- Ја почнал/а темата
- #1
l3mi
Intern
Phone-от хакнат во Македонија
Има 28-години, живее во Гостивар, работи во Он.нет и моментално е најголемата ноќна мора на Стив Џобс и неговата ергела високо платени инженерите за безбедност. Сенад го хакна iPhone-от, миленичето на Епл кое за илјадниците хакери од цел свет до вчера беше не освоив како Сталинград. ЦАР!
IPhone-от фабрички е заклучен да работи само на мрежата на АТ&T и секој што би сакал да го користи мора да стане нивен претплатник - опција која (за нивна несреќа) не му била достапна на Сенад.
"Месец дена го чекав да ми стигне и кога дојде не сакаше да работи на ништо освен на АТ&T, па му ја клонирав картичката и сега одеднаш не можам да дигнам глава од мејлови," ни кажа по телефон Сенад a.k.a Deepdark кој деновиве навистина е под опсада на странски новинари желни да разберат за чудото кое до вчера беше невозможно.
За процедурата е потребен читач/пишувач на СИМ картички и една валидна СИМ картичка. Со помош на читачот ги откривате IMSI и ICCID броевите од AT&T картичката, кои потоа со истиот уред ги внесувате на вашата картичка. Ова ќе го прелаже iPhone-oт да го препознае вашиот СИМ како валидна AT&T и сосема легално да продолжи да функционира.
Сенад почнал со отклучување на телефоните чисто заради забава, меѓутоа тоа му досадило па набрзо почнал да "работи" на сателитски ресивери и нивно хакирање. До сега има забележително портфолио во кое како жртви се нашле неколку сателитски ресивери (меѓу кои и DreamBox), а истовремено изработил и повеќе емулатори за ресивери.
"10-те илјади вработени во Епл сигурно се незадоволни заради ова, но затоа милиони корисници ќе бидат среќни заради рушењето на наметнати бариери," вели Сенад за еден странски веб-сајт, поентирајќи дека "не можеш на луѓето да им продадеш кола а да ги присилуваш да возат само до 50 км/ч"