1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Индустријален Дизајн Машински

Дискусија во форумот 'Факултети' започната од Sad Frog, 25 Август 2018.

  1. Sad Frog

    Sad Frog
    Intern

    19
    3
    29 Февруари 2016
    Машко
    Здраво, малце касно прашувам ова ама изглеа ќе идам на Инд. ја, има некој од таму или што завршил да ми каже како е, што повеќе со учи, дали математика/физика или дизајнот, што работа има со дипломата итн. Видов дека се учи 3Д програма, скицирање и графички дизајн ама има и математики/слично и зборот индустријален не ми штима толку, така да не сум сигурен што да мислам баш.

    Дали е повеќе креативен дизајн или пример само да се оптимизира производство или такво нешто бидејќи углавно ме интересира креативната страна и не сакам да се заебам бидејќи барав дизајн факултети, не машински(у смисла смер хидраулика или нешо)/физика/индустрија, мислам дека не би ме интересирале тие кариери толку а идам од интерес не пари/колку да завршам некој(иако да немаше никаков притисок најверојатно би правел година пауза :D )
     
    На Kajsibebraat и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  2. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    457
    657
    16 Јануари 2016
    Машко
    Порано јас кога учев на инд имаше хидраулика предмет сеа мислам го имаат сменето. Можеш веројатно да ги ѕирнеш предметите по семестар онлајн и што се изучува у нив. У прва имаш математика, статика ко на повеќето смерови на мфс, тек у втора ти почнуваат предметите со "намена" и праксата. Мене не ме интересираше графички дизајн па одбрав 3д моделирање и анимација како изборен предмет негде у втора/трета година. Јас лично не си го сакав факултетот што не значи дека е лош него само не беше за мене. Напрај си сериозен муабет со твоите една година пауза не е крај на светот.
     
  3. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    204
    154
    29 Март 2012
    Се вика индустриски дизајн, алооо, не индустријален. Штом уште името го згреши не си за таму.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,206
    202
    1 Мај 2008
    Ако планираш да идеш на машински и повеќе те интересира „креативната“ страна од факултетот, бегај од машински со време. За машински општо за сите смерови треба учење и посветеност. Не се полагаат испити со „креативна“ настроеност кон одредени предмети а другите предмети кои се од исклучителна важност за сите смерови општо не смеат да не те интересираат.
    Бидејќи спомнуваш креативност и една година пауза после средно школо, тоа ме асоцира дека си социјален тип кој повеќе му е мерак да виси по кафичи и да влече цигари со друштвото отколку да учи. Ако грешам во мојата проценка, јас се извинувам.

    Кај индустриски дизајн а и кај сите смерови општо во првите две години предметите ќе ви се 90% идентични. Ќе учиш предмети како статика, кинематика и динамика, системи и управување, јакост на материјали, механика на флуиди, термодинамика, машински материјали, математика 1, математика 2, математичка анализа и др.
    Ако немаш намера сериозно да седнеш и да ги научиш (не да ги набубаш) овие предмети тогаш твоето академско искуство со машински ќе биде само измачување и /или губење пари и време.

    А кога ќе стигнеш до предметите кои се карактеристични за твојот смер:

    - Имај на ум дека за грото од предметите професори се Татјана Кандикјан и Иле Мирчевски (овој беше асистент до скоро). Овие двајца професори меѓу студентите ги бие лош глас веќе со години. Треба да си сериозно посветен на предметите и материјалот за да си немаш мака, бидејќи овие професори бараат многу знаење а и често пати знаат да ти се фатат за ситница и да не те пуштат во сесија.
    Јас кај овие професори сум поминал без никакви проблеми со посветено и редовно учење и разбирање на предметите.

    - Работа за твојот смер не сум сигурен колку има, но со сигурност би можел да се вработиш на места каде што побаруваат дизајн на конструкции, статички и јакостни пресметки на истите, моделирање и работа во CAD/CAM (кои се исто така тесно поврзани со производното инженерство), и сл. Но не очекувај дека со сигурност ќе најдеш работа стриктно за твојот смер. Многу полесно ќе најдеш работа која е општо поврзана со машинство, без разлика дали е тоа хидраулика, енергетика, производно инженерство, работа во CAD/CAM итн.
    Ако си натпросечно технички поткован и имаш сериозни знаења од областа на електрика, електроника, програмирање и слично, со машинскиот факултет нашироко ти се прошируваат квалитетите што се потребни за работа а со тоа имаш и поголеми шанси за наоѓање солидна работа.

    Запамти дека со дипломата од машински не само што си специјализиран за некои специфични области од машинството, туку имаш и општи познавања од другите области од машинството (статика, јакост, кинематика и динамика, хидраулика, термодинамика..., а со изборните предмети ова веќе станува поопширно).

    Но, не заборавај! Хартијата (дипломата) ти е безвредна ако ништо не си научил. Треба да покажеш искуство и знаење кога ќе бараш работа.
    Сум слушал секакви муабети, поготово од старите. Верувам дека знаеш на што алудирам. Јас ќе ти кажам: не ги слушај, туку УЧИ. :)
     
    На Kajsibebraat, angel485mk, Luidgi и уште 3 други им се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    5,663
    7,305
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Јас не знам како се проаѓа на факултет ама знам дека низ Европа е тепачка за кадри од областа на индустриски дизајн, почнувајќи од мојата компанија па конкуренција до општа побарувачка.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Roncic

    Roncic
    On your way to fame

    561
    541
    7 Јули 2012
    Машко
    Тепачка е , само никој не запослува креативец , туку професионалец на кој крајниот производ треба да му биде функционален.
    Да те просветлам со најпрост пример: Потребна е кутија која треба да се полни машински. Пред да дојдеш до тој креативниот дел треба да знаеш материјал , тврдост на материјалот , дебелина на истиот, како реагира на лепила и милион ситни работи кои како краен производ треба да се вклопат за да биде функционален.
     
    На Speedster и JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  7. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    446
    179
    28 ноември 2015
    Машко
    Хмм, ако стварно сакаш индустриски дизајн, пробај се на напревари за дизајн на концепт возила. Јас како дете фантазирав да бидам дизајнер на коли. Толку се внесов, што праќав цртежи на напреварот на Пежо за концепт возила.
    И тогаш сфатив колку е уствари тешко да се нацрта нешто и истото да се претвори во делови кои потоа ќе се склопат и заедно ќе функционираат како целина за дадена намена. А за да треба да изгледа и убаво, ќе ти треба уште труд.

    Мислам дека тоа беше годината 2003та кога ова победи:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Тоа што @Roncic го кажа, дизајнот треба да биде изводлив во вистински свет, не само во цртеж/CAD модел.
     
  8. Astro

    Astro
    Guru

    5,663
    7,305
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Една од дефинициите за дизајн е да биде изводлив, применлив и да овозможи доаѓање до израз на употребните вредности.
    Ако нешто (како на сликава погоре) не нуди употребна вредност тогаш тоа не е дизајн туку уметност.
    Многу јасно зошто Пежо уште не извадиле концепт што и од далеку наликува на ова погоре.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Speedster

    Speedster
    Gaining Experience

    213
    174
    1 Јануари 2016
    Машко
    Јас можам да се надоврзам исто со горе посочените Кандикјан и Иле . Јас ради нив го оставив факултетот 3 предмети ми останаа кај неа а ми останаат вкупно околу 6 до крај предмети . Значи кандикајн е пијавица ако те осети дека имаш знаење ке те цица . Значи она со туѓата труд се пласира на пазарот колку што имам јас слушнато и видено дизајнот на нејзините предмети што вие го носите за оценка станува нејзино дело . И тоа дело се пласира на пазарот како нејзин производ . Нејзиниот час се состој со зборовите сакам да нацртате нешто ептен скапо што е ова ништо сакаммм скапооо . Е тоа се лично нејзини зборови со мојата генерација а тоа беше пред 13-14 год . Е сега незнам дали тие раб се променија . А за Иле е таму дека знае да клекне пред се што ми е кажано. Само и он гледа да прави се што неговата господарица прави и му кажува . Хидраулика немаш више како што слушнав имаш замена за тие некој предмети што беа непотребно у дизајн . Имаш вајарство итн . Освен Кандикајн со Иле у комбинација друг проблем немаш . Ама па од друга страна кај нив ти се повекето предмети и мислам ги имаш у 3 год од студирање .
     
