1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Информативен памфлет за купување десктоп монитор

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од Rikimaru, 26 Април 2020.

Тагови:
  1. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,318
    2,567
    19 Јули 2013
    Штом е така, ич да не продолжувам со прашањата :)
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Баш напротив, давај прашања колку можи. Така ќе се подобри четивото. Некоја друга точка да отвориме за дискусија дај.
     
  3. Rukfash

    Rukfash
    Gaining Experience

    628
    383
    24 Јануари 2019
    Машко
    Не ме занима
    Дечки. Конкретно на мониторот го рекламираат со 1ms response time.
    2019 24" AOC 24G2U5 Specifications
    А уствари погуглав малце и има нешто со го викаат MPRT (Motion Picture Response Time).
    Ако е само маркетиншки трик дали се иплате 50 евра повеќе за разлика од Samsung PLS 24 inch кој е 72 херца 4ms?
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Нема реален response time од 1ms ни кај најбрзиот монитор што постои. Реално, мониторите се побавни за неколку милисекунди (сите монитори), бидејќи при сите тестови на пиксели менување боја, го земаат најбрзото време од сите, наместо средната вредност. Што значи ако овој од 1ms е побавен неколку милисекунди во реалност, исто така тој Самсунгот од 4ms (коешто е најброзото време) е побавен за НЕколку милисекунди. Крај крајева најбрз монитор е тој што е рекламиран со најбрзо време (иако во реалност е побавен).
     
    На Rukfash и draganamon им се допаѓа ова.
  5. Nikola230

    Nikola230
    Intern

    10
    8
    28 Август 2019
    Машко
    Може некоја препорака за монитор, планирам до кај 15-16 илјади да биде отприлика (да не отварам нова тема :) ), намена би му била и за гејмање основни ствари и работа, па во блиска иднина планирам да склопам некоја конфигурација посериозна за гејмање.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Каква работа? Прашувам бидејќи потребно ми е да знам дали ти треба висока резолуција за работа. Ако се тргнат настрана гејмерските особини на мониторите како висок рефреш рејт и низок респонс тајм, за тие пари да видиме дали да се фокусираме на висока резолуција или овие првиве. Исто така тип на панел е важен за видот на работа што ќе го работиш. Како и да е, ќе мора компромис во нешто да се прави со тој буџет.
     
    На Nikola230 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nikola230

    Nikola230
    Intern

    10
    8
    28 Август 2019
    Машко
    Не е графички дизајн, стандард офис работа од типот на ворд, ексел, чат пат фотошоп итн. во принцип основни работи, затоа што моментално сум на лап топ и сега за сега ќе го приклучам мониторив на истиот, а си средувам некое катче, па сакам да го опремам со монитор што понатаму ќе послужи и за некое гејмање кога ќе направам конфигурација.
     
  8. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,365
    993
    1 Јуни 2016
  9. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Unstoppable

    1,754
    2,099
    25 Март 2013
    Машко
    The Geek Boy, Маша и на Rukfash им се допаѓа ова.
  10. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,365
    993
    1 Јуни 2016
    Да одам со IPS тогаш? Гледам имаше филипсче добро :)
     
  11. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,646
    4,135
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Досеа 3 IPS монитори сум купил од поефтината класа. Сите пројавиле bilding после 6 месеца. нов лаптоп исто така со IPS екран после 12 месеца пројави bliding.
    Сликата е преубава ама у темни позадини,филмови гледање ептен се истакнува blidingot.
     
    На mihovkris му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Weeaboo

    Weeaboo
    Gaining Experience

    165
    101
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    Како тоа отпосле ти се појавило блидинг? Малце глупаво прашање, но, случајно дали е можно да си приметил после одредено време? Јас сум имал 2 IPS монитори, еден Philips, и моментално Dell. Philips имаше малце во долен ќош па после две години сеуште има на исто место и со исти интензитет, а Dell-от нема воопшто, го користам година дена, речиси воопшто не е згаснат, 50 % brightness, 50 % contrast.

