AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Владата најавува отворање нов 5-ти државен универзитет.
Македонски универзитет за информатичка технологија е името на новата високообразовна институција која ќе почне со работа во академската 2009-2010 година најави владата. Најголем дел од професорите кои ќе предаваат на универзитетот ќе бидат од сад и Европа. Ќе се студира на англиски јазик, по цена како на државните универзитети. Се уште нема конкретни детали колку студенти ќе се запишат, каде ќе е лоциран и колку ќе чини подигањето на 5-тиот државен универзитет. Најавите се дека за студиските програми ќе се одвојат неколку милиони евра велат од владата
На терен пак компјутеризацијата на училиштата доцни. Првата фаза од проектот компјутер за секое дете наместо во март ќе заврши во јули. Дотогаш треба да бидат инсталирани компјутерите во средните, а паралелно се работи и во 10-те основни училишта.
Доцнењето во компјутеризацијата од владата го правдаат со подготовката која е потребна за инсталација на компјутерите. Грандиозниот проект на владата компјутер за секое дете предвиден е да тече во три фази. Првата фаза или инсталацијата на 100 000 компјутери наменети се за средните и дел од основните училишта.
Извор: Канал 5, Макфакс