Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Интернет маркетинг на македонските портали!

didi

Intern
5 јуни 2007
15
1
Би сакала да отворам тема и воедно малку да ги "поругам" македонските портали кои, како што забележувам, користат само банери како Интернет Маркетинг инструмент.

Пратете барање за достава на маркетинг понуда до било кој наш портал и ќе ви вратат само screenshot со позиции на банери и цени ?!?!???

Што се случи со останатите инструменти? Што се случи со е-маил маркетинг на таргетирани целни групи, е-весници за промоција, интерактивни промотивни содржини па дури и со едноставни герила маркетинг тактики кои можат да ги применат????? итн итн...

:zbunet3:
 

jpetrov

Intern
19 мај 2007
136
0
Супер тема.

Но освен httpool.com.mk и нема некоја конкуренција на интернет маркетинг пазарот?
 

darko_spir

Intern
6 јуни 2007
3
0
Пофалба

Само што ја прочитав темава. БРАВО! И морав да се логирам на вашиот форум за да пофалам еден наш портал од аспект на Интернет маркетинг.

Сигурно го знаете порталот Каде Вечер (www.kadevecer.com.mk), но веројатно многу малку од вас го имаат посетено нивниот дел Маркетинг.

Јас како студент на е-бизнис, си чепкам по тие делови... и ептееенн браво за Каде Вечер. Мислам дека се единствени кои се залагаат во поглед на Интернет Маркетинг! И многу се професионални...

А имам забележано и дека користат некој софтвер за разговор со посетителите. Еднаш сакаа да ми доделат гратис преку chat прозорче :))

:bravo: :bravo: :bravo:
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net

didi

Intern
5 јуни 2007
15
1
Супер тема.

Но освен httpool.com.mk и нема некоја конкуренција на интернет маркетинг пазарот?

Да, точно :bravo:

Ама мислам дека не мора да биде вклучена Интернет маркетинг агенција за да се прави нешто на тоа поле... потребно е само малку читкање, многу benchmarking (значи, споредување со главните батки во светски рамки) а и малку out-of-the-box thinking.

Мислам дека проблемот е друг.

Да земеме како факт дека на врвот на популарноста во Македонија од порталите се оние со забавни содржини (да не набројувам)... Скоро сите од нив имаат бизнис модел базирано на: посурфај малку кога ќе имаш време и најди си ново и интересно смешно клипче и направи пост... ако прочиташ некој трач за некој познат, преведи го (или дел од него ако има многу) и еве ти уште еден пост. Еее ... еве една добра игричка, ќе ставам линк. Ајде да најдам сега некое истражување од типот на тоа дека научниците утврдиле дека пушењето цигари влијае на сперматозоидите.... :muahaha: и I'm done. Добро, сега... од време на време додаваат и по некој наш трач, ама без да напишат од кај го ископирале :chudenje:

Чудо е колку само немаме македонска веб содржина... ама тоа е друга тема..

Епа.. ако немаат уште од старт македонска и релевантна содржина, каков Е-весник би испраќале, каков infomercial (камуфлиран рекламен текст) би поставиле, на што би поставиле watermark (кога ништо не е во нивна сопственост), а да не зборувам како нешто понапредно - не можеш да таргетираш персонализирана реклама според страници на кои бил посетителот, кога содржината не ти кажува ништо за него.. туку дека само сака да прочита нов трач :rolleyes:

Епа, Дарко :)) затоа и порталот Каде Вечер има такви облици на Интернет маркетинг. Зашто создава нова и релевантна содржина, си става watermark на сликите и видеата кои си ги прави и дава гратиси преку софтвер кога ќе види дека некој ја чита статијата на таа журка и др. иницијативи.

А HTTPool кај нас (како што гледам), претежно ги има земено "лесните" клиенти - порталите на весниците и на некои други портали на кои не им се замара и ги "опслужува" со банери (добро, освен една кампања во која имаше pop-up банер)..

:naopaku: се читаме пак.. пишете ми што мислите...
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Хехех, ај да не те цитирам Didi, интересен пост.

Блоговите се во подем во Македонија, би требало да сменат нешто, колку - толку ;)
 

Lavot

Intern
24 април 2007
37
0
Јас не би се сложил многу со горенаведените аргументи.
Или освен евентуално ако www.taratur.com не е земен предвид.
 

darko_spir

Intern
6 јуни 2007
3
0
Каде Вечер победи

Да, Didi, u'r right! А баш бев пријатно изненаден... Каде Вечер победиле во категорија е-забава на World Summit Award 2007.

