1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Intel RST и Intel OROM усогласување на верзии

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од FLEGMA, 20 Февруари 2015.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,429
    12,585
    2 Август 2012
    Машко
    Intel Rapid Storage Technology Driver е чудна ѕверка која своите полни перформанси најдобро ги исполнува со одредена верзија firmware на контролерот.
    Ова значи дека најновите Intel RST драјвери нема да дадат подобри резултати на вашата матична плоча/контролер.
    За тоа, покрај архитектурата, во голема количина е заслужна и верзијата на firmware-от кој во овој момент е присутен во вашиот Intel OROM модул па така треба да се следат препораките на производителот на матичната и да се ставаат драјвери кои се на страната на производителот.
    Ставањето на најнови RST драјвери скоро никогаш не носи подобрување на перформансите ако не се совпаѓаат со верзијата на Intel OROM.

    Најновите RST драјвери често исправаат багови кои се однесуваат на конзолата (GUI-то) и позадинскиот сервис. Затоа што јас (како и многу други) не користам RAID а и заради чести багови со оваа конзола истата не ја корисатм односно користам само „голи“ драјвери кои ги добивам со отпакување на инсталационата датотека од Intel RST.

    Која верзија на Intel RST драјвери да ставам?

    Како што напишав погоре, верзијата на RST (генерациски) треба да се совпаѓа со верзијата на Intel Option ROM for SATA на вашата матична па така за верзија на Intel OROM 12.7.x.x.xxxx најдобро е да се користат Intel RST 12.7.x.x.xxxx, за Intel OROM 13.x.x.x.xxxx треба Intel RST v13.x.x.x.xxxx итн.
    Ставањето на секогаш најнови драјвери има плацебо ефект и тука завршува овој досаден предговор.

    Што да направам секогаш да имам TOП перформанси ?

    Едноставниот одговор е: Да се изврши модификација на BIOS, да се вметни нова верзија на OROM и да се изврши флешување.
    Вметнувањето на нова верзија на OROM не е тешко ниту пак комплицирано. Со следење на туторијали на интернет се може да помине во најдобар ред но невниманието и површноста може да резултираат со уништен BIOS при што ќе мора да се изврши набавка на нов BIOS чип или репрограмирање на истиот.
    Заради ова, овој туторијал нема да ја опфати оваа постапка на модификација!




    Најчесто ова подолу не е потребно заради тоа што со привременото ставање на SATA контролерот од AHCI во RAID и притискањето на Ctrl+I за време на POST ве носи во RAID setup каде што можете да ја прочитате актуелната верзија на Intel OROM for SATA.



    За сите други напишан е следниот туторијал:

    1.Примпреми
    Еве што е потребно:
    * Посебен алат кој се вика AMI Aptio UEFI MMTool
    * AMI Aptio UEFI MMTool v4.50.0.23
    * Чист (некомпресиран) BIOS фајл симнат од страната на производителот и кој соодејствува со моменталната верзија на вашата матична плоча

    2. Отворање на AMI UEFI BIOS
    * Активирајте го AMI Aptio UEFI MMTool односно MMTool.exe како Администратор
    * Клик на Load Image и најдете го претходно симнатиот BIOS. Ако не ви го прикажува одберете All Files
    * Сега би требало да ја видите следната слика
    1.png

    3. Екстракција на Intel Option ROM модулот
    (Екстрактирањето на PCI ROM модул не го загрозува интегритетот на симнатиот BIOS. Постапкава е потребна затоа што е невозможно, со анализа на цел BIOS, да се одреди верзијата на одреден модул. Затоа е потребна екстракција за да се дознае vendor, version и DeviceID)

    * Отворете го BIOS фајлот (опишано е погоре)
    * Клик на Extract
    * Листајте надолу и побарајте "CSMCORE". Треба да почнува со овој GUID "A062CF1F-8473-" и означете ја таа линија
    * Во полето "For Option ROM Only" штиклирајте го "Link Present" и сега треба да е достапна drop down листа со VendorID и DeviceID за „опционалните ромови“ (Option ROM`s)
    3.png
    * Клик на Browse и одберете локација за зачувување. Зачувајте со екстензија .bin
    * Клик на Extract
    * Done

    4. Проверка на верзија на Intel Option ROM (Intel RAID ROM)
    Проверката се извршува со било кој HEX едитор при што верзијата е прикажана во првите неколку реда. Јас го употребив Irfan View со File > Open As > HEX File
    4.png
    (на сликата се гледа дека верзијата на BIOS 1603 од Sabertooth Z87 има Intel RAID for SATA OROM 12.7.0.1936)

    Ова се идентификациите по производител (Vendor ID) на најбитните контролери кои можат да бидат апдејтирани со модификација на фабричкиот BIOS: (види слика горе)
    VEN_8086 = Intel
    VEN_1002 = AMD
    VEN_1B21 resp. 1b21 = ASMedia
    VEN_197B resp. 197b = JMicron
    VEN_1B4B resp. 1b4b = Marvell
    VEN_10DE resp. 10de = NVIDIA
    VEN_10EC resp. 10ec = Realtek
    Пример: Матичните со Z77, Z87, Z97 чипсети можат да имаат по неколку Option ROM модули (контролери)
    *8086, 2822 = Intel RAID ROM за "Intel(R) Desktop/Workstation/Server Express Chipset SATA RAID Controller" (DEV_2822)
    *8086, 102 = Intel VGA ROM за "Intel HD Graphics Family" (DEV_0102) (може да биде означен и како 8086,C02 за Intel HD4000)
    *8086, 153 = Intel LAN ROM за "Intel(R) Ethernet Connection I217-V" (DEV_153) < Sabertooth Z87 LAN

    ЗАБЕЛЕШКА: VendorID и DeviceID прикажани од страна на Aptio MMTool може да не се совпаѓаат со тие што се прикажани во Device Manager затоа што производителот на матичната можеби ги има едитирано но тоа не ја нарушува функцијата на овие модули. Со еден збор, производителите ги вградуваат As Is


    Се надевам дека уживавте во туторијалот.
    Flegma велит!
     
    На Dark HaCkeR, dejan_str, gremlin и уште 13 други им се допаѓа ова.
  2. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,429
    12,585
    2 Август 2012
    Машко
    Со упарени драјвери vs orom на неоверклокиран систем без RAPID. 9 тера за 11 месеци
    Диск кој не е мазен и пазен.
    Untitled.png
     
    Последна промена: 21 Февруари 2015
    xenon, Alucard и на Nikola Sone им се допаѓа ова.
  3. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    @FLEGMA благодарности за корисниот туторијал
    незнам дали сте запознаени, јас баш вчера читав и за овој проблем RST 13.2.4.1000 frequently access DVDROM and event viewer reported CDROM controller error и направив апдејт, кој што не е официјален но го решава
    jaс не сум забележал нешто сомнително до сега, не ни имам DVDROM :)
    можеби е и до бенчот или сугестивно, но како да се јави некое мало подобрување во ASSSD

    пред
    as-ssd-bench Samsung SSD 840  13.02.2015 18-12-58.png
    потоа
    as-ssd-bench Samsung SSD 840  20.02.2015 10-39-36.png

    RST 13.5.0.1056 WHQL download link
    [email protected]
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,429
    12,585
    2 Август 2012
    Машко
    Затоа го пишував овој туторијал. За да нема претпоставки
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  5. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,846
    2,432
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Напрај го уште неколку пати тестот и види дали има секогаш подобар скор?
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nikola Sone

    Nikola Sone
    Practice makes perfect

    1,236
    1,350
    31 Јануари 2014
    Машко
    Еве сега направив уште три бенча еден по друг, тотал скорот варира цело време, но 4К брзините се скоро исти, можеби е тоа некое си подобрување, но како и да е скоро незабележливо е
    Сум забележал дека АSSSD знае понекогаш да забегува, мислам се должи на тоа што се работи за системски диск, па може истовремено и друга апликација да пристапува до дискот.
    Ќе го проверам и на HD Tune, ама треба малце повеќе време за тој
    as-ssd-bench Samsung SSD 840  21.02.2015 00-39-56.png as-ssd-bench Samsung SSD 840  21.02.2015 01-45-27.png as-ssd-bench Samsung SSD 840  21.02.2015 01-47-57.png

    edit*
    според ова би требало повеќе да одговара 12.7ххх RST на мојава матична, но ќе видам кога ќе имам време би пробал и OROM да флешнам
    upload_2015-2-21_2-27-3.png
     
    Последна промена: 21 Февруари 2015
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,429
    12,585
    2 Август 2012
    Машко
    За ова зборував во горниот пост. Не е греда да се оди на најнови драјвери но откако човек ќе се скраси со драјвери кои одговараат на firmware-от на OROM-от нема поента да се оди на најнови освен во случај да се користи конзолата која доаѓа со драјверот за која пак не постои оправдување ако не се користи RAID.

    Верзијата која носи TRIM во RAID 0 е 13.x.x.x.xxxx за која пак треба верзија 13.x.x.x.xxxx Intel OROM


    Уште една класична грешка која може да ја направи некој „гик“ е да ги надогради драјверите за чипсет после Intel RST
     
    На Nikola Sone му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,202
    3,278
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Јас го имав проблемот со Z87-К плоча со RST драјверите односно во device manager ми го покажуваше како unknown и гуглав за овој проблем видов дека тоа е RST и од официјалната страна на Windows 7 го симнав додатокот.
     
  9. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,846
    2,432
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    За тие како мене што се на GPT, UEFI и RAID отворете bios и барајте го ова:
    [​IMG]
    2. The RST driver and user interface version for this PV release is 12.5.0.1066, while the RAID OROM & UEFI version is 12.5.0.1815.
    [​IMG]
     
    Последна промена: 21 Февруари 2015
  10. Dark HaCkeR

    Dark HaCkeR
    Баниран/a

    2,632
    1,360
    14 Јули 2009
    Раид нели се уклучува ако има над 2-3 хдд ?
     
Слични теми
  1. tomi
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,009
  2. Mao
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    663
  3. Alucard
    Одговори:
    22
    Прегледи:
    1,221
  4. linksys
    Одговори:
    13
    Прегледи:
    1,108
  5. FLEGMA
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    660
Вчитување...

Сподели

Вчитување...