  10. Sad Frog

    Sad Frog
    Intern

    19
    3
    29 Февруари 2016
    Машко
    Фала до kebe и таа чудна проценка од страна на Vlatzki, барем се извини али не, само сум креативен и несигурен во изборот и не сакам факултет да запишам ради реда место да почекам година дена, не знам кое од тие звучи понесериозно..

    @Roncic значи индустриски дизајнер ја дизајнира машината и фабричката страна на процесот, или опаковката, или производот? Поентата ми е дека не барам да ја правам фабричката страна и машините кои ќе праат mass-producing и транспортот на продуктот туку самиот продукт за што сфаќам дека нормално би требало материјали и тие работи да ги знаеш, ама ме буни тоа што на флаерот на сајтот во кариерни можности пишува аниматор, графички дизајнер и дизајнер на производи, претпоставувам и коли(што не верувам дека ме интересира) и ентериер(тоа звучи интересно ама е избор меѓу тоа и опаковки така да не знам) по предметите.

    Иначе по тепачка мислите многу се бараат или нема доволно работа?
     
    На Vlatzki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Speedster

    Speedster
    Gaining Experience

    213
    174
    1 Јануари 2016
    Машко
    На индустриски дизајн исто идеше Славче Таневски . Дизајнерот за мерцедес исто така тој правеше само надворешен дизајн за коли . Така да мислам ако си у таа насока дека можда не би згрешил со смерот . Исто така кога гледаат добар кадар професорите помагаат да идеш напред мислам дека не сите професори се како Кандикајн . Така да едно мало интревју или инфо прашања на машински факултет со Софиа Сидоренко како добар ментор не би ти пречело . Исто напрај разговор со Кандикајан види со што човек ке имаш часови . Мислам дека Сидорено би излегла доста у пресрет у сите погоре прашања . Слободно иди на Хомологација одел побарај ја Сидоренко кажи и дека сакаш да идеш на индустриски дизајн и нека ти даде детали . Дека и кај неа ке имаш доста часови , а жената е обратното и Кандикајн . Тоа е мое мислење
     
  12. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,206
    202
    1 Мај 2008
    Сега подетално разгледував и на сајтот од машински за смерот индустриски дизајн:

    Индустриски дизајн | Машински факултет - Скопје

    Хидраулика немаш, термодинамика немаш, ама затоа имаш статика (механика 1), кинематика и динамика (механика 2), машински материјали, машински елементи, математика итн.
    Можеш да кликнеш на секој предмет од списокот и ќе ти се отвори pdf документ каде што имаш краток опис на предметот, како и разни други корисни информации, меѓу кои и кој ќе биде професор по тој предмет. Имај на ум дека по некои предмети професорите од година во година се менуваат, но ова поретко е случај кај специфичните предмети од смерот.

    Исто така би можел да ги разгледаш смеровите на Технолошко - металуршкиот факултет. Смеровите се дадени во средишната колона под името „дипломски студии“. За овој факултет воопшто не сум упатен што е и како е така да тука не би можел да ти помогнам.

    Технолошко-металуршки факултет
     
  13. dule_

    dule_
    Gaining Experience

    125
    88
    7 Март 2015
    Друже реално тука нема којзнае колку работа за дизајнер. Ако имаш во план после факултет да одиш странство (дали за работа или за мастер) запиши се, иначе земи помашински смер.

    Јас завршив мехатроника и од искуство ти кажувам.

    Sent from my MI 6 using Tapatalk
     
    На Vlatzki му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...