1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ИКИ vs. ИНФО ???

Дискусија во форумот 'Останато' започната од HocusPocus, 10 Септември 2008.

  1. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,013
    633
    3 Јули 2007
    Па вака, јас сега се запишав прва година на ФЕИТ и ме интересира која е разликата меѓу ИКИ и ИНФО, знам само дека едниот е 4 години а другиот 3. Јас се запишав на ИНФО. Оваа година на ИКИ имаше пријавено 300 и кусур души а примаат 100 во државна и 100 во приватна. А на ИНФО примаат 40 државна и 40 приватна, а имаше пријавено само 44 души :ermm: . Сакам да знам зошто повеќе го избираат ИКИ одколку ИНФО.
     
  2. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    ПРво кажи што се кратенките
    знаеш ли колку кратенки има за насоки на ПМФ и ако почнеме вака со кратенки никој ништо нема да разбере

    отприлике можам да претпоставам за што се кратенкиве но кажи ни ти
     
  3. Garfield

    Garfield
    Intern

    277
    4
    9 Декември 2007
    Најголемата разлика ти е во прва година, на тригодишните ИНФО математиката наместо четири семестри некако е збиена во два, плус нема физика и основи на електротехника. Останатите предмети кои се поврзани со информатика се исти со четиригодишните ИКИ од кои 90% и заедно ги слушате и полагате. Во главно би било тоа, со разлика во задолжителните предмети (не се исти предмети задолжителни, некои задолжителни за ИНФО се изборни за ИКИ и обратно).

    Тоа би било се накратко.
     
  4. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,013
    633
    3 Јули 2007
    @MetalGear

    Кратенките ти се:

    ИКИ - Информатика и компјутерско инжинерство

    ИНФО - Професионални студии по информатика.

    Мислам дека секаде се користат кратенките за студиските програми, бар овие се најпознати... и се доста познати :)

    Инаку според кажувањата ИНФО е многу полесен, и има повеќе програмирање а на ИКИ има повеќе физика, математика и електротехника. Ама зошто повеќе се запишуваат на ИКИ?
     
  5. loris

    loris
    Gaining Experience

    626
    54
    7 Мај 2007
    Машко
    Програмер
    Јас ќе ти кажам зошто повеќе се запишуваат на ИКИ, само поради тоа што е 4 години, друга битна разлика не освен можеби во титулата што ќе ја добиеш откако ќе завршиш.

    Јас сум на ИКИ, мојот предлог ќе ти биде да се запишеш на ИКИ ако сакаш да учиш електротехника, физика, па и математика повеќе. Инаку ако ти е конкретно да сакаш само програмирање и ништо друго ич да не се замараш на ИКИ, слободно оди на ИНФО. Таму се помалку студенти, значи имаш поголема комуникација со професор, асистент, ако имаш проблем ќе ти помогнат. А кај нас на ИКИ сме отприлика 250 студенти и на кого прв да му помогне асистентот мене или тебе.

    Првата година на студии на ФЕИТ(Факултет за електротехника и информациски технологии) е за сите смерови иста освен за ИНФО.
    Еве ти конкретни линкови за тоа што се изучува на ИКИ и ИНФО:
    ИКИ: http://www.feit.ukim.edu.mk/mk/studii/dodipl/novimod/iki.html
    ИНФО: http://www.feit.ukim.edu.mk/mk/studii/profesionalni/info.html

    Ако имаш нешто друго да прашаш, слободно пиши колку што можам ќе одоворам.
     
  6. mac-ufs

    mac-ufs
    Intern

    611
    19
    23 Април 2008
    Машко
    Developer
    ајде јас да се обидам да ти објаснам :D ... Сега завршив прва на инфо значи втора ме чека ... Моите најдобри двајца другари се на ИКИ па отприлика ја знам разликата

    Како што кажа лорис разликата е што на инфо нема електротехника,физика и темелно навлегување во математиката.Но тоа не значи дека на ИНФО им е полесно ... Така изгледа поради тоа што имаме поголема подршка од професорите како што кажа лорис поради тоа што сме малце ... Ме изнервира кога слушнав како една другарка ја излажала кравата на студентски дека со ИНФО не може да се магистрира и она пред тој одговор од неа, сакала да се запише на ИНФО но бидејки оваа и го кажала тоа она се запиша на ИКИ ... Разликата е што јас за три години зимам диплома како информатичар т.е дипломиран информатичар и доколку сакам да магистрирам зимам една година класификации за четиригодишните студии т.е учам електротехника фзика итн итн и една година магистратура ... Овој систем се вика 3+2 само што на електро уште не е официјално воведен како таков па се води како професионални студии ... Секаде во европа се стремат кон овој систем ... Правен е веќе напраен скоро цел 3+2 систем ...