Браво дечки... заслужувате...:bravo:

А Lavot, сум чепкал и на taratur.com и не сум забележал некои не-банер интернет маркетинг иницијативи ?!?!?
 

Lavot

Intern
24 април 2007
37
0
„Освен стандардниот банер простор, нудиме можност за спонзорирање на рубрики, спонзорирани статии, анкети и организираме наградни игри.
Ние сме отворени за секој друг вид на маркетинг соработка.“

Ова е извадок од маркетинг страната на Таратур.

Како што може да се забележи, во тек е акцијата Подаруваме книга, која се реализира со издавачката куќа Ѓурѓа.

Покрај тоа, развиена е соработка со Литиум рекордс и со клубот Кастро и се доделуваат гратис влезници за некои музички збиднувања.

Први во Македонија (претпоставувам и единствени) нудиме спонзорирање рубрика, која нуди цел пакет од маркетинг услуги.

Но, не би било добро сега да навлегувам премногу околу деталите....
 

GoranD

Intern
29 мај 2007
19
0
Каква сопствена реклама. Одлично за Каде Вечер!

И Паноптикум (www.panoptikum.com.mk) освен банерисување користи други методи на рекламирање. Знам дека имаат и е-весник.

Но прашањето е друго дечки: знаат ли фирмите кај нас за можност за рекламирање на интернет? Овој вид на реклама треба да се користи масовно особено од фирмите со „мал буџет за реклама“. Напротив, по инфо сајтовите банерчиња и друг вид реклама поставуваат само големките.

Можеби дискусијава да ја свртиме на страна на тоа како фирмите да се натераат да се рекламираат на интернет. Ако има интерес од фирми, тогаш и порталите ќе иновираат разни начини на рекламирање.

Или грешам?
 

simonovski

Intern
11 јуни 2007
5
0
Брендирана секција

„Освен стандардниот банер простор, нудиме можност за спонзорирање на рубрики, спонзорирани статии, анкети и организираме наградни игри.
Ние сме отворени за секој друг вид на маркетинг соработка.“

Ова е извадок од маркетинг страната на Таратур.

Како што може да се забележи, во тек е акцијата Подаруваме книга, која се реализира со издавачката куќа Ѓурѓа.

Покрај тоа, развиена е соработка со Литиум рекордс и со клубот Кастро и се доделуваат гратис влезници за некои музички збиднувања.

Први во Македонија (претпоставувам и единствени) нудиме спонзорирање рубрика, која нуди цел пакет од маркетинг услуги.

Но, не би било добро сега да навлегувам премногу околу деталите....

http://www.kadevecer.com.mk/index.php?option=com_news_portal&task=section&id=4&Itemid=11866

Брендирана секција "Не Биди Беэ Врска" на порталот Каде Вечер.

Не само со Кастро туку и со сите останати клубови има соработка и се доделуваат гратиси.

Нема ни јас да навлегувам во детали само погледнете го линкот и видете од кого е преэентирана секцијата и на кој начин, е вакво нешто нема на друг сајт во државава :bravo:
 

didi

Intern
5 јуни 2007
15
1
Back in track... :)))

10x за админ-ите на форумов... кога ја спомнав квалитетната и оригинална содржина како предуслов за многу интернет маркетинг иницијативи, не претпоставував дека ќе почне препукување од страна на порталите.. ама како и да е..

Сите админ-и на порталите веројатно сфатиле дека од copy-paste, copy-paste нема леб на долг рок... па ќе го оставиме овој муабет на страна ..

Инаку комплетно се сложувам со GoranD за муабетот... ама Горан, размисли во колку само такви ситуации има чекај-да-се-случи-ова/она момент и тргни-повлечи ) ситуација во која секоја од двете страни чекаат на другата.

Само како пример: секаде читам дека мал процент луѓе користат Интернет во Македонија, и како главна причина било тоа што немало релевантна веб содржина, а таа содржина не се создава зашто има малку Интернет корисници.... ?!?!?!

..... во врска со муабетов.. мислам дека повеќето од порталите (па и блогерашите со аспирација да прераснат во портал) во Македонија почнуваат премногу амбициозно и со идеја и желба да бидат први во нешто и на краток рок да заработат... Колку пати сум слушнала – еј, имам идеја за ваков / таков вебсајт и може многу да заработам... и тргнуваат од фактот: види го Он.нет колку заработува од банерите... и јас можам...

И од старт бараат многу нереални цени за банерите! (сум се чудела за некои цени). А кога нешто не е win-win ситуација – не успева на долг рок… па и да земат некои иницијални клиенти за банери – истите за кратко ќе сфатат дека нема целисходност на целата иницијатива..

