- Ја почнал/а темата
- #1
Ја следев дискусијата за интернет прелисувачите и сакам да започнам една нова тема и сакам да ги слушнам вашите мислења. Од анкетата забележав дека Opera ја користат само 12-тина проценти од корисниците. Од друга страна пак, читаме какви се нагодувања треба да се направат за да се ослободи малку системска меморија што ја зафатил Firefox (за што и сам тврдам дека без разлика на сите погодности што ги нуди, побарува мнооогу ресурси), или пак колку безбедносни дупки има IE и дали умира. Opera 9.2 е бесплатна, ја има и на македонски, и сосема солидни перформанси за малку ресурси. Сакам да ги слушнам вашите размислувања и дали не е време малку да се ослободиме од „дуополот“, бидејќи веќе има богата понуда...еве баш налетав на нешто што се вика World Browser 2 и сосема солидно си ја врши работата.