Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Имам веб страница и сакам да ја промовирам (2)

_gorco_

read-only
23 јануари 2009
27
5
travel2macedonia.com.mk
Здраво повторно,

незнам дали во меѓувреме, се започна со некоја тема за нови веб страници (ако има би ги замолил администраторите/модераторите, да ја преместат темава таму).

Би сакал да Ви претставам уште една нова веб страна на темата Македонија: macedonian-hotels.mk

Како и во претходната тема, ќе Ве замолам за Вашите критики и коментари.

Поздрав,
 

@ILE@

hello world
21 октомври 2010
173
77
Добра идеја во секој случај, само не е мој тип на веб страници :)
 

iq1

hello world
20 јануари 2010
173
4
Нема хотели во Куманово ?! Најмалку 5 има и тоа убави. Интересна страница, може да послужи само да се дополнат информации. Поздрав.

ПС Хотели во Куманово
Рим-Париз, Хилс, Сателит, Лав, мотелот на влез на Куманово и други, не ми текнуваат во момент.
 

Miniteck

read-only
23 мај 2011
11
1
Пред да почнеш да ја промовираш страницата, што мислиш на пример да ти помогнеме(доколку и другите членови би сакале) да ја надополниш страницата со хотели, затоа што приметив дека во неколку градови немаш ставено дека има хотели. Па после тоа промовирај ја и доколку би сакал, убаво би било да ставиш опција каде што луѓе ќе можат да поставуваат хотели на твојата страна (затоа што не верувам дека би можел 90% од хотелите низ Македонија да ги ставиш сам) или да дополнуваат подаци околу хотелите или да оставаат на пример импресии од хотелите каде што престојувале.

Иначе супер е страница и се надевам дека за кратко време ке стана позната :)
Поздрав!
 

важна

hello world
19 април 2010
461
98
Скопје
pukanka.wordpress.com
Па корисна е, кој сака информација за хотелите во Македонија, ќе сврати тука. Дизајнот исто така ми се допаѓа, лесен и едноставен за користење. Единствен пропуст е да додадеш повеќе хотели, но нова е нели, се тоа со тек на време :) :bravo:
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4.697
5.491
Корисна информација...Многу пати сум имал потреба од хотели низ градовите во Мкд, а тешко сум наоѓал информации по интернет...Така да замислата е за поздрав, а трудот кој е вложен за се ова да се направи исто така заслужува +.
 

iq1

hello world
20 јануари 2010
173
4
Пред да почнеш да ја промовираш страницата, што мислиш на пример да ти помогнеме(доколку и другите членови би сакале) да ја надополниш страницата со хотели, затоа што приметив дека во неколку градови немаш ставено дека има хотели. Па после тоа промовирај ја и доколку би сакал, убаво би било да ставиш опција каде што луѓе ќе можат да поставуваат хотели на твојата страна (затоа што не верувам дека би можел 90% од хотелите низ Македонија да ги ставиш сам) или да дополнуваат подаци околу хотелите или да оставаат на пример импресии од хотелите каде што престојувале.

Иначе супер е страница и се надевам дека за кратко време ке стана позната :)
Поздрав!

Не би било корисно и убаво да може да се додаваат хотели од секого поради нереалноста ( секој може да стави се и сешто) и на ниеден саглам веб сајт за резервација нема опција да се додаваат хотели. Тоа е нелогично. За коментарите за хотелите исто не се согласувам поради истите причини. Допаѓањето на хотелите е индивидуална работа. Имаш слики, имаш телефон, имаш веб на хотелот јави се информирај се. За градовите дека не се застапени веќе е кажано. Поздрав
 

Petkovsky

hello world
7 декември 2009
323
31
Идејата е на место.

Обавезно стави сортирање по цена и можност за оставање на коментари.
 

Miniteck

read-only
23 мај 2011
11
1
Околу додавањето на хотели, доколку би се овозможило секако дека не би секој се и сешто да објавува или да понуда да се објави, тогаш сигурно би водел сметка дечкото или др. што би работеле со него околу тоа, за да не биде јас на пример сакам да си ставам хотел по мој кејф и ке пишам што било и ќе ставам какви било слики од др хотели. Се надевам дека ме разбираш.