Епа сега... замислете како размислува страната на клиентите / нивните маркетинг агенции!

Луѓе – успорете малку – добро е да бидеш мотивиран со нешто, ама согледајте реално како е / што е.... Мислам дека би се нашле многу клиенти за интернет маркетинг услуги по реални цени, поврзани со тематиката на порталот – и само така би било win-win ситуација и и двете страни повеќе нема да чекаат на другата да смени нешто...

... барем јас така мислам.... кажете ми што мислите...
 

Lavot

Intern
24 април 2007
37
0
Прво не е проблемот во копи-пејст или нешто слично. Верувај дека и во т.н. поразвиен свет е истото, агенциските вести секаде исто се пренесуваат, евентуално на уредникот му се остава простор да промени нешто во воведот, да додаде нешто или да направи некоја актуелизација со домашните настани. Така функционира тоа секаде. И не е исклучок и не може да биде Македонија. Што треба да прават мак. портали, да измислуваат стории?

По муабетов овде излегува дека вие сакате можеби да прават научни и истражувачки студии или не знам што такво, небаре МАНУ или државна институција е во прашање. Во однос на нашата сила, ние (Таратур.ком) често објавуваме постудиозни фељтони на определена тематика, но тоа е се со овој екипаж што може да се направи. Вратите за сите се отворени и да не употребувам клишеа, ама доколку некој сака е добредојден да се вклучи во било кое поле.

Инаку знам дека има многу амбициозни типчиња што знаат дека можат и тие како некои успешни, но верувај дека тие или се откажани сега, или ќе се откажат набрзо, затоа што ова не е заебанција. Таратур пример, постои од јануари 2006 и дневно на него се работи по 10 часа, без оглед на празници, викенди и сл. (со ретки исклучоци). Маркетинг цените се неколку пати поевтини отколку кај другите портали, а ќе вклучиме и принцип на наплата кој постои секаде во светот (и е најреален, а кај нас намерно се запоставува). Претпоставувам дека ви е познат принципот на наплата по прикази или импресии. Во тој случај, нема крадење-лажење, сето е буквално, колку пари - толку музика.
Но, и покрај ова, еден предходен член напомна, дека треба да помине некое време, на чело на некои компании да застанат луѓе што знаат што е интернет, што знаат што се 5-10.000 посети дневно, што знаат дека еден месец на таков портал вреди 10 пати повеќе отколку една четвртина страна во дневен весник, а чини отприлика исто.

Е, па сега ....
 

simonovski

Intern
11 јуни 2007
5
0
Маркетинг цените се неколку пати поевтини отколку кај другите портали, а ќе вклучиме и принцип на наплата кој постои секаде во светот (и е најреален, а кај нас намерно се запоставува). Претпоставувам дека ви е познат принципот на наплата по прикази или импресии. Во тој случај, нема крадење-лажење, сето е буквално, колку пари - толку музика.
Но, и покрај ова, еден предходен член напомна, дека треба да помине некое време, на чело на некои компании да застанат луѓе што знаат што е интернет, што знаат што се 5-10.000 посети дневно, што знаат дека еден месец на таков портал вреди 10 пати повеќе отколку една четвртина страна во дневен весник, а чини отприлика исто.

Е, па сега ....

За импресиите колку само се сложувам со муабетот, браво :bravo: и точно е дека треба време да помине само уште останува прашањето дали можеме да направиме нешто за да го скратиме тој период на чекање?
 

Lavot

Intern
24 април 2007
37
0
Сигурно дека може да се направи. Мора да се презентираат поефективно можностите што ги нуди интермет маркетингот пред потенцијалните субјекти. А, за тоа постојат повеќе начини....
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
само уште останува прашањето дали можеме да направиме нешто за да го скратиме тој период на чекање?

Во моментов правите :)
Подигање на ИТ (па и Е-Маркетинг/Бизнис) свеста на граѓаните во Македонија беше една од главните цели за создавање на форумов (и оваа категорија). Што поголем број на луѓе треба да дојдат до реални податоци и да сфатат што всушност се случува во развиениот свет. За некого е пречка јазикот, други не се доволно заинтересирани поради лоши гласини, итн.
Што повеќе се дискутира на ова поле - толку подобро за сите.

Секако, како што кажа и Lavot, постојат и други начини, ова е само еден од нив :da:

:naopaku:
 

Menderez

Intern
2 јули 2007
4
0
Zdravo decki, jas mislam deka nekoj ovde spomna deka se raboti za besplaten sonovnik, sto e dobro, a ne kako ovie po TV kanalite koi naplakaat po 35 den + DDV za obicna glupost.

