1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Интернет провајдер во 2019

Дискусија во форумот 'Интернет провајдери' започната од gokica, 4 Март 2019.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Имаме дискусии во повеќе теми но ете сакав една сублимирана ако може, во која би споделувале искуства и насоки околу изборот.

    Користам интернет од Телеком. Оптика 50/50 и сум задоволен од стабилноста. Сум немал интернет само заради невреме. Брзините се горе доле тие и никогаш не сум забележал да паѓаат до минимално загарантираните.

    А константноста/квалитетот на услугата ми е значајна. Снемување на интернет, намалување на брзини и слични работи би ми пречеле значајно.

    Во моментов живеам топанско и наскоро се селам во центар.

    Какви се вашите искуства со интернет провајдерите? Дајте препораки дали да мигрирам кон друг провајдер кој е поефтин, поефикасен и сл.?

    Сакам да ставам анкета ама не сум во тек дали освен Телеком, ВИП, телекабел и неотел има други провајдери.

    Едит: коинциденција но баш како што барав анализа:

    Кој мобилен оператор нуди најдобри пакети и услови? Анализа на Институтот за развој на електронски компании ⋆ IT.mk
     
    На Krkac, emsss, mkextremer и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,045
    1,096
    6 Декември 2016
    Машко
    Телекабел 40/40 веќе повеќе месеци.
    Цена - 1000 денари месечно.

    Немам никакви замерки, некогаш брзината оди и над декларираните вредности.
    Никогаш немало прекин на услугата.
     
    iface, Astraion, mkextremer и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    794
    718
    27 Април 2010
    Машко
    Ако бараш добар интернет само и поголема брзина и лимит јас би ти ги препорачал НЕОТЕЛ.
    300/300 пакетот ми е со интернет + телефон фиксен, а за телевизијата незнам и нејќам да коментирам.
    Стабилноста е топ освен тоа што се рестартира интеренетот да си смени ип адреса не сум имал прекин никаков до сега, но ова истово го има и на телеком.
    Лимитот е 5ТБ што мене ми е најважно и само ради тоа не сум на телеком но и ради брзината која ја нуди и цената.
    Телеком си држи монопол да но брзините им се малце спорички за цените кои ги нудат.
    Ова ти го кажувам во врска со тоа што ако ставаш појак пакет на неотел може и попуст да ти дадат исто како и телеком што дават зависно од што бараш.
    Сето ова ти испаѓа од избор ако не си голем корисник т.е да трошиш ГБ или ТБ месечно и тогаш телеком ти е топ избор и ти препорачувам на тоа да си останеш.Оптиката е најдобро нешто како конекција што го имаме во македонијава наша.Не за џабе оне вип набрзинка ја раскопаа цела автокманда и карпош како што знам да стават одма оптикчки кабли нивни и ова го прават со драстична брзина бидејќи увидоа дека не можат веќе ни со неотел да се рамнат во рамките на добар интернет.
    Не ме сваќај погрешно ти давам избор и лично мислење немој да ме тепате одма сите на форумов што како било али јас од ферари на тротинет не се враќам назад.
     
    Majestic, mkextremer и на gokica им се допаѓа ова.
  4. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    478
    408
    12 ноември 2013
    Горе доле истиве пофални зборови би ги кажал за Телеком. Само малце ме боли фактот затоа што имав оптика меѓу првите згради во државава. Сигурно има поминато над 10 години и тогаш имав 40/40 брзина, а денес имам 50/50. Во тоа време беше научна фантастика 40/40 во споредба со сите што ги знаев имаа ADSL до 8 mbps. И сега после толку многу години, толку ситен апгрејд на брзина. А, баш во време кога конкуренцијата нуди пакети 100/100, 300/300, 1000/1000.
     
    Necromancer, Ragnar и на gokica им се допаѓа ова.
  5. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,039
    1,186
    9 Јуни 2015
    Машко
    vip користам повеќе од 2 години, 30/1 брзина и сум презадоволен. многу многу ретко да снема интернет, а и кога има хаварија за неколку часа се решава.
     
    На DonFrozex и gokica им се допаѓа ова.
  6. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,020
    836
    4 Февруари 2014
    Машко
    Во тотално иста ситуација сум.