    Друго ... ке зборам за предметите ... На ИНФО се тепа повеќе на програмирање,описни јазици,некои методологии на програмирање итн инт ... Ако во прва ми беше вака во втора ми е веќе 90 посто програмирање ... На ИКИ не е така ... Самите предмети што имаат да ги изберат не им се програмирање ... Имаше еден поврзан со програмирање каде услов ти е објектно ориентирано програмирање другите се поврзани со физика, електротехника, математика, формални јазици итн инт...

    Друга предност на ИНФО ... во трет и четврт семестар можеш да избереш два изборни предмети али од било кои четиригодишни студии ... Така да јас изгледа ке изберам еден од ИКИ и еден од телекомуникации ... Веќе пети и шести семестар имаме свои изборни предмети

    И за крај ако не те бива многу за математика си гo Избрал правото место :D ... Мене не ми одеше многу математика во средно...Сега за сега добро ми е тука ... некои 30 посто од предметите се математика (тие што ги неам положено :D ) додека на другите смерови прва година 70 посто е математика( доколку ги ставиме во овој калибар физика и ел.тех )

    ако нешто те интересира за ИНФО прашај ... За ИКИ кај другите колеги :D
     
  7. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    824
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    wow.. После ова малце ми олесна :))

    Каква коинциденција.. Баш денес правев муабет со професорот по математика за оваа тематика..

    Неговото твредење беше:
    „90 % од тие што се запишале на информатика а притоа се слаби математичари ( конкретно зборуваше за мене :)), речиси е невозможно да завршат информатика поради обилната математика на СЕКОЈ информатички факултет ( со исклучок на математика од Европски и Фон - барем според него).„
    Реално после тој муабет крајно се замислив за мојата идна постапка.. Но, според оваа тема, испаѓа дека нема потреба да си толку добар математичар за да се запишиш на Феит( бифшо електро ).

    На кој да му верувам сега? :))

    Да бидам искрен, на крајот на втора година кога се мислев за смер, си правев некои идни планови, и тогаш феит беше бојкотиран од таа листа.. Незнам зошто толку лошо сфаќање имав за него ( од аспект дека е ПРЕмногу тежок за нас „надарените„ математичари )..

    Значи всушност и не е толку страшен.. :))

    пс. Фала за информациите на темава. Долго време ме мачеа дилемиве.. :):)
     
  8. Laki Luciano

    Laki Luciano
    Intern

    332
    3
    27 Мај 2008
    И уште нешто би додал... значи како што ја кажа и кратенката, на ИНФО се "специјализираш" за информатика и после да кажеме можеш да работиш како професор по информатика. Целата работа е како што се спомна погоре, што во ИНФО најмногу се обрнува на програмирање и се изоставени предметите како основи на електротехника и сл. на него.
     
  9. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,013
    633
    3 Јули 2007
    Фала ви на информациите. Добро е што ми оди математиката :p
     
  10. mac-ufs

    mac-ufs
    Intern

    611
    19
    23 Април 2008
    Машко
    Developer
    @fuUuUzZzZy не дека не треба математика на ИНФО ... но многу помалку има за разлика од 4годишните смерови ... кажав горе во проценти отприлика ... А за да ги положиш математичките предмети на ИНФО итекако ти треба познавање од математиката :D ... На инфо ако учиме интеграли и тие се многу тешки на ИКИ решаваат тро дупло потешки :D ... затоа и се одлучиле за ИКИ:D ... но програмски методологии :lut2: го мрзам ... тоа е алгоритми листи итн инт ... и тоа има многу математика ... не ми е тежок програмскиот дел али математичкиот :lut2: ... тој ке го положам некад :D
     
  11. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    за ИКИ претпоставував дека е тоа но за ИНФО не знаев
    гледај ги кај нас
    КН, ПИ, ИС, КАМ, ИОЕУ, ИОО, ИМТ, АКМ.
    е сега некои ке можеш да претпоставиш што се но некои тешко

    т.е. да математика има на секој и секаде е :plachko2:
     
  12. mac-ufs

    mac-ufs
    Intern

    611
    19
    23 Април 2008
    Машко
    Developer
    веруј брат ИНФО не е лесен ... ИКИ го потенцираат тоа цело време ама ако имаш другар да учи на инфо ке сватиш дека е доста тежок смер ... само сме се спасиле од многу математика

    јас полудев по 10 саати минимум(дневно) на PC кога ги полагав предметите поврзани со програмирање ... значи зборам 10 саати али во учење :plachko2:
     
  13. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    ДА мас се си има учење
    но цитатот на кој ме цитираше се однесува на кратенките

    не на содржината која ја имат смеровите:)
     
  14. mac-ufs

    mac-ufs
    Intern

    611
    19
    23 Април 2008
    Машко
    Developer
    да да сватив тоа ... само искоментирав да не сватиш погрешно од мојот цитат погоре дека кај нас е не знам колку лесно :D ...
     
