• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Инсталација на vBulletin [објаснето со слики!]

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1
D

DimitarMK

Гостин
Што е vBulletin?
vBulletin е моќна веб солуција со која лесно може да додадете форум на вашата веб страна. vBulletin е направен со користење на PHP и MySQL.

Системски побарувања

Минимум
PHP 4.3.3
MySQL 4.0.16

Препорачано
PHP 4.4.2 или 5.1.2 или понова верзија
MySQL 5.0.19 или понова верзија

Оперативен систем
» Solaris
» Linux
» BSD
» Windows™
» Mac

Припрема

1 . Одете на members.vbulletin.com. Логирајте се со вашиот "Customer Number" и лозинка. За да се логирате, предходно треба да имате купено Owned или Leased vBulletin лиценца. Можете да ја купите од www.vbulletin.com/order.

2. Симнете ја последната стабилна vBulletin верзија. Од zip-уваниот фајл un-зипувајте го "upload" фолдерот. Upload фолдерот ги содржи сите фајлови потребни за функционирање на vBulletin.

3. Eдитирајте го фајлот "includes/config.php.new" во config.php. Отворете го config.php со некој PHP едитор. Изменете ги подесувањата за базата, mysql корисничкото име, mysql лозинката.

Инсталација

Преку вашиот прелистувач одете на http://mojwebsajt.com.mk/forum/install/install.php.
* mojwebsajt.com.mk го заменувате со вашиот домен. "forum" фолдерот е "upload" фолдерот.

1.
Внесете го вашиот "Customer Number" за да започне инсталацијата.


2. Aко е се во ред, ќе почне инсталацијата.



3. Се отчитува config.php фајлот.




4. Со податоците одчитани во config.php се поврзува со MySQL базата.



5. Следно е да кликате само на Next Step копчето, со тоа што ќе започне запишувањето во базата.

6. Кога ќе стигнете на 9ти чекор, застанете. Тука треба да го внесете името на форумот, линкот до форумот, емаил.



7. Направете ја првата администраторска сметка.



8. Последниот чекор е бришење на "install.php" од "/install/" фолдерот.



9. Конечно имате форум.



Администрирање

Секако vBulletin доаѓа со административен панел. До него може да пристапите преку http://mojwebsajt.com.mk/forum/admincp. Логирајте се со вашето корисничко име и лозинка.



Се надевам дека ви се допадна напишаниов туторијал.

Поздрав :bye1:
 

Demonce14

Intern
20 октомври 2007
104
5
mypokemongames.com
Супер. Иако знам како се инсталира сепак добро е тоа што го имаш поставено. Добро би било сите да се обидеме да напишеме за било која скрипта да напишеме туторијали како се инсталира, иако на сите инсталациите им се скоро исти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,594
Мислења
824,198
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно