• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Интернет Оперативни Системи

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5.108
296
www.gorjan.info
Еве решив да направам рецензија, како за онлајн игри, така и за интернет оперативни системи.
Барајќи по интернетов, налетав на повеќе вакви проети, но само мал дел од нив сеуште работат и се оддржувани од членовите. Да не должам многу, почнуваме:

1. DesktopTwo

Desktop2 е онлајн систем направен со помош на Sun microsystems и е сеуште во бета фаза.

Самиот десктоп е прилично познат, со икони кои се отвараат со 2 клика.

d21.jpg


Е сега има неколку работи кои се лоши за овој ОС:
Прво тој не е Open Source и затоа има само малку апликации.
Второ, има залепено реклами горе на десктопот, кое е многу нервирачко. (види горе)
Трето, некои апликации не се отвараат правилно, т.е. се заглавуваат при старт, а пак некој се пуштаат во нови прозорци. (види доле)

d22.jpg


Оценка: 6/10

---------------------------

2. eyeOS (или мојот OSwebX)

Како со Канева, овој е мојот омилен интернет ОС.
окоОС :D, е Open Source интернет оперативен систем кој е направен со помош на PHP и flash. Но тука доаѓа интересниот дел.
Можете да си направите акаунт на јавниот сервер и да го користите од таму, но можете и да го симнете и да го инсталирате на свој сервер!
Самиот оперативен систем е страшно прост за користење и модифицирање. Десктопот е елегантен и многу едноставен со икони кои се отвараат со 1 клик, а можат да се расопредат лево десно, да се избришат и да се додадат нови.

eye1.jpg


Апликации ги има многу, бидејќи е Опен Сорс. Самиот ОС има word едитор, excel едитор и presentation прегледувач, и има поддршка за Office документи.
На страницата http://www.eyeos-apps.org има полно апликации направени од членови кои може да се симнат и инсталираат на системот.
eye3.jpg


Језда е малку спор со отварање на апликациите, се друго е во ред.

eye2.jpg


За да видите колку може да се прилагодува системот, зачленете се кај мене на http://hhos.hopto.org/eyeos/


OSwebX.jpg


Самиот админ може да инсталира апликации, да ги брише, да брави и брише корисници, да става нови теми, да одредува колку место за слкадирање на податоци има секој корисник....

Оценка: 9/10
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5.748
288
Хм.... мислам дека овие не можат да се нарекуваат Оперативни Системи, затоа што им треба триста работи вклучувајќи и друг оперативен систем за да можат да работат.
 

HijackHacker

Gaining Experience
21 февруари 2008
5.108
296
www.gorjan.info
Сега за сега, така е.
Но понатаму, ако доволно се развијат, може на ПЦто да има само интернет, а тие да се користат како Оперативни Системи.

бтњ, окоОС може да се отвори и преку мобилен :)
 

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
@Aleks,
По таа логика ниту еден програмски јазик не може да се нарече така, затоа што тој се интерпретира/компајлира во..?

Нејсе... друго е поентата во WebOS. Поентата е во тоа што се иде кон еден експериментален концепт (за кој јас лично сметам дека ќе биде НЕуспешен), со кој секој PC ќе биде испокасапен те. намален на следните компоненти:
1. Слаб процесор и малку меморија
2. тастатура (и евентаулно глушец)
3. мрежна картица
4. видео излез/и

Вакви апаратчиња веќе има цел куп. Се неракуваат set-top-box и најчесто се местат во установи од типот на болници, хотели и слични.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.139
Мислења
894.126
Членови
31.856
Огласи
326
Најнов член
MajkaTi
На врв Дно