Mislam deka bi bilo fer dokolku ostane ova, zato sto pokraj toa sto e besplatno, toa voopsto ne preci. Jas ja vidov stranata i bas e dobra.

Pozdrav i mnogu mi se sviga ovoj forum.
 

Menderez

Intern
2 јули 2007
4
0
Да, Didi, u'r right! А баш бев пријатно изненаден... Каде Вечер победиле во категорија е-забава на World Summit Award 2007.

Браво дечки... заслужувате...:bravo:

А Lavot, сум чепкал и на taratur.com и не сум забележал некои не-банер интернет маркетинг иницијативи ?!?!?
:ua: Mozebi gresam, no kolku sto mozam da vidam, ova mi lici na "Powered By Joomla" asocijacija.

Prasanjeto e, dali wsa.org.mk vo predvid zele samo joomla web strani ili i drugi???
 

GoranD

Intern
29 мај 2007
19
0
... ама Горан, размисли во колку само такви ситуации има чекај-да-се-случи-ова/она момент и тргни-повлечи ) ситуација во која секоја од двете страни чекаат на другата.

Само како пример: секаде читам дека мал процент луѓе користат Интернет во Македонија, и како главна причина било тоа што немало релевантна веб содржина, а таа содржина не се создава зашто има малку Интернет корисници.... ?!?!?!

Муабетот „колку се користи“ е посебна приказна сама за себе... Се сложувам со повеќе коментари од форумов дека е потребна едукација. Јас имам искуство во барање на рекламчиња од фирми за веб страни и други форми на е-медиуми. И во контакти со фирми, и во контакти со маркетинг агенции кои застапуваат фирми и ФИРМИ, најчестиот коментар е: што ќе ни е тоа, пуштаме реклама на ТВ и супер ни е. А од друга страна, веќе постојат веб страни со голема посетеност (според критериумите за „македонскиот интернет простор“).

Она што го добивав како коментар од маркетинг агенции во изминатиот период беше „која би била причината со која ќе ги убедиме нашите клиенти да се рекламираат на интернет?“. Е овој одговор додека не е расчистен, залудно е се.

Кај фирмите дури сега почнува да се размислува за правење на сопствен сајт! Мислам на солидно спакуван, со постојано внесување на свежи содржини и други опции кои се вообичаени и стандардни за сајтови. Веројатно следен чекор е констатација за потреба од е-маркетинг (вклучително е-промоција).

Главен момент за мене во врска со употребата на е-маркетинг е зачестена употреба на е-трговија. Само така може да се разбуди овој „мртов“ простор. А за е-трговија... ЌЕ НЕ БИДЕ, ШТО ПА НИЕ БРЗАМЕ... во овој или следниот живот...ама ЌЕ БИДЕ. Со фиќо или ферари, ал ќе стигнеме де... Ехеееееее
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2.599
65
andrijeski.net
Она што го добивав како коментар од маркетинг агенции во изминатиот период беше „која би била причината со која ќе ги убедиме нашите клиенти да се рекламираат на интернет?“. Е овој одговор додека не е расчистен, залудно е се.

Многу лесно и јасно може да се одговори на тоа :) За мене е расчистен одамна.

Причината е општо позната и интернет експлузивно ја нуди :) (не ми текнува на друг медиум во моментов кој би нудел нешто слично)

24 часовна достапност 365 дена во годината. Постојана реклама. Реклама која може да се види од било каде во светот и во секое време. Зарем е малку?

Колкава е цената за целосна изработка на просечна web страница за компанија? -Колку што е претлата за A1 billboard. За колку време? 5 пати на ден по неколку секунди текст+слика страница на телевизија во тек на 1 месец наспроти 24 часовна достапност во текот на цела година, со безброј информации, слики, звуци, видеа и интерактивни анимации.

Не, ова не беше причината, само предноста :) Причината е зголемување на профитот на компанијата која се рекламира. DUH! Интернет маркетинг можеби нема да ја изгради компанијата и да направи чудо! Ама hello! Сигурно ќе помогне!
 

GoranD

Intern
29 мај 2007
19
0
Ахм... Сето ова и многу други зборови во не помалку од 30 минути монолог. А после таков „разговор“ со одредени претставници од поголемите агенции, ШТАМА! Никаков понатамошен муабет на тема „дали договараме промоција на интернет или не“.