    Дополнително прашање, дали имаш наместено full spectrum да ги прикажува боите доколку си поврзан со HDMI?

    Од истите BenQ, баш има добар IPS за ич пари или пак , но двата се 60 Hz, и за жал ги нема моментално на залиха.

    Доколку се решиш за IPS, провериси во продавница директно дали има мртви пиксели или блидинг на темна боја, ако треба побарај им во продавницата да затемнат малце атмосфера зошто на обично осветлување не се примеќа поради одблесокот од неонките или надворешна светлина иако се со matte coating.
     
    На MadBuldog му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Како што ти напишаа некои членови, јас исто така не би препорачал TN бидејќи не би видел ништо ради лошиот контраст и опсег на бои. Како панел технологија TN веќе требаше да умри досега ама ете се држи некако ради високиот рефреш рејт и нискиот респонс тајм иако новите панели започнуваат да имаат слични перформанси во тоа поле. Навистина имаш ограничен буџет и ќе треба да се прави компромис.

    Е сега со ефтините IPS, нема да добиеш добар респонс тајм и рефреш рејт и не си напишал за што намена ти е мониторот. Брза динамична содржина ако не гледаш/играш, тогаш овие особини губат од вредноста. МОЖЕБИ ќе се најде VA Панел со малку подобри refresh rate и response time (не сум проверил), ама и VA како панел доаѓаат со компромиси од типот на намалени viewing angles, зголемен ghosting итн. Ама пак овие особини би ти биле важни зависно намената на мониторот.

    Веќе од наша продавница ако купуваш, обавезно да поминиш в продавница да провериш за себе како ти се допаѓа мониторот и дали има некои мани како блидинг итн. итн.
     
    Последна промена: 6 Јуни 2020
    Rukfash, PC_GAMER и на MadBuldog им се допаѓа ова.
  14. Pane24

    Pane24
    Unbeatable

    4,646
    4,135
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Временскиот период е од прилика. Сум ги приметувал после подолго време дека постојано се шире блиднингот, односно на лаптопот е најјистакнат и најјиритантен бидеќи има ултра тенок 15.6 екран и не би ме чудело тоа воопшто. Ме чудаат мониторите што го имаат истиот проблем.
    Не сум ја користел таа опција никад.
     
  15. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,365
    993
    1 Јуни 2016
    @Rikimaru ќе се користи 95% од времето за гејмање WoW, Tomb Raider и некои остали игрици. Ретко може да се погледне некоја серија.
    Немам баш голем буџет за давање за монитор, нешто до 6000 денари би ми бркало работа макар и 60Hz.
     
  16. dariuus

    dariuus
    Gaining Experience

    42
    57
    19 ноември 2018
    Машко
    Едниов е 22' другиов 24' и двата имаат IPS панел само тој од сет има и Freesync
     
    На mihovkris му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    1,365
    993
    1 Јуни 2016
    Фала ти @dariuus .. го гледав Филипсот ама ко попозната марка Benq мислев дека се поарни.
    Небитно, втора опција ми беше филипсот секако, доколку некој друг има предлог, бујрум, ако не ќе се порача овој во понеделник.

    Самсунгов да беше барем 24" и да не беше сетек, ќе го земев.
     
    На dariuus му/ѝ се допаѓа ова.
  18. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    847
    330
    9 Август 2018
    Машко
    Браво!
    Капа доле, одлично напишано.
    Баш ми требаше ова, оти јас сега треба да зимам 144Hz монитор.
    Баш како што ми кажаа другите и ти си напишал.
    Ако гледам 1080p 144Hz да не е 27 инчи, да биде испод (околу 23 инчи), или ако гледам 27 инчи да биде1440p резолуција.
    Е сега, гледав јас по ова нашиве сајтови, ама и тесен сум со буџетот. Не ми се дава више од 25 бона, знам дека има подобри повеќе од 25 бона, ама треба и други делови да зимам, па неможам многу пари да фрлам.
    Еве кои монитори ги гледав јас како топ во тој буџет.
    Овие ќе можам со попуст за околу 20 бона да ги лапнам.