А за другото, кога ќе се јавиш во хотел тие таму нема ништо друго да ти кажат освен убави работи за нив и само убави слики ќе видиш, и кога ќе појдеш ќе се прашуваш "да не го згрешив хотелот?". Пример кога бев во Србија во еден хотел со "пет" ѕвезди и кога влегов внатре си реков уфф одлично е, ама кратко траеше затоа што прво од 5 лифта само 2 работеа(и тие не беа како што треба) а требаше на 15 кат горе да одам и чекав пола сат за лифтот, па после тоа ходниците беа премногу тесни едвај двајца се разменуваа, па собите исто така тесни, а пак по скалите.. тоа беше страшно колку само ѓубре имаше, почисто беше на улица од колку по скалите. хорор.
На пример ова никогаш не би го дознал кога би се јавил во хотелот или пак кога би гледал слики од хотелот. И секако дека и за коментарите што ке бидат оставени на пример да бидат одборени од адмистраторот или др. за да има коментари како што треба а не како што ќе му текне на некој абе овај не чини за ништо и толку. ти со тоа не добуваш ништо и не би требало да има таков коментар.

И исто така сакам да напоменам дека многу хотели немаат свој веб сајт, и на некој начин дечково може убаво да профитира од оваа работа после некое време доколку убаво се промовира и се развие.:bravo:
 

_gorco_

read-only
23 јануари 2009
27
5
travel2macedonia.com.mk
Ви благодарам за коментариве. :D

Како идеја го имам во предвид:
1. сортирањето по цените,
2. додавањето на хотели (со одобрување да се прикажуваат на сајтот),
3. имам хотели за Куманово на листа, но за нив немам доволно информации и се не се прикажуваат сеуште), а богами има и градчиња како Пехчево во кои нема хотели :(
4. Бројката на хотели/апартмани е скоро 200, иако јас не верувам дека во Македонија има повеќе од 350 хотели и апартмани, ќе се потрудам сите да ги прикажам (веќе кажано нов е сајтот - има време за се).
5. Коментари не би ставил, но би можел да ставам рејтингс.

Поздрав,
 

_gorco_

read-only
23 јануари 2009
27
5
travel2macedonia.com.mk
Доколку некој има предлог за хотел/вила/апартман/мотел/хостел кој не е додаден, нека ја користи контакт формата.

Доколку некој сака да предложи хотел има посебна контакт форма за тоа.
Инаку сајтот е добар, одлична идеја ;):bravo:
 

uwemi

poweruser
20 февруари 2011
4.761
4.323
Skopje
2b.com.mk
uwemi's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 3450s
Motherboard
Gigabyte GA-z68xpUD3
Storage
Samsung EVO 840 / 320GB + 1TB HDD.
PSU
CM SilentPro 700W
RAM
2x4GB Kingston - 1333mhz
Video card
Sapphire R9 280x Vapor-X
Case
CoolerMaster K-350
Mouse
Logitech MX-518
Keyboard
A4Tech B120 Red BackLight
Audio
Creative Inspire P380 2.1
Monitor
BenQ RL27" + SyncMaster 24"
OS
Windows 7 / 64Bit
Доколку некој има предлог за хотел/вила/апартман/мотел/хостел кој не е додаден, нека ја користи контакт формата.

New Star e eden od najdobrite hoteli vo MK nz zosto go nema na lista !!!
 

pipelin

Caffeine & IT.mk
8 мај 2010
2.695
3.336
Skopje
pipelin's setup  
OS
macOS
Предлог: Направи тие кои ќе додаваат хотели да имаат опција + да бидат на почетна а истото да треба да се плати :) или бесплатна опција само да ги има доколку посетителот одбере град. Според мене тоа е фер, а и секако трошоците да се покријат за сајтот :p Просто кажано на почетна да се прикажуваат хотели кои би платиле некоја мала сума на пари.
 

_gorco_

read-only
23 јануари 2009
27
5
travel2macedonia.com.mk
1. Хотели ќе додаваме полека, знаеме дека има многу што се познати - но сепак не може да ни сите да ни текне,
2. @pipelin, идејава е добра, впрочем слична е и на нашиот бизнис план, за препорачани хотели.

Поздрав,
 

Нови мислења

Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв