1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Има bandwidth ама слабо отвара

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од amanito, 10 Септември 2010.

  1. amanito

    amanito
    Intern

    8
    5
    10 Септември 2010
    користам TVMAX пакет.
    Го користам преку wireless ruter.
    кога ќе измерам на speedtest
    [​IMG]
    Ако пробам да симнувам нешто иде релативно брзо.
    Проблемот е што кога се обидувам да отворам facebook (не секогаш) страната се отвара како да нема доволно bandwidth (текст без слики).
    Втор проблем кој го приметив е со Flickr сајтот кој комплетно понекогаш не го ни отвара.

    Некоја идеа, нешто?
     
  2. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    a da iscistis temporary internet files i browser cache ne bi bilo loso ,pa togas da probas
     
  3. amanito

    amanito
    Intern

    8
    5
    10 Септември 2010
    Пробано :(
    користам Google Chrome
    што значи дека ако пробам со Internet explorer тој проблем би го немало, бидејки со ИЕ не сум ги отварал страните. :( За жал пак ист проблем
     
  4. CofD

    CofD
    Intern

    259
    24
    17 Август 2010
    А да се јавиш во техничка поддршка? :p
     
  5. amanito

    amanito
    Intern

    8
    5
    10 Септември 2010
    техничка подршка: дечко рестартирај го рутерот :)
     
  6. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,398
    3,117
    4 Септември 2008
    Истиот проблем и јас го имав на Call and Surf до пред 2 недели, се е како што треба само Facebook тие проблеми ги правеше. Јас го решив на тој начин што ми истече договорот и го сменив провајдерот.

    Ако ти значи, имав Pirelli рутер.
     
  7. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,508
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас го имав истиот проблем со фејсбук и го решив со тоа што си ги сменив DNS серверите.
     
  8. mdN

    mdN
    Intern

    175
    8
    26 Јануари 2009
    Истиот проблем го имав и јас.. исчистив се со CCleaner и после немаше проблем.. по некое време пак се јави, па чистев па се оправи ..
     
  9. pilch@rd

    pilch@rd
    Gaining Experience

    1,338
    131
    22 Август 2009
    Ако имаш од белине рутери смени го целиот рутер ,пошо такви се рутерите.
     
  10. vordan

    vordan
    Intern

    87
    14
    7 Јуни 2008
    Најди некој алат-софтвер (претпоставувам дека си на Windows) со кој можеш да следиш што сѐ ти поминува низ мрежа од компјутерот кон рутерот и обратно.
    Најверојатно имаш некаков тројан, ворм или вирус кој во заднина прави сообраќај.

    Пробај со друг компјутер/лаптоп, за кој сигурно сигурно знаеш дека е „чист“ (најдобро Linux) на истата конекција. Дали се случува истото, или е подобрено?

    Ако имаш WiFi, види да не ти се залепил некој комшија, или ако ја делиш конекцијата со уште некој во станот, види го и неговиот компјутер.

    Пробај и со други browser-и, да не има баш таа верзија на Chrome некаков баг. Успат, провери кои сѐ екстензии ги употребуваш. Исклучи ги сите кога тестираш (всушност, една по една, па пробувај).

    За крај, Pirelli рутерите се стварно тиња. Ако можеш, замени го со некој попристоен. Барем промени/додади пасворд на default корисникот (PUser), да не те ѕирка пола Скопје.
     
  11. ThundeR

    ThundeR
    Gaining Experience

    240
    54
    7 oктомври 2009
    Машко
    можеш да пробаш и со /flushdns во цмд
    ( IPCONFIG /flushdns )

    иначе ја мислам дека ова ти е некој вирус/тројанец така да скенирај го пц-то во сафе моде со антивирус и тројан ремовер
     

Сподели

Вчитување...