• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Туторијал Интегрирање на youtube_dl (yt-dlp) во прелистувач

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,198
3,780
Упатствово е за интеграција на програмата Youtube-dl (или YT-dlp) во прелистувач со што се добива наједноставен можен начин на симнување на тековното видео или плејлиста.
Иако се вика youtube downloader, може да се користи на огромен број други сајтови.
Развојот на Youtube-dl моментално е запрен, затоа ќе го користаме форкот yt-dlp.

Симнете го програмот и зачувајте го во некоја папка.

Колку што ми е познато, ниту еден од главниве прелистувачи не поддржува директно стартување на надворешна програма. Затоа ќе користиме стартување преку URL протокол. Прв чекор е да се дефинира протоколот. Тоа се прави преку регистарот на виндоус заради што е потребна администраторска привилегија.

Во регистарот на HKEY_CLASSES_ROOT со клик на десно копче се избира New>Key. Како име може да се стави што било. За примеров ќе ставиме ytdlp. Доколку ставите друго име, заменете го секаде подолу каде што се користи ytdlp.

На тој клуч се додава нов стринг New>string value со име URL Protocol.
Потоа се прави хиерархија со додавање на три нови клуча кои соодветно се именуваат shell, open и command. Во command полето во вредноста за Data се внесува
Код:
"d:\Programi\youtube-dl\DownloadYTVideo.bat" "%1"
Патеката прилагодите ја кон папката каде што го имате зачувавте програмот и каде што ќе го креираме беч фајлот.

На крај делот од регистри треба да изгледа како на сликите.
clipboard05.12.2021 _ 10_34_19.png
clipboard05.12.2021 _ 10_34_56.png

Во прилог е и регистри фајлот со истите подесувања, за тие што сакаат само да кликнат.

Втор чекор е креирање на беч скриптата. Овој посреден чекор е потребен за да се прочисти параметарот што се препраќа кон програмата во соодветен формат. Ископирајта на содржината и зачувајте ја како DownloadYTVideo.bat во истата папка каде што е програмот. Или симнете ја прикачената датотека.
Код:
@echo off
SETLOCAL ENABLEDELAYEDEXPANSION
set vidurl=%1
set vidurl=%vidurl:ytdlp:=%
set vidurl=%vidurl:"=%
set vidurl=!vidurl:%%20= !
echo %vidurl%
d:\Programi\youtube-dl\yt-dlp.exe %vidurl%

Последен чекор е создавање на букмарклетот во прелистувачот, кој всушност ја повикува скриптата со тековната адреса како параметар.

Тоа може да се направи на два начина.

Примерите подолу се од Vivaldi, а функционираат во сите прелистувачи што ги имаат истите функционалности.

Првиот начин (универзалниот) е да се создаде нов букмарк. Клучниот дел е адресата каде што треба да се внесе:

clipboard06.12.2021 _ 20_26_38.png
Од некоја причина форумов не го дозволува овој код, па мора како скриншот.

Внимавајте, ако прелистувачот го отсече делот до двете точки, внесете го рачно.

clipboard05.12.2021 _ 11_15_04.png clipboard06.12.2021 _ 20_30_18.png

Се внесува име, а опис и никнејм по желба. Последниов може да се користи за повикување на програмот преку командите од тастатура, но само доколку не е активна опцијата за отворање на букмарците во нов таб. Во тој случај програмот ќе се повика без параметар и нема ништо да се симне.

Букмаркот може да го повикате менито за букмарци, од тулбарот за букмарци или од панелот.

Вториот начин, можен само во Вивалди, е со создавање на нова команда во делот Chain commands. Во делот за команда се одбира Open link in current tab, а како параметар се внесува истиот код од погоре. Командата веднаш е достапна од командниот браузер (F2, Ctrl+E). Покрај тоа, може да се стави во главното мени или во мени на десно копче. А може и да се мапира на кратенка од тастатурата или на гестикулација на глувчето. Така со кликнување, со притискање на копче (или комбинација од копчиња) или со едно движење на глувчето преземање на видеото веднаш отпочнува.

clipboard06.12.2021 _ 14_33_15.png clipboard06.12.2021 _ 14_35_16.png

Може да дефинирате повеќе команди или букмарклети со различни параметри согласно потребите. На пример, да се симне видеото во одреден формат или да се симне само аудио делот.
 