  15. MetalGear

    MetalGear
    On your way to fame

    2,993
    503
    14 Април 2007
    Машко
    Абе нема никаде лесно
    јас сега можам да си коментирам ваму како е таму како е
    додека не осетиш на своја кожа не можеш да комениташ за други факултети

    еден на економски ми рече
    де бе вие информатика што правите само седите на компјутер. јас му велај ај ти седи по цел ден и ноќ на компјутер не работи ништо па да видиш како е
    а не да работиш. он толку занеме

    кај нас на пмф е математика поглмомазна и потешка
    кај вас има и друго што е потешко, но има :)
     
  16. StMartin

    StMartin
    Баниран/a

    172
    3
    24 Февруари 2008
    А која титула ја добиваш на ИНФО?
     
  17. mac-ufs

    mac-ufs
    Intern

    611
    19
    23 Април 2008
    Машко
    Developer
    diplomiran inzhener po informatika ... taka mislam deka bese ... mozno e redosledot da e razlicen ali toa e od prilika
     
  18. StMartin

    StMartin
    Баниран/a

    172
    3
    24 Февруари 2008
    Добро е ако е инженер. Јас се плашам да не е само дипломиран информатичар. Ако е сигурно дипломиран инженер може ќе се запишам на ИНФО.

    Едит: Може ли некој да ја даде програмата за ИНФО и програмата за ИКИ, да споредиме?

    Поздрав.
     
  19. vik

    vik
    Intern

    1,936
    31
    14 Април 2007
    @StMartin
    А оти се плашиш да не е дипломиран информатичар?:chudenje:
     
  20. loris

    loris
    Gaining Experience

    626
    54
    7 Мај 2007
    Машко
    Програмер
    Јас дадов линк погоре во мојот пост за програмата ама еве го уште еднаш издвоен посебно за тебе
    ИКИ: http://www.feit.ukim.edu.mk/mk/studii/dodipl/novimod/iki.html
    ИНФО: http://www.feit.ukim.edu.mk/mk/studii/profesionalni/info.html
     
    1 person likes this.
  21. StMartin

    StMartin
    Баниран/a

    172
    3
    24 Февруари 2008
    Ок, фала друже. И што ми предлагате вие, на што да се запишам, ИКИ или ИНФО? За моите предиспозиции морам да ви кажам дека ми оди и математика и ми оди програмирањето. Физика 2,5 години не учев, бидејќи професорот беше за никаде, па уште на првата работа што запнав и потоа се откажав од учење (знам дека некој мислат дека професорот не е оправдување, ама тоа друга тема). Значи ми оди математика, информатика и странски јазици. Што предлагате вие? Што би било најдобро? Благодарам. Поздрав.

    Се плашам оти знам дека не се цени само титулата информатичар. Инженер е нешто друго, барем јас така мислам.
     
  22. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    824
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    хммз.. Не би било пожелно да одиш таму каде што другите ќе ти кажат..

    Штом веќе ги имаш тие „можности„, односно не би имал проблем ни на двете, лесно е да се одредиш сам..
    Добро размисли со што сакаш да се занимаваш следните години.. И од двете ќе имаш ќар, што да се запишиш и да завршиш, во никој случај нема да имаш зијан..
    Значи, треба сам да се определиш, или како што би се кажало: „следи го срцето„...
     
  23. HocusPocus

    HocusPocus
    On your way to fame

    1,013
    633
    3 Јули 2007
    Ако имаш одличен успех и добро положена матура со над 90 поени подобро иди на ИКИ, а на ИНФО можеш да зе запишеш во државна квота и со слаб успех....
     
  24. TheSpeedy

    TheSpeedy
    Intern

    279
    2
    4 Септември 2007
    @Extremex тоа што го кажа тотално нема врска има многу луѓе лани што се откажаа од ИКИ и тоа со просек над 95.. а имаше и такви случаеви што имаат и под 80 па си останаа на факултетот. Сакам да кажам дека подобар би бил инфо и нијанса полесен за разлика од ИКИ , ама освен учењето кој е 60% на тој факултет 40 % е среќа за да поминеш или пак да научиш еден испит.
     
  25. StMartin

    StMartin
    Баниран/a

    172
    3
    24 Февруари 2008
    Меѓутоа на ИКИ има физика и електротехника, а како што ви кажав, физика немам учено 2 години. Значи тука ќе имам пречка. Што велите вие?

    @TheSpeedy Како мислиш 40 % среќа, 60 % учење?
     
Слични теми
  1. MARTIN_MKD
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,306
  2. goodboy
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    5,647
  3. sumi
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    802
Вчитување...

Сподели

Вчитување...