• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Immersion согласни да ја затворат тужбата со Microsoft

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Од компанијата која се занимава со видео игри Immersion, вчера изјавија дека ќе му исплатат на Microsoft 20.75 милиони долари по основ на судски договор меѓу двете страни.

Како дел од договорот, Immersion ќе стане партнер на Microsoft и ќе ја насочат нивната технологија да работи со новиот оперативен систем на Windows. Immersion е специјализирана за производство на контролери за игри.
"Договорот за партнерството меѓу двете компании мислам дека е важна компонента како за Microsoft така и за нас" - вели Clent Richardson, главниот и одговорен во Immersion.

Со договорот се затвори една долга приказна која започна во 2002 година, кога Immersion ги тужеше Microsoft и Sony за кражба на патент-производ. Microsoft и Immersion го средија ова прашање во 2003, така што Microsoft му исплати 26 милиони долари на Immersion.

Иако не беше кажано јавно во тоа време, тој претходен договор вклучуваше една невообичаена клаузула според која Immersion требаше да му врати значаен дел од парите на Microsoft, штом го средат спорот со Sony. Сумата што треба да ја вратат ќе зависи од разврската со евентуалниот Sony-Immersion договор. Или со други зборови кажано, Microsoft им обезбедуваше средства, додека малата компанија водеше легална битка против ривалот на Microsoft. Клаузулата за враќање на парите значеше дека Microsoft ќе ги добие парите назад ако спорот Sony-Immersion заврши со победа на Immersion.

Во Март 2007 Sony и Immersion најавија дека се договориле да го затворат случајот со кражбата на патентот и дека ќе склучат нов договор за соработка.

Со тужбата од Јуни 2007 Microsoft се обиде да докаже дека Immersion се обидува да прикрие дека е постигнат договор со Sony и дека со тоа избегнува да ја плати сумата договорена во претходниот договор од 2003 година. Со последниот договор склучен деновиве меѓу Microsoft и Immersion, конечно заврши и овој судски спор.

Microsoft веќе користи не баш сјајни контролери за игрите за Xbox 360. Со новиот статус како партнер на Microsoft, Immersion ќе се фокусира на тоа да ја направат нивната технологија да работи со следната верзија на Windows најавена за 2010 година.

Извор: Xinhua
 

trakilaki

Intern
15 мај 2008
1,084
18
Ako ovie Immersion go napravile kontrolerot za Play Station.......... stvarno alal da im e........... u zivot ne sum videl tolku dobro dizajniran kontroler .... taka dobro da lezi vo raka i da sluzi besprekorno. :bravo:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,510
Мислења
822,305
Членови
28,048
Најнов член
milesp
На врв Дно