• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Инсталирање на FTP сервер на Windows

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
Ако некогаш сте пробале да делите голем број на фајлови преку интернет, сигурно сте забележале дека не е баш лесно. Можете преку МСН да ги праќате, но максимум три фајла во еден момент. Преку е-маил, споро и ограничен е-маил простор. Што ако направите своја веб страна. На тој начин ќе можете да ги превземата фајловите било кога, но што ако сакате истовремено и да оставате фајлови? Нема потреба да спомнувам дека и таму имате доста големо ограничување....
Имам подобра идеја. Направете свој ФТП (File Transfer Protocol) сервер. Се што ви треба, е компјутер приклучен на интернет и неколку подесувања. За подесувањата ќе ви помогнам јас, вие погрижете се за компјутерот и интернетот.

Windows XP Professional (и Windows 2000) одат со вклучен IIS на Микрософт (Internet Information Server) кој може да го користите за да креирате ФТП сајт на вашиот компјутер.

Подесување на FTP сервер со Windows XP Professional
Прва работа што треба да ја направите е да проверите дали IIS'от е конфигуриран правилно.

Одете на Start --> settings --> control panel --> add or remove programs и одбери add or remove windows components. Чекирај го Internet Information Services (IIS) и кликни на "Details".
Тука ќе треба да ги чекирате "Common Files", "File Transfer Protocol (FTP) Service" и "Internet Information Services Snap-In". Дечекирајте ги сите други и кликнете OK. IIS ќе се конфигурира самиот но можеби ќе ви го побара ЦД-то од икспето.

Конфигурирање на контролите на FTP серверот
Откако ќе се инсталира IIS, автоматски се креира фолдер во "C:\inetpub\ftproot". Засега е празен и небезбеден тој фолдер. Било кој што ќе внесе ftp://(вашата ИП адреса)/ во неговиот бровсер, ќе влезе во тој фолдер и да се поврзе со твојот компјутер. Сега ќе го конфигурираме вашиот FTP сервер.
Одете пак во "Control Panel", одбери лево-горе "switch to classic view", сега одбери "administrative tools", па "Internet Information Services".
Оди TVOJUSER (local computer) --> FTP sites. Претпоставувам стигнавте до "default FTP site" на левата страна.
Десен клик на него и rename ако сакате да му го смените името. Твој сајт е, прај му што сакаш.
Сега десен клик на твојот ФТП сервер и одбери "properties".
Тука се прават главните подесувања на вашиот FTP сервер. Во првиот таб (да се изразам мозиловски, јазиче) можете да го смените името на серверот, наместите на кој порт да можеш да се поврзуваш (остави 21 засега), лимитираш конекции и да видиш кој моментално е логиран кај тебе.
Во делот connection можете да подесите истовремено колку корисници можат да бидат приклучени на серверот (максимумот е 10, намести да можат помалку ако сакаш).

WinXP FTP контроли на безбедност
Во "Connection Timeot" боксот можете да подесите после колку изминато време идле (време во кое нема воопшто активност) корисникот да биде дисконектиран. Ако кликнеш на "Current Sessions" најдоле, ќе видиш кој е моментално конектиран на серверот и да ги дисконектираш ако сакаш.
Во "Security accounts" можете да подесите ако сакате анонимни корисници (anonymous) да имаат пристап до серверот. Малку глупо, БИЛО КОЈ може да ги види фајловите што се "шерувани" на интернет, без да им бара корисничко име и лозинка.
IIS има свој диалог прозорец за кориснички имиња. Разгледајте го малку.
Но ако го исклучите анонимниот корисник има свои ризици кои ќе ги спомнeме покасно. Засега оставете го вклучен. Кај messages можете да напишете некоја порака што ќе се прикажува на секој што ќе се обиде да се поврзе на серверот (Пример: Ќе те скршам ако не си авторизиран да влезеш на серверов а сепак пробуваш). Јасно ви е?
На четвртиот таб (јазиче ебаго) можете да подесите кој директориум (фолдер) на вашиот компјутер ќе влезат корисниците веднаш штом ќе се логираат.
Одберете директориум или пак оставете го default-ot па тука копирајте/пастирајте фајлови и фолдери што сакате да ги делите со другите.

Конфигурирање на WindowsXP Firewall
Оди во контрол панелот, network connections, десен клик на вашата интернет конекција и "Properties".
Оди "advanced", одбери "settings". Во "Services" штиклирај го "FTP Server" и кликни ок. Сега firewall-ot ќе дозволува проток на податоци на портот 21.

ВАЖНО
Проблемот со FTP-to е што воглавно е несигурен проток. Корисничките имиња и лозинките не се енкриптирани и како такви се испраќаат директно од клиентот до серверот, така ако некој ви ги следи пакетите (примо-предавањата) на мрежата, ќе види што се разменува.
Има начини како да се среди ова (SSL) ама ќе морате да се снајдете сами.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Glupavo mi e na sekoj tvoj post da davam zabeleshki.Nesakam da svatish deka imam neshto protiv tebe, no i na ovaa tema ke ti dadam 2 zabeleshki.

Prvo istata od predhodnite 2 tvoi temi: Te molam navedi i izvor, i povtorno kje ti pomognam so toa.Izvor

i vtora zabeleshka , temava e vekje postoechka: http://it.com.mk/forum/showthread.php?t=196

CASE CLOSED.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
и мене ми е глупаво да ти кажувам по 100 пати дека во компјутер ми стои статијава долго време.. и дека глупо е да пишувам извор дека сум ја ископирал од компјутер.. но кога не можеш да сфатиш............

а тоа што ја имало темава.. се извинувам, не сум приметил
поздрав

еве уште еднаш: case closed :)
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
и мене ми е глупаво да ти кажувам по 100 пати дека во компјутер ми стои статијава долго време.. и дека глупо е да пишувам извор дека сум ја ископирал од компјутер.. но кога не можеш да сфатиш............
Батко во ред е тоа ако не го знаеш авторот но сепак во иднина истакнувај дека трудот не е твој и дека е преземен од некаде.
10.Доколку постирате нешто кое не е дел од Вашиот труд, едноставно објаснете од каде доаѓа тоа, каде сте го пронашле или пак доколку не Ви е јасен или не го знаете изворот истакнете дека трудот не е Ваш и дека не го знаете авторот.
:bye1:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,606
Мислења
821,577
Членови
28,257
Најнов член
kuchka78
На врв Дно