• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Internet Explorer 8 Beta Due in Mid-2008

Статус
Затворена за нови мислења.

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Наскоро Internet Explorer 8

Internet Explorer 6 беше издаден 2001 година, а до следната верзија, IE 7 поминаа цели 5 години. Но според последната информација од официјалниот блог на Мајкрософт, бета верзијата на Internet Explorer 8 би требала да се појави во првата половина на 2008 година. Ако во Мајкрософт успеат да ги испочитуваат роковите (што не беше случај со Internet explorer 7, Windows Vista и Office) не треба да се очекуваат радикални промени како што беше случајот со надградбата на верзиите 6 и 7.

Најмногу внимание кај новиот Internet Explorer се посветува на компатибилноста со стандардите поставени со тестот Acid2. За оние на кои не им е познато, Acid2 е тест со кој се потврдува дека експлорерот може да работи со различни стандарди и платформи. Internet Explorer 7 и Firefox 2 не го положија овој тест, но втората бета верзија на Firefox 3 го положи.

Извор:ИДИВИДИ
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Баш ме интересира колку ќе биде подобар верзија 8 во однос на 7. Ако се почитуваат роковите, за многу краток период ќе има две верзии.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #4

filipvselena

Gaining Experience
7 април 2007
2,799
76
Би требало да се разликува од ИЕ7.Пред се е нагласено дека ќе содржи сигурносни надградби.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Баш ме интересира што ќе испадне од сето тоа. IE 7 беше добро освежување од катастрофалните претходни верзии, голем чекор нанапред (ова е мое мислење, не мора да се сложите со него:baknezh:).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,589
Мислења
824,105
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно