1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Intel Optane - 3D Xpoint, нов вид меморија

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од gokica, 12 ноември 2015.

Тагови:
  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    Мислам дека сме немале тема за оваа нова технологија до сега.

    Intel заедно со Micron работеа на нов вид на меморија која треба да претставува револуција на ова поле. Се вика 3D Xpoint а првите SSD базирани на истата треба да излезат догодина.

    [​IMG]

    Нема детални информации освен што истата треба да ја замени досегашната NAND технологија.

    Но според Intel она кое е поважно е дека истата ќе ја замени и постоечката DDR меморија.

    [​IMG]

    Новата меморија ќе биде поефтина од сите модели до сега и ќе обезбедува поголем капацитет со брзини кои се поголеми од сите SSD до сега односно приближно или исто колку и DDR.

    [​IMG]

    Новата меморија е во можност да ги задржува податоците без напојување исто како и SSD.

    Значи наместо DDR RAM и SSD во наредниот период податоците, оперативните системи и се она што е потребно се очекува да се складираат на единствени модули меморија кои ќе го заменат DDR рамот и SSD какви што ги познаваме денес.

    Според очекувањата новите SSD ќе дојдат со постоечките интерфејси а првиде РАМ модули ќе бидат наменети за сервер околина.

    Повеќе:





    Интересен краток документарец:

    http://link.brightcove.com/services...Ui-35te7I1WLHR9-ptNjgY15i&bctid=4373558311001

    http://www.pcworld.com/article/2953816/storage/what-3d-xpoint-says-about-the-pc-of-the-future.html

    Тест и споредба со денешен хај енд SSD.

    http://www.pcworld.com/article/2972...xpoint-technology-hitting-ssds-next-year.html
     
    На AlexanderMK, Teget, Boldozer и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    836
    281
    18 ноември 2013
    Машко
    Еднистевено прашање ми е : Дали ќе можи да се стави на слот од која било DDR меморија и да се користи на плочи шо не се специјално наменети за та меморија.
     
  3. gokica

    gokica
    Модератор

    8,552
    10,654
    13 Јуни 2009
    http://www.pcworld.com/article/2973...ory-heads-for-ddr-slots-but-with-a-catch.html

    Таа е и намерата. Ова да биде достапно набрзо за DDR4 слотови. Но ќе треба друга поддршка која најверојатно ќе значи нови CPU. Што ќе се случи останува да видиме.

    Јас лично си поставив за цел да не надрградувам платформа се додека не видам што ќе биде со ова (не умирај коњу до зелена трева :oh:).

    Не се знае но најверојатно првите процесори кои ќе ја поддржуваат таквата меморија ќе се појават во 2017 и ќе бидат во Xeon фамилијата.
     
  4. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    836
    281
    18 ноември 2013
    Машко
    Јас чекам и берам пари за компјутер епа сега пошто не ми треба нов компјутер се мислам да чекам до новите вакви Рамови и ССД.
     
  5. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,444
    15 Јануари 2011
    Машко
    Меморија никогаш не била тесно грло на еден систем така да ова не е нешто кое би го очекувал со некакво нетрпение.

    Поинтересно ми е од аспект од некоја идна EDRAM интеграција, т.е. HBM тип на L cache од 1GB и сл. (L4) кој ќе биде интегигран заедно со процесорот па освен инструкции одредени библиотеки од оперативниот ќе можат директно да бидат сместени во таа меморија.
     
    На shifty му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,590
    4,044
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    И сеа пак нови плочи , и соцкети на процесори за да ја поддржаат оваа меморија со нов вид на конектор SATA4 :/
     
  7. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,779
    27,501
    4 Септември 2008
    Одлично, ама ова ќе биде изгор у првите 2/3 години.
     
  8. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,816
    5,015
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Меморијата сама по себе носи револуција, меѓутоа како тип на меморија има послаби карактеристики од HBM 2, а и HBM во истиот случај. Вистинска револуција ќе биде ако се користи таа меморија, затоа што во моментов нема друга меморија со такви карактеристики.
     

Сподели

Вчитување...