1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Intel G2020 - најдобар избор за нискобуџетни конф.

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од xenon, 11 Март 2013.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,821
    9,531
    15 Јануари 2011
    Машко
    Гледам излегле новите ајвибриџ базирани процесори и веќе се дилаат по нашиве хардверски продавници.

    Од тоа што можев да разлистам по Мебиус, Сет и Анхоч, моментално мислам најдобар избор за нискобуџетна конфигурација би бил:

    Intel® Pentium® Processor G2020 (3M Cache, 2.90 GHz)

    Цена: 3285 денари малопродажна

    Launch Date​
    Q1 '13
    Processor Number​
    G2020
    # of Cores​
    2
    # of Threads​
    2
    Clock Speed​
    2.9 GHz
    Intel® Smart Cache​
    3 MB
    DMI​
    5 GT/s
    Instruction Set​
    64-bit
    Instruction Set Extensions​
    SSE4.1, 4.2
    Embedded Options Available​
    [​IMG]
    No
    Lithography​
    22 nm
    Max TDP​
    55 W
    Recommended Customer Price​
    TRAY: $64.00
    BOX : $64.00


    Со перформанси би бил како 3.2 Ghz Sandy или 4.2 Ghz Core2Duo.

    За цената е одличен избор, не грее, не троши, има доволно cache.
    -
    Во комбинација со матична како:
    ECS B75H2-M3 ( 3210 денари малопродажна)
    Intel®B75, VGA onboard, CrossFire, 2xDual Ch.DDR3@1600MHz, max 16GB, 1xPCX@16x, 1xPCX@1x, 2xPCI, 1xSATAIII, 2xSATAII, VGA, DVI, 2xUSB 3.0, 4xUSB, GLAN, 6 Ch. HD Audio, mATX, CPU support 95W

    - се добива пакетче кое чини околу 105 еури и нуди сериозно солидни перформанси за HTPC или канцелариска машина со УСБ 3.0 поддршка, 64бит, Сата 3, ДВИ излез, компактност и гигабитен лан.

    (+ 4гб рам, 160гб диск 7200 рпм, кукиште и нонејм напојување би било се околу 160 еури или 10000 денари)
     
    На Boldozer, stefan_v, Steff_Maja и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,703
    2,290
    14 Декември 2010
    Машко
    И може да се стави карта како 7770 или 650Ti и да се добие солидна конфигурација за 250 евра и да се изиграат игри на пристојни сетинзи на просечни резолуции.
     
    На bate mile му/ѝ се допаѓа ова.
  3. xenon

    xenon
    Guru

    3,821
    9,531
    15 Јануари 2011
    Машко
    За најевтина гејминг варијанта во однос графика сепак би ја препорачал 7850, околу 10300 денари малопродажна цена.

    7770 во својата најевтина варијанта е 6980 денари и не е некој добар избор пред 7850.

    Сите горенаведени цени се од последниот ценовник на Мебиус.
     
    На DaVoRkNe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,797
    11,857
    23 Јануари 2008
    Манга
    G2020 воопшто не би го нарекол deal-breaker покрај G1610 кој е само 10% поспор а 1000 денари поефтин. За тие 1000 денари + уште 100-200 денари се купува и RAM 2x2GB DDR3-1333.
     
    На Bozter и krisbt им се допаѓа ова.
  5. xenon

    xenon
    Guru

    3,821
    9,531
    15 Јануари 2011
    Машко
    G2020 има 33% повеќе кеш (3мб наспрема 2мб кај целеронот) и 300 мхз побрз работен такт. Разликата гледам е 900 денари и мислам за некој кој на подолги стази планира да користи нискобуџетна машина би бил посреќен со поскапата варијанта.

    Кешот на процесорот е битен кога некој на нискобуџетна машина тера мултитаскинг. Поголем кеш - повеќе инструкции збира и памти - немора да бара по рам или да копа по диск.
     
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,797
    11,857
    23 Јануари 2008
    Манга
    G2020 има 50% повеќе L3 кеш од G1610, но има идентично L0, L1 и L2 кеш, како и идентични мемориски контролери и сите пропратни технологии поврзани со менаџирање на потребните податоци.

    Во право си за разликата во цена, 900 денари е разлика, 1000 денари била разликата со G550. Сепак тие 900 денари се 40% повисока цена и тврдам дека се бадијала фрлени пари. Во над 95% од можните реални сценарија G1610 ќе понуди апсолутно идентнични перформанси како и G2020.

    Кешот за архитектура како Ivy/Sandy е тотално ирелевантен. Бидејќи не успеав да најдам hit rate за Ivy, ќе ја земам за репер Westmere/Nehalem и тоа на јадро со вклучен HT (односно има 2 трида кои треба да ги храни L2) само за да видиш колку е ирелевантен кешот:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Непрустноста на инструкциите односно податоците од 5% односно 3% во најлош случај понатаму останува да се бара во L2 кој пак во најлош случај има 44% miss-rate на 1.3% од податоците кои недостасуваат во L1(гледај ги плавите барови на графиците):
    [​IMG]
    А тоа значи дека во најлош можен случај зборуваме за 0.5% miss rate кои понатаму останува да се бараат во L3 или во крјана истанца од RAM меморијата.
    http://www.anandtech.com/show/5057/the-bulldozer-aftermath-delving-even-deeper/10

    Тие 0.5% во случај на двојадрен Ivy со исклучен HT кој има едно чудо надградби во однос на Westmere ќе бидат помали од 0.1%.

    Значи големината на L3 кешот е практично ирелевантна, а поготово кога станува збор за HTPC каде претежно ќе се процесираат мулти-меидијални стримови кои се обработуваат еднаш и не се задржуваат во кеш меморијата.
    Единствено кешот можда да одигра улога кај интегрираната графика доколку се играат игри, ама тоа ќе биде минимална(неколку %) разлика во перформанси која едвај е мерлива.

    Што се однесува до 300MHz (11%) разлика во фрекфенција, тоа е единствениот параметар кој ќе влијае на перформансите, но единствено можат да се осетат само кога процесорите се 100% оптоварени. Во нормални услови, односно во 90% од времето каде процесорот се користи во нискобуџетна office/HTPC конфигурација ќе биде оптеретен под 50%. А тоа се сценарија каде нема да има никаква разлика во перформансите помеѓу G1610 и било кој помоќен процесор.
     
    На JasSum му/ѝ се допаѓа ова.
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    2,980
    3,327
    18 Април 2007
    3240T е зверот - 35W 2.9 GHz. Јас овој или 3220Т си го меркам за NAS.
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. windows8

    windows8
    On your way to fame

    738
    953
    12 Февруари 2012
    Машко
    Дали Intel G2020 e подобар од i3 540?
     
  9. xenon

    xenon
    Guru

    3,821
    9,531
    15 Јануари 2011
    Машко
    Не, и3 540 се клока лесно до 4200 мхз и има хајпертрединг - но е веќе стар модел и веќе не се произведува. Повеќе троши исто така. Има доста полоша графика и не е баш пријатно да се користи без надворешна графичка картица.

    Исто така и3 540 користи стара платформа, нема матични со нови тракатанци на нив, сата 3, усб 3 итн итн.
    :
    - за клокери.... и3 540
    - за нова машина 2020 или целеронот што gOJDO горе го спомна кој е уште поекономично решение.
     

Сподели

Вчитување...