Не ме терај да ти пастам повеќе од 3 страни подготвени причини и споредби зошто „ДА“ наспроти default одговорот „НЕ!“ :bravo:
 

GoranBT

Баниран/a
31 јули 2007
40
0
5ка

Пофалби до размислувањата на сите учесници во овој дел на форумот особено до Goran, Dijana, Adrijeski, Darko.

Јас се викам Горан и вчера добив кабловски Интернет а живеам во населбата Баир во Битола во која коцкарството, гулабарството и пијанството се главните доблести на корисниците на животниот простор кој секојднено го споделуваме. Е-маркетингот во Македонија е како Интернет пристап во мојата населба и како топла вода во Охридско езеро...

Но како и да е нема пари од е-маркетинг се дури цените за огласување се високи колку и желбата за профит на сите сопственици на забавни портали. Нема пари се дури не се изврши репрограмирање на националната бизнис свест. Нема пари за сите нас кои мислиме дека можeме да заработиме од глупи банерчиња и AdSense реклами поставени на нашите free host joomla enabled sites. Нема пари за нас а има за НИВ!

Новиот производ и услуга мораат да бидат иновативни и да користат маркетинг стратегија на пониски цени. Ова сите го знаеме но не гледаме на е-маркетингот како услуга која треба да има ниска цена. Моето видување на оваа тема е дека треба да се формираат независни интернет маркетинг агенции од страна на млади и амбициозни "курнази" кои засекогаш ќе ги избришат скапите понудувачи на рекламен простор од лицето е-маркетинг светот.

1800 евра за банер на ОНН НЕТ !!! цело богатство.... 1000 на Кајгана - срамота !!!!

Темата е одлична и на место а е-маркетингот го има и ќе го има како и Интернетот кај мене дома а за топла вода обрати се во хотел Метропол.
 

GoranD

Intern
29 мај 2007
19
0
Интересна споредба! Но не се согласувам со некои стварчици...

Но како и да е нема пари од е-маркетинг се дури цените за огласување се високи колку и желбата за профит на сите сопственици на забавни портали. Нема пари се дури не се изврши репрограмирање на националната бизнис свест. Нема пари за сите нас кои мислиме дека можeме да заработиме од глупи банерчиња и AdSense реклами поставени на нашите free host joomla enabled sites. Нема пари за нас а има за НИВ!

Каде стои дека е-маркетингот е маркетинг со ниска цена??? Кое е тоа правило кое треба да биде почитувано, Горан? Ако има те молам дај ми извор на информација да прочитам. Не дека се согласувам со наведените суми за спомнатите сајтови, тоа е нивно право за колку и што ќе продаваат од нивните сајтови. Не биди сигурен дека токму тие цени се и вистинските кон рекламерите!

А каде е проблемот со free host joomla enabled sites? Кој е проблемот со Joomla? Битна е машината и јазикот кои стојат за сајтот или содржината на сајтот? Што е важно каков е хостингот?

Ако негираме бесплатни алатки за правење на моќни сајтови, или бесплатен хостинг, тогаш како ќе го коментираме профитирањето на многу познати светски новинари кои преку свои блогерски бесплатни сајтови заработуваат огромни суми на пари исклучиво преку банери и никаков друг вид на промоција?

Не сум поддржувач на „Он.нет“ сајтови. Но сум присталица за содржина и изглед на сајт, направен на било каков начин. Но исто така не сум убеден дека само и само забавни сајтови се сајтови за интернет публика. Httpool на пример многу повеќе „цени“ бизнис ориентирани сајтови отколку „инфо“ сајтови (во која група спаѓаат токму многуте „Он.нет“ oriented т.н. портали).

ЗА оригинален изглед и содржина на сајт! Само така може и правилно да се оформи „квалитетен“ пазар за е-промоција - голема посетеност, висока цена, ТИМ на едитори на сајт, профитирање....
 

darko_spir

Intern
6 јуни 2007
3
0
:ua: Mozebi gresam, no kolku sto mozam da vidam, ova mi lici na "Powered By Joomla" asocijacija.

Prasanjeto e, dali wsa.org.mk vo predvid zele samo joomla web strani ili i drugi???

Здраво Menderez,

Како што се сеќавам, на натпреварот за WSA можеше да се пријави секој со свое решение и мислам дека влегува директно во избор. Содржината, функционалноста и придонес кон Е-општество беа главни критериуми за избор, а не платформата на која е создаден производот.

Во секој случај, насекаде во светот се користат бесплатни CMS за развивање на портали. А веројатно оваа година немало пријавени други производи за да ги засенат овие.

Поздрав. Дарко
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
49.374
Мислења
1.010.468
Членови
36.676
Најнов член
Kazanizam
На врв Дно