Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Ова мора да запре под итно пред да кулминира. Дали нашиве ИСП-а имаат барем мала можност да обрнат поголемо внимание на филтрирање на меѓународниот интернет сообраќај меѓу Грција-Македонија и преземање некои мерки? Шојиќ, ти работиш за ИСП?
Да, работам за ИСП, ама не уште долко. Уште септември, за од октомври најавен им е отказ, баш поради вакви работи. Не може да работам ништо интересно и креативно, туку внесувам MAC адреси.
А едно мало можеби глупо прашање од моја страна. Дали може да се блокираат IP адресите пример по range тие што се од грција да немаат пристап на македонски веб страни и обратно?
Не е проблемот не напаѓајте за да не бидеме нападнати. Проблемот е што нападите се врз граѓани на грција коишто немаат никаква политичка позадина. Некој се мачи да заработи за леб, и е нападнат затоа што не ја признал македонија, а воедно туристичките агенции и слично имаат голем удел во односите меѓу Грција и Македонија, да не беа тие ќе Македонија до сега ќе беше призната под уставното име.
п.с. Во горниот текст, секој збор беше во ироничен контекст.
Типот со гугл барал ранливи страни и потоа ги напаѓал со експлоит за joomla кој го нашол на milw0rm а најверојатно појма нема како работи истиот и на кој принцип?
ОК е се да не кажете дека не сум патриот, ја сакам оваа држава и ЗАРАДИ ТОА подржувам нешто вакво, но сепак како што имам кажано порано - дефајсирањето не е хакирање, хакингот е нешто многу повеќе од дифејс на некоја веб страна истиот направен со помош на acunetix/sqlmap.
Значи, ниту од грчка страна има хакери ниту од наша страна во случајов на оваа дифејс-војна.
А инаку јас лично мислам дека само со употреба на сила може да се реши овој проблем но оваа земја аспирира кон запад па затоа не можеме НИШТО освен да се тргнеме на другата страна со русите...Али ај доста политика и така политика мразам - прекинете со темите за дефајсирани страни од двете страни известувајте само ако има нешто поинтересно во ова.