• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Интернет доменот на поранешен СССР не „умира“

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Иако поранешниот Советски Сојуз повеќе не постои, постои едно место во кое социјалистичката утопија за таа поранешна држава се уште живее - сајбер просторот.

Шеснаесет години по распадот на социјалистичката суперсила, се зголемува бројот на интернет сајтови со доменот „.su“ и тоа за 45% само во 2008-ма, пишува „Асошиејтед прес“.

Блогери, деловни луѓе, тврдокорни комунисти - ја сочинуваат оваа интернет заедница, која се спротивставува на обидите за згаснување на доменот.

Тие се повикуваат на комерцијални, патриотски или политички причини за постоењето на доменот, а некои од нив ја обвинуваат и Белата куќа дека тајно работи на отстранување на последните остатоци од големиот ривал од студената војна.

Дел од приказната е и носталгијата на русите за поранешната империја. Младинската политичка група „Наши“, поддржувач на претседателот Путин, делува преку доменот nashi.su но, тврди дека определбата за овој домен не носи никаква политичка порака.

Многу претприемачи гледаат можност за заработка во префиксот „.su“ и за сајтовите регистрираат имиња кои се познати на други домени.

Мал автомеханичарски сервис од Москва, специјализиран за возилата од марката „Форд“, има интернет сајт со домен ford.su.

Сопственикот на доменот apple.su вели дека ќе го отстапи во замена за еден добар лаптоп.

Владимир Крамов, мрежен администратор од Москва, вели дека го регистрирал доменот microsoft.su за неговата и-мејл адреса да се памти полесно и дека нема намера да го продава.

Од друга страна, Јан Балајан ги регистрирал домените ussr.su, stalin.su и kgb.su и доколку има заинтересиран купувач, секој од нив се продава за 30.000 долари.

„Тие продаваат карти за брод што веќе потонал“, вели Антон Носик, ветеран на интернет новинарството во Русија и зачетник на неколку успешни веб проекти.

„Нивната порака е упатена кон губитници. Што е следно? Домен за Руската империја и Стара Грција?“, прашува Носик.

Националните домени исчезнуваат кога државите-носители ќе го сменат името или ќе престанат да постојат. Така исчезнаа домените за Југославија и Чехословачка, а истото се случи и кога Заир го смени името во Демократска Република Конго.

Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN), настојува да го елиминира Советскиот Сојуз уште од деведесеттите години но, сите досегашни обиди пропаднаа.

Официјалниот статус на доменот „.su“ е „отстранувањето е во тек“, но тој функционира нормално, а во 2001-ва година повторно беше дозволена регистрација на нови сајтови.

Доменот „.su“ настана во септември 1990-та година, една година пред распадот на СССР. Русија во 1994-та година го доби доменот „.ru“, а останатите држави што произлегоа од СССР си добија свои национални домени.

Сепак, доменот „.su“ одбива да „умре“.

Извор: А1
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
:bravo: за упорноста за да не се “убие“ овој домен
 

delix

Intern
7 април 2007
702
23
i jas sum za toa da ne umre, sto i smeta. A za yu ne mi e zal sto propadna oti vo nego spagaa samo srbija i cg.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,595
Мислења
824,251
Членови
28,088
Најнов член
JonTurk
На врв Дно