Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Интересен случај со онлајн маркетинг во Македонија

D

Администратор
31 март 2007
3.970
4.135
www.aqtos.com
Читам ја што се дешава натаму наваму, по стандардно посетување на неколку странски веб страни, се префрлам на нашите... првин весниците, после некои од забавните... и сурфајќи го Он.Нет забележувам нешто за кое искрено се изненадив.

sexnetog4.jpg



Не, не е полу голата цура за која се изненадив... ниту пак Штипската мисла (која морам да признам е страшно хумористична).... се изненадив за банерот - Exclusive Sexy Shop Valentino...

Не знам ни како ни зошто на некого му текнала оваа идеја да стави банер и да ја рекламира својата веб страна на секси продавницата, но факт е дека човекот ја сфатил моќта на онлајн маркетингот и решил да ја употреби. :)

За жал, сеуште не гледам ИТ фирмите да вршат онлајн маркетинг во Македонија како што треба... Велам ИТ фирми бидејќи тие се првите кои треба да го шират овој тренд... но почнав да гледам секси шопови... дали е ова повик за будење на луѓето кои треба да се зафатат за малку повеќе работа (маркетинг менаџерите на компаниите) или... само јас кревам галама за џабе и се правам паметен? (реторско прашање) :))
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
all i can say is :D Nice shitty banner !
Но добро кога сме на тематикава да не бегам,мислам дека кај нас сеуште сите компании се во посткомунистичко хибернирање и дека сакаат да се фалат дека се ПРО но кога доаѓа моментот за некоја посериозна интернет кампања не сакаат да влозат ништо.

Па после имало малку интернет корисници,немало интернет пазар кај нас,па и ке нема се додека се мисли така...

Не вложуваат тие што треба да вложуваат тоа е кај нас проблемот,страв од конкуренција или незнам што...
 

Miksa2007

Intern
15 октомври 2007
112
1
Според мене има 2 сценарија:

1. Генерално ИТ фирмите во МК бизнисот го прават преку добивање на некој тендер и соработка фирма со фирма клиент. Продавањето на ПС-ја од продавница за домашни корисници е колку да се плати кирија на продавницата и плата за вработените во неа и нешто ситно ако остане.

А пак посетители на ОНнет страната се повеќе обични корисници.

2. Нашите ИТ фирми се многу "IT" фирми и бидејќи се стручњаци за ИТ технологии како веб страни покрај другото, не би си дозволиле на еден Оннет порталче - корисничка компанија да му даваат пари за реклама ..пуфхх..:)))
 

howitz

Intern
13 ноември 2007
9
0
Неделен банер на он.нет е околу 900 евра , најверојатно најголемата величина , епа нека идат да се лечат :)
 
M

Mr.Alien

Гостин
@ LiquidWorm

Прецизирај за какви секс играчки се работи. Може да се свати погрешно :isplashen: :p :LOL: ....

@ D

На какви се зае*ан*ии сум наидувал бркајќи го маркетингот за списанијата во кои бев уредник, човек би се ставил во мисла дали вреди тоа?
Кога ќе побараш пари за реклами, како да си побарал....ај, да не забегувам....
Сакам да кажам дека кај нашите компании свеста за моќта на рекламите е на релативно високо ниво, но некако парите не им се даваат.
 

howitz

Intern
13 ноември 2007
9
0
Сепак печатен медиум е правиот избор сеуште кај нас.
Овој онлајн е уште во камено доба , пред се , на оние несоцијализирани личности кои сурфаат по сајтовиве наши.
 
D

DimitarMK

Гостин
Онлајн Аdvertising-от сеуште не е добро развиен во Македонија. :chudenje:

A посебно тоа ако го направи Трендо :LOL:
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
273
17
Skopje
хехе, ама не може да рекламираш се и сешто на било кое место..ај ова најверјатно е ок :) Инаку интернет рекламирање кај нас...евентуално ако имаш добрар е-каталог..да не ти се шетаат низпродавница („само разгледуваме“) туку ако изберат, да дојдат со кеш :D..ништо повеќе не можеш да искористиш. Разгледај ги само сајтовиве на компјутерскиве фирми (баш нели барав да го искористам ваучерот) и ќе видиш колку патетични им се web презентациите..
 
30 август 2007
36
1
Ма да тргнеме од бројот на интернет корисници кај нас..Да,преминеме на какви производи се најбарани кај нас (пред се основни, производи кои се неопходни-производи кои можи да се ги дозволи и му се потребни на секој)..Тоа доаѓа од стандардот кој го имаме. Понудувачите, знаат дека тие производи ќе ги продадат бездруго..Но сепак секој сака да продаде повеќе од својот конкурент. Рекламирање, ок.. Кога ќе го видат пазарот на своите производи и бројот на интернет корисници (потенцијални муштерии) се решаваат за реклами во пишани или пак телевизиски медиуми. Не се сеќавам за која компанија се работеше, а местото и случувањата се сеќавам дека беа во Шпанија, 1997-1998 година. Локална компанија за квалитетна опрема за зимски спортови. Се здружија Националната Банка на Шпанија, Микрософт "Espana" ;) и некои други ИТ компании.. Со единствена цел да се поткрене свеста за интернет купувањето и интернет рекламирањето..Мисијата беше успешна. Мое видување е слично на примеров. Прво и основно треба што повеќе да се работи на докажувањето на моќта на интернетот, луѓето да станат свесни колку е потребен интернетот, провајдерите да видат дека бројот на корисници се зголемува (а со тоа ќе дојде до намалување на услугите до некој степен,рационален, а зголемување на профитот), после доаѓа e-bussinesot...Времето е стар судија
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
48.883
Мислења
1.002.544
Членови
36.638
Најнов член
Dina M

ит маркет

На врв Дно