    https://m.anhoch.com/product/44869/monitor-32-msi-ag32cq-led-gaming-1ms-144hz-qhd-hdmi-dp-dvi-curved

    https://m.anhoch.com/product/599265922/monitor-27-dell-s2719dgf-gaming-2560x1440-tm-169-hdmidpusb

    Не ми е важна анестетиката, како изгледа итн...
    Се дур работи како што треба, и нуди тоа што е напишано.
    Двата се IPS така?
    Кој од овие два би ми ги препорачал?
    Или пак препорачајте друг за до 25 бона од Анхоч.
     
    Последна промена: 7 Јуни 2020
  19. Weeaboo

    Weeaboo
    Gaining Experience

    165
    101
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    Од тие што си ги наведол, ниту еден не е IPS. MSI-то ти е VA, а под него Dell ти е TN на 155 Hz што не ти го препорачувам воопшто. Во тој буџет, би ти влегувало само 144 Hz VA панел на QHD резолуција.
     
  20. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    847
    330
    9 Август 2018
    Машко
    Значи IPS нема да можам да најдам во тој буџет?
    Јас веќе имам еден Samsung IPS од 2012 со 1080p резолуција и тој ми прикажува задоволителни бои, до сега не сум имал проблем. Но за гејминг ќе користам тоа што ќе земам, а овој Samsung - от како втор екран тогаш.
    Еве спецификации за Samsung - от што го имам:
    Samsung SyncMaster T23A350 Specs

    Ако може да се најде IPS дисплеј во тој буџет тогаш уште подобро.
    Ако не тогаш 23 - 26 инчи 1080p 144Hz.
    Ама пак, дали ќе приметам некоја разлика ако еве на пример го земам тој MSI со VA панел. Дали боите ќе ми бидат слични со оние на Samsung - от.
    Освен игрици, и за школо што куцам, пишување по форуми, друго релативно не користам, од рејнџот готошоп, па јас и до толку не се замарам да бидат боите најдобри, само да се океј.

    Edit: Дури сега приметив Samsung - от не бил IPS, туку TN. Мене ми вади одлични бои, го имам и како телевизор користено, и сум задоволен, па така да нема да гледам некоја промена ако земам TN дисплеј. Од VA до TN има некоја огромна разлика у бои или?
     
  21. dariuus

    dariuus
    Gaining Experience

    42
    57
    19 ноември 2018
    Машко
    Еве видео па види ги разликите се е убаво објаснето
     
  22. architect

    architect
    Unstoppable

    1,972
    2,360
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Дечки користи некој вакво нешто за чистење ? Ги има во Нептун, и се единствено нешто што го продаваат за нега на телевизори, преносни компјутери и монитори ....
    C-200 - Meliconi
     
  23. Weeaboo

    Weeaboo
    Gaining Experience

    165
    101
    23 Февруари 2020
    Машко
    Programming
    Освем точен приказ на бои, кај IPS и VA панелите наспроти TN имаш подобри агли без да се губи квалитетот на боја. Оваа палета е мислам доста прецизна за да имаш генерално знаење за тоа кој панел што нуди.

    Не си приметил зошто цело време си бил на TN. Да си користел IPS/VA, па да се вратиш на TN ќе се осеќаш како далтониста (ова од искуство го зборвам, но во мојот случај беше ептен лош TN). Од друга страна IPS и VA пак не се перфектни и ден денес, секој панел си има предности и недостатоци. IPS има glow или полошо IPS Bleed, додека VA има ghosting и нијанса понепрецизни бои спрема IPS-от. Со секоја одлука на тоа што ќе купуваш, правиш еден вид компромиз.