Атачменти

  • tuts.zip
    663 бајти · Прегледи: 3

mihovkris

Practice makes perfect
1 јуни 2016
2,159
1,612
Неготино
Супер! Можам конечно да симнувам видеа од пор ... јутјуб.
Фала ти, че си симнувам песнички сега на раат :D

Шала на страна, кај мене на хром нејќе. Отварам нов таб и го дава празен.
Кај грешам?

Eдит: Ти фали нулата во првиот скриншот.
Ја додадов, но го добивам ова:
1638826833756.png

Кога ќе кликнам Open, ништо не се случува.
 
Последна промена:

mihovkris

Practice makes perfect
1 јуни 2016
2,159
1,612
Неготино
Тоа е таа песна <3

ПС: Real-Debrid се плаќа. Не можеш бесплатно да симнуваш :)
 
Последна промена:

Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,931
12,445
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Или само го бутнеш yt-dlp.exe во директориумот на Media Player Classic - Home Cinema и без никакво чепкање во registry или било какво подесување било каде можеш да отвараш youtube видеа или плејлисти (сè што може yt-dlp) со Open File/URL во MPC-HC.

Јас најмногу го користам за пред спиење, отворам некое релативно кратко видео (околу 20 минути, колку што максимум ми треба да заспијам) и во MPC-HC ставам After Playback > Shut down.

Еднаш yt-dlp го побара и ffmpeg.exe и му го бутнав и него, но оттогаш не сум проверил дали редовно го користи или тоа било некое лево видео што морал да го транскодира/залепи. За секој случај го оставам и него, нит јаде нит пие. :) Може да се најде од таму каде што се симиња yt-dlp, има линк(ови) под Dependencies.
 
Последна промена:

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,489
1,932

Како се инсталира MPCHC од гитов?
 
Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,931
12,445
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,198
3,780
Шала на страна, кај мене на хром нејќе. Отварам нов таб и го дава празен.
Кај грешам?

Eдит: Ти фали нулата во првиот скриншот.
Ја додадов, но го добивам ова:
1638826833756.png

Кога ќе кликнам Open, ништо не се случува.
Штом си стигнал до таму, значии урл протоколот функционира. Оттука може да имаш утка во патеката и воопшто да не се стартува yt-dlp или да се стартува со погрешен параметар при што дава порака за грешка и веднаш се исклчува. Ако е првиот случај внеси точна патека, во вториот треба да видиш која е грешката.

Додуша на хром го немам тестирано, може и во овој случај да е до него. Прилично проблематичен прелистувач е.

Фала за забелешката, во скриншотот од кодот фали нула меѓу заградите во воидот. Иако функционира и без тој дел, односно само првиот исказ.

Ова е точниот код со тоа што напред јавасцрипт треба да е на латиница. Форумов не го дозволува тој термин.
Код:
јавасцрипт:location.href='ytdlp:'+document.location;void(0);
 
Па не, патеките ми се во ред. Ваљда е Хром проблем, да.
Еве SS од патеките:
1638890424858.png

Еве и Bookmark:
1638890371637.png
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
6,059
9,920
Скопје

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,198
3,780
Toa e @mihovkris, ти фали егзето. Избриши сѐ од тој фолдер освен .bat скриптата и стави го yt-dlp.exe. Потоа симни го и ffmpeg да речеме од овде и извади го само ffmpeg.exe и стави го во истата папка. Тие три фајла се сѐ што треба.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,174
Мислења
879,569
Членови
30,802
Најнов член
nestorosky_187
На врв Дно