• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Интересни "quotes"

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,274
1,919
www.iwmnetwork.com
"Компјутерите во иднината можеби и нема да тежат повеќе од 1,5 тон" - Popular Mechanics (1949)


"Мислам дека постои место на светскиот пазар за можеби 5 компјутери" - Томас Ватсон, претседател на IBM (1943)


"Не постои ниту една добра причина зошто некој би сакал да има компјутер во неговиот дом" - Кен Олсон, претседател и основач на Digital Equiptemnt (1977)


"Невозможно е да се направи машина за летање која ќе биде потешка од воздухот" - Лорд Келвин, претседател на Royal Society (1895)


"Авионите се интересни играчки, но немаат никаква воена вредност" - Маршал Фердинанд Фох, професор за стратегија, Ecole Superieure de Guerre


"Се што може да се измисли е веќе измислено" - Чарлс Дуел, биро за патентирање на САД (1899)


"Копање за нафта? Мислите да копате во земја и да најдете нафта? Вие сте навистина луди" - Соработниците на Едвин Дрејк (1858)


"Кој по ѓаволите би сакал да слуша како зборат актерите?" - Х.М Варнер, Warner Brothers (1927)
 
D

DimitarMK

Гостин
hehe,stvarno mozam da zamislam sto ke vikaat oni za nas posle 100-200 godini
 
10 мај 2007
33
4
Тастатурата на мојот компјутер има разни англиски букви кои се соем неупотребливи во мојот мајчин јазик. ДУПЛО В, КЈУ, ИПСИЛОН. Но ти сепак се корисни. Ако притиснам ДУПЛО В добивам наше Њ, ако притиснам КЈУ добивам Љ, а ако притиснам ИПСИЛОН добувам Ѕ. Значи трена само малку концентрација. За да добијам Ќ притискам десна заграда, за Ш лева заграда. Но морам да внимавам зашто поради некоја мистериозна причина ако побарам голема буква добивам мала и обратно. За буквата Ч притискам знак за честичка, но притоа го притискам и копчето за голема буква, затоа што ако ја притиснам за мала ќе добијам Ж. Кога ке ја напишам буквата И компјутерот автоматски ми ја пишува како голема буква затоа што во англискиот јазик буквата И се чита „Ај“ и значи „Јас“.

И така пишувањето на мајчиниот јазик е постојана битка со некаков глобалистички аждер, некаква мултикултурна пеколна машина, која додуша го содржи моите перформанси и волна е да ми ги даде, но само ако ги побарам под специјален визен режим. Секој македонски текст компјутерот ми го подвлекува со црвена боја како граматички сосем неисправен, скоро илегален.

- Горан Стефановски, Приказни од Дивиот Исток
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,544
Мислења
820,234
Членови
28,210
Најнов член
iledimovski
На врв Дно