AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

Од Интел најавуваат дека наредната недела во рамките на Intel Developer Forum-от ќе го претстават и вториот четворојадрен мобилен процесор. Иако се подготвува 2.53 GHz Core 2 Extreme кој е наменет за high-end мобилни платформи и за gaming конфигурации, вториот модел Core 2 Quad наречен Q9100 ќе биде достапен на брзини од 2.26 GHz и ќе има заклучен множител - за да гејмерите и напредните корисници сепак го користат појакиот Extreme модел кој работи на 2.53 GHz.
Q9100 има 12MB Level 2 cache меморија и итегриран FSB1066 како и повеќето процесори на Интел. Во овој момент сеуште нема информации за потрошувачката на енергија.
Во поглед на цената, не се очекува овие процесори да бидат ефтини. Цената ќе биде околу 850 USD за количини од 1000 парчиња, а нови конфигурации со овој процесор како што е HP-овата EliteBook серија, треба да бидат достапни од крајот на овој месец.
Извор: Tom's Hardware