1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Интернет, ТВ и тел а еден лан кабел

Дискусија во форумот 'LAN // WAN // MAN // PAN // CAN' започната од gokica, 25 Јули 2019.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    Здраво другари,

    Телеком рутер (ДСЛ а не оптика) треба да се постави во кутија над врата. Од кутијата излегуваат LAN кабли по соби (пуштени низ ѕидови). Каблите доаѓаат до утичници кои имаат по еден телефонски и LAN приклучок.

    Од главната линија на телеком до рутерот оди телефонски приклучок (ЛАН кабел кој потоа е поврзан на помал конектор.

    Од рутерот излегува ЛАН кабел за ТВ и има уште три слободни порти. Исто има и излез за фиксен телефон.

    Прашањето ми е дали преку еден LAN кабел е добро да се поврзе ТВ и фиксен телефон. И дали има некое чаре преку тој еден ЛАН кабел кој е пуштен низ ѕид да се поврзе и интернет т.е. друг рутер или свич па да дели понатаму?

    Благодарам
     
  2. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,116
    4,271
    4 ноември 2013
    Машко
    Со еден лан кабел можеш да поврзеш интернет и телевизија или интернет и телефон иииили телевизија и телефон (ова со телефонов не сум баш сигурен, мислам дека конекторите за телефон имаат потенки влезови за жици... не ме држи за збор). Се што треба да направиш е да го поделиш лан кабелот на 2 дела, односно 4 жици за телевизија и 4 за интернет. Нема да имаш никаков проблем.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    Благодарам за експресниот одговор. Тоа ми требаше. Ќе пробам да средам па ќе пишам како поминало.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  4. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    506
    407
    20 ноември 2013
    Машко
    Кафеавиот пар од кабелот не се користи така да пушти телефонот преку него а другите во рутер за интернет.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,116
    4,271
    4 ноември 2013
    Машко
    Ако ти треба помош/совет додека работиш, барај ме.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,954
    1,176
    5 oктомври 2007
    Машко
    3те работи одеднаш на 1 лан неможе. Било кока комбинација од 2 може, со мало ограничување дека мрежата ќе ти биде до 100mbit а не ако сакаш и гигабит.

    Sent from my Redmi Note 4X using Tapatalk
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,379
    10,159
    13 Јуни 2009
    Супер. Благодарам. Интернетот сега е катастрофа на бакар а и кога ќе донесат оптика по неколку месеци пак ќе биде пакет 60/60 така да гигабит интернет од матичен рутер нема да треба.
     
  8. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,501
    3,404
    11 Декември 2008
    Машко
    За 2 мислам може за 3 на еден кабел тешко.
    Кај мене е така со еден кабел идат 2 работи низ него (мах-тв ресиверот и вториот рутер у друга соба).
    Монтерот од телеком ги направи тогаш, се изнамачи човекот рече кабелот бил некој подебел квалитетен и не му влегуваа жичките во конекторите убаво, ама ги опраи некако.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. null_ptr

    null_ptr
    Gaining Experience

    506
    407
    20 ноември 2013
    Машко
    @olikomerc cat6 кабел со cat5 приклучок? :)
     
    На olikomerc и gokica им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...