    Имав во Охрид ставено 40/40 оптика, но имав голем проблем кога се приклучував преку Wi-Fi, исто како да нема интернет.
    Дали е истата ситуација и во Скопје со Wi-Fi-во?


    Дали имаш забележано на колку часа се менува IP адресата?
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,045
    1,096
    6 Декември 2016
    Машко
    Тогаш би било до твојот рутер, нема логика да се јавуваат проблеми кога би се користело преку wifi.
    Не нудат Телекабел оптички терминал со wifi можности.
     
  8. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    794
    718
    27 Април 2010
    Машко
    Сигурно е се дешава некаде од 6 до 10 часа е сега најсигурно не сум мерел али сакам да кажам дека обавезно се рестартира и тоа го имам приметено но се имам помирено со тоа и не ми смета бидејќи подобро е да се смени ип адресата него да ми ја блокираат па да не можам да работам на раат и играм на сервери или пак да ме тера да пополнувам капча или други ситници.Е сега не дека не ме терало да пополнувам тоа ми се има дешено на rar.bg вика дека ипадресата ја детектира како прокси но чим рестартирам рутер потоа пак си влага директно на страната без да пополнуваш букви пред да влезеш на страната.А за се друго брзината торенти идат со 30 до 34мб зависн одо седери уплоад исто кога некој ќе се закачи ти го корне максималниот иплоад така да за тие кои коиристат торенти каде мора да бида сидери ќе продонесуваат бааги :)
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Колку што имам забележано телеком сменува IP еднаш на 24 часа. 5 до 10 минути после полноќ.
     
  10. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,020
    836
    4 Февруари 2014
    Машко
    На секои 12 часа менуваат, на 50/50 пакетот сум. 12h одбројувањето почнува одкако ке го ресетираш рутерот.
     
    На Skorp и gokica им се допаѓа ова.
  11. VerGer

    VerGer
    On your way to fame

    549
    525
    9 ноември 2016
    Машко
    ИТ
    ако не сум грешка, зависи кога си конектиран, а не фиксен термин за сите .. иначе да 24 часа држат одамна, еден период имаше само кога скратија на 12 поради капацитет пред неколку години
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  12. smole

    smole
    Unstoppable

    2,953
    3,292
    18 Април 2007
    Неотел е ок само не можат да направат bridge на нивниот рутер до твојот па твојот да бира PPPoE туку го ставаат како DMZ и се дешава double NAT - не можеш да пристапиш до рутерот од надвор. Стаблиност ок, од 100/100 добивам стално 90/90.

    Телекабел 40/40 имам на 2 места - таа брзина и ја добивам и имам модем. Рутерите кои имаат оптика и лан излез и телефон им се најголемо срање и не ги бива до тој степен што кај мене ставија кабловска само за да имам телефон.

    Телеком оптиката исто е ок само прескапа е за тоа што нуди.

    Што да ида се земе нема утка од операториве само после нивниот модем/рутер да се стави микротикче и за да нема главоболки.
     
    Speedster, The-spiki и на gokica им се допаѓа ова.
  13. itstheigyg

    itstheigyg
    Gaining Experience

    169
    118
    21 Мај 2017
    Користам интернет од кабелтел преку вип комбо понудата, 50/3 е и супер сум задоволен, можеле да го покачат upload-от но што е тоа е, брзините се константни 49.9 и 3.нешто
    Порано ip-то беше динамично, сега се мења на временски период најверојатно од 3,4 дена.
     
  14. acikaaa

    acikaaa
    Intern

    10
    5
    22 oктомври 2018
    Машко
    Пишав и во друга тема, до сега сум на Телеком и сум презадоволен, стабилен и брз оптички интернет со 50Mbps, и ако решиш да ставаш Телеком најди некој агент (така ги викаат агенти за привлекување на нови користиници) кои за нови корисници даваат 25% попуст за 24 месеци договор.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Foldalot

    Foldalot
    Intern

    50
    40
    19 Март 2014
    Машко
    Користам Телеком 50/50 и Неотел 100/100 истовремено. Телеком е постабилен, на Неотел им се случува да не се отвараат веб страни неколку пати во денот, со Телеком го немам тој проблем освен кога се реситира мрежата на секои 12 часа. Кај Неотел се чини дека имаат проблем со DNS серверите.

