1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

инсталација (clean) windows XP после ubuntu

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од morb73, 11 ноември 2012.

  1. morb73

    morb73
    Intern

    16
    23
    27 oктомври 2011
    ( Можеби има за ова пишувано по форумов, но неможев да најдам)
    Луѓе помош, ме мрдна ова убунту!!!! Грррр!
    Е па вака.
    Имам Notepad Aspire one happy и имав инсталирано Windows 7, но бидејќи има само 1ГБ рам многу кочеше седмицата. Пробав да инсталирам Windows XP (преку УСБ), сменив и во биосот ATA наместо AHCI но неуспеав, изгледа со win to flash неможеше некој boot фајл (сега не ми текнува кој) да се инсталира на УСБ-то. Па се решив со Ubuntu, направив clean install (цел ми беше да ја избришам седмицата) и инсатлирав Ubuntu (едвај), Сега не можам повторно да инсталирам Windows XP, а да го избришам Ubuntu-то. Па ве молам кој може да ми помогне да инсалирам Windows XP over Ubuntu, зошто ова ме мрдна веќе, а и детето неможе да работи за во школо како што треба. Ви благодарам.
     
  2. Boldozer

    Boldozer
    On your way to fame

    1,146
    563
    2 ноември 2012
    Јас мисалам да инсталираш Windows 7 Starter, нема да сецка, или пак ако сакаш Windows XP сими од tpb изрежи го на cd и после почни со инсталацијата, кога ке имаш во која партиција да го инсталираш форматирај ја партицијата па после направи инсталл
     
  3. Aleksandar!

    Aleksandar!
    Gaining Experience

    529
    167
    29 Јули 2010
    Мислам дека треба да имаш верзија со интегрирани сата драјвери . Побарај низ торентиве има такви верзии .
     
  4. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,849
    2,435
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    А што ти смета кај убунту-то што неможе детето да прави за на школо?
     
  5. Aleksandar!

    Aleksandar!
    Gaining Experience

    529
    167
    29 Јули 2010
    Па ако не е навикнато на убунту на секого би му било тешко . Сепак виндовсот е полесен за употреба ,за кого како :)
     
  6. Zimrie

    Zimrie
    Gaining Experience

    473
    110
    11 Април 2008
    Машко
    Овие денови linux mint станува попопуларен од ubuntu. Јас до пред некое време користев ubuntu но тоа што не ја подржува повеќе unity2D ме примора да се префрлам на Mint cinnamon
     
  7. jimmyMK

    jimmyMK
    Gaining Experience

    144
    56
    20 Септември 2011
    Машко
    izbrisi ja particijata od 100mb mi se cini bese na win7 sto ja pravi i zemi si kako sto ti kazaa drugite tuka nekoj torent pa instaliraj
     
  8. morb73

    morb73
    Intern

    16
    23
    27 oктомври 2011
    Пробав и со стартер но исто беше, а имам симнато 5-6 различни верзии на ХП проблемот е што морам да инсталирам само преку УСБ, немам цд/двд.
     
  9. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,835
    823
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Се што треба е само да ја следиш постапкава.

    Со исклучок, во шестата точка, целосно избриши ги партициите (d на тастатура, па L за потврда па ентер (или како и да точно беа)).

    Читај ред по ред, стабилизирано и пополека. Прво обиди се да ја сфатиш точката, па после направи ја. Ова под предпоставка дека знаеш англиски. Доколку не ќе бараме друго чаре, или ќе ти го преведам туторијалов на македонски.

    Најлесно би ти било да си го испринташ целосно на лист, и да повлекуваш со пенкало чекор по чекор.

    Целава процедура е лично пробана, и гарантирано успешна. Додека бев америка барав за алатка за инсталација на windows xp преку усб. Случајно најдов софтверче WinSetupFromUSB кое одеше со се туторијалов. Ме заинтересира и го пробав.
     
  10. morb73

    morb73
    Intern

    16
    23
    27 oктомври 2011
    Одговор за сите.
    Детето е навикнато на виндоус, тие и во школо работат на едубнту но лекциите им се за работа на виндоус (чудно ?).
    Работава е што не можам да дојдам до делот каде се бришат и форматираат партиции, а прочитав негде дека има некој проблем во форматирање од ext2, ext3, и ext4 во NTFS , а мислам дека можеби е и до бутабилното УСБ, кога ќе излезе инсталационото мени под 2)gui mode setup windows кога ќе го притиснам излегува hal.dll error и не можам да продолжам. Пробав со различни програми да направам бутабилно УСБ и пак исто. А на пример седмицата од бутабилно УСБ ми ја инсталира веднаш. Милион прашалници над глава ?????
    Ова последново мислење не го видов пишував додека беше објавено, и со таа програма сум пробал но ништо но сепак ќе пробам да одам по туторијалов па да видиме можеби нешто сум грешел.Англиски разбирам перфектно, ама малку помалку компјутери ) Благодарам.
     
  11. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,849
    2,435
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Значи најдобронамерно ти кажувам остај го детето нека учи на убунту не му ставај windows xp тоа ти е многу стар веќе не поддржуван систем немој да го уназадуваш па после да се мачи како тебе да незнае да инсталира од USB! Најдобро учат додека се мали.
     
    На Aleks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zimrie

    Zimrie
    Gaining Experience

    473
    110
    11 Април 2008
    Машко
    + ако дете се развива од мало над отворени системи ќе стане попаметно попроникливо во иднина
     
    Koen, goranzoran, Aleks и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. Koen

    Koen
    Gaining Experience

    238
    75
    14 Април 2010
    Машко
    Си можел да си останеш на 12.04 - пет години ти е подржана :)
     
    На Zimrie му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...