• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

IE и Firefox го губат пазарот?!

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Иако на пазарот на интернет пребарувачи сè уште нема напната борба, Internet Explorer-от на Microsoft и понатаму е неприкосновен владар. Но, работите во оваа индустрија значително се менуваат.

Експертите од компанијата Net Applications, поточно одделот кој се занимава со утврдување на уделот на одредениот производ или услуга на пазарот, секој месец известува за промените кои се случуваат. Изминатиот месец забележан е тренд на опаѓање на уделот на Internet Explorer, но исто така