    Сума сумарум, Неотел ми треба заради брзината и повисокиот дата лимит, а во итни случаеви кога не отвара веб страни префрлам конекција на Телеком.
     
    toplel, gokica и на krema им се допаѓа ова.
  16. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    @Foldalot
    Имаш 2 приклучока дома?
     
  17. toplel

    toplel
    On your way to fame

    556
    565
    18 Август 2016
    Машко
    Тоа (неотворањето страници) е поради фактот што Неотел нудат големи брзини, а стабилноста, џитерот и загубата на пакети е огромна. Јас имав Телекабел 40/40, а тие земаат од Неотел. Три месеци не можеа да го решат проблемот со Неотел и нивната загуба на 7-15% пакети, а притоа јас ги следев константно рутите и пријавував на која адреса имам загуба на пакети и стално беше Неотел. Евентуално се откажав од понудата зошто ми беше голем проблем. Телеком имаат најдобар и најстабилен и најсигурен интернет и затоа ја држат таа цена. Еднаш на 12 саати е неприметливо.
     
    Speedster, Astraion и на gokica им се допаѓа ова.
  18. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    196
    119
    25 Февруари 2017
    Машко
    Дали има некој искуство со приклучување на ТК оптика? Кај мене (Карпош 4) до пред зграда имаат донесено црево, но од него излегува само коаксијален кабел. Ме интересира дали оптиката дополнително ја пуштаат во зависност доколку некој им побара бидејќи очигледно кај мене никој не е поврзан.
     
  19. acikaaa

    acikaaa
    Intern

    10
    5
    22 oктомври 2018
    Машко
    Во влез нема нивно сандаче? Кај мене во карпош 3 има позади зграда сандаче од кое го поврзуваат по влезови/станови
     
  20. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    196
    119
    25 Февруари 2017
    Машко
    Во моја зграда има но само внатре каде им е почајалото за коаксијалниот кабел и сплитери за кабелскиот нет/телевизија по станови.

    Како што кажав, до зградата иде само подземно црево од кое излегува коаксијален кабел само. До соседната зграда (10-20m оддалеченост) имаат и надвор поголемо ормарче е сега дали до тоа иде оптика или не не знам. Затоа ме интересираше како прават, дали низ постоечките влечат и оптички кабли.
     
  21. acikaaa

    acikaaa
    Intern

    10
    5
    22 oктомври 2018
    Машко
    Значи можно е да немаат оптика штом со коаксијален. Кај мене се оптика и позади зграда главните ормарчиња и по влезови со оптика влегуваат. Мада чудно ми е да немаат оптички во карпош 4
     
  22. apo808

    apo808
    Intern

    40
    17
    16 Август 2016
    Машко
    некој на телеком 300/300 опцијата да ја пробал па да сподели искуства?
     
  23. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,020
    836
    4 Февруари 2014
    Машко
    300/300 со 1тб лимит? :D
     
  24. DemoUser

    DemoUser
    On your way to fame

    794
    718
    27 Април 2010
    Машко
    Телеком ви е излез за интернет само ако барате стабилност 95% се друго едноставно кај нив е прескапо.
    Лимитот за download им е катастрофа цените на пакетите катастрофа.
    Јас искрајно не дека ги фалам неотел али презадоволен сум од нив за тоа што го нудат за парите немам никакви поплаки.
    Нормално неотел дур го стигнат телеком има уште да јадат фурни али спрема тоа што го нудат и стабилноста која јас ја добивам од нив сум презадоволен.
    Јас незнам како не трошите 1ТБ јас само симнувајќи серии и други ситници трошам 1ТБ, а не па уплоад.
    Кај и да е издржете вип работи убрзано на оптичката мрежа ќе имате наскоро во некои ренои и вип оптика до дома.
     
    На SmartGuru му/ѝ се допаѓа ова.
  25. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,020
    836
    4 Февруари 2014
    Машко
    Причај :D
     

Сподели

Вчитување...