана
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
44,045
Мислења
870,725
Членови
30,377
Најнов член
Alfonso
На врв Дно