    Од буџетот што го наведе, мислам дека ова би ти завршило сосем солидна работа, достапен е во Сетек за 18к (од некоја причина неможам да отворам линк на Сетек страницата, нешто им е избаговано.)
    Нуди далеку подобар панел од обичен TN, а и згора на се е 144 Hz, и ќе имаш добар бенефит во гејминг. Над 144 веќе не се осеќа толку разликата.
    Доколку може, во салон постави два монитора (или 3), сите со различен панел, но еден од нив да е TN, па да увидеш разлика на лице место.
    --- Споени мислења, 7 Јуни 2020 ---
    Јас цело време користам средство за чистење (какво ќе најдам по дома) + микрофибер крпа и никогаш сум немал проблем. На интернет препорачуваат дестилирана вода бидејќи од малиот процент на алкохол што ги содржеле средствата, можеле да се нагризет слоевите на панелот, што мислам дека е малце екстремно.
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.
  24. StalkeR

    StalkeR
    Unbeatable

    4,209
    4,046
    5 Декември 2009
    Машко
    Јас имам едно од Сет, 160,170 денари беше. Со микрофибер крпа исто така.
    Чистам по дома монитори, лаптоп, тв..

    Sent from my Redmi K20 using Tapatalk
     
    На architect му/ѝ се допаѓа ова.
  25. The Geek Boy

    The Geek Boy
    Gaining Experience

    847
    330
    9 Август 2018
    Машко
    Го изгледав видеото и сфатив. Фала ви инаку што ми објасните.
    Инаку, се мислев и си викам, можам поевтини 1080p 144Hz да најдам, ама испод 27 инчи нормално, да не фрлам многу пари, оти реално освен тие 144Hz, 1440p резолуција дали во опште ке користам. Да не зборам дека ќе има влијание на перформансите исто така.
    Ги гледав овие подолу:

    https://www.anhoch.com/product/16939/monitor-25-hp-omen-fullhd-1920x1080p-144hz1mstn1692xhdmidp3xusb

    https://www.anhoch.com/product/4061...s-144hzusbx3hdmix2dvi-dualdpheight-adjustment

    https://www.anhoch.com/product/5992...en-samsung-qled-fullhd-gaming-curved-1ms144hz

    Од сите тие само Omen - от, и Samsung - от ми фрлија највеќе око реално.
    Гледам и ти што си ми го пратил тој Samsung - от за таа цена и одличен, па ајде ќе го земам и тој у обзир. Од овие горе што се наведени според тебе кој би бил најдобар за цена?
    Јас моментално имам Samsung и сум задоволен. Ќе си остане како втор монитор, а и да земам пак Samsung не би ми било проблем да се навикнам, оти и веќе реално сум навлезен во екосистемот на Samsung. Знам дека тој Samsung вади најдобра боја од сите и има најдобар панел.
    А вака од тој Samsung горе што го пратив, и ти овој што го прати, која разлика е? Освен резолуција, и величина во што друго е едниот подобар од другиот? Дали, и кој е повисока класа на Samsung монитори?
    И btw, и мене не ми отвори на setec да видам спецификации од телефон, но на пребарувачот стиснав сајтот да ми го прикаже како за на компјутер, и ми го даде.
    --- Споени мислења, 7 Јуни 2020 ---
    Edit: Сите освен Samsung - от биле TN, па изгледа ќе си ја продужам традицијата со Samsung уреди.
    Инаку се селам за 2 месеци, и нешто (до Септември треба да сме иселени целосно).
    Дали до тогаш продавниците како Anhoch и Setec ќе ги имаат овие монитори?
    Оти знам за 1070Ti графичките прашав еднаш, и после неколку месеци ги тргнаа. А еве уште чуваат 1050Ti графички.

    Сега останува Samsung vs Samsung, освен резолуцијата и инчите, кој е подобар, и кој вреди повеќе за цената.
    HP Omen, едино ако се стесни буџетот, го гледам и тој не е лош, ама TN панел.
     

Сподели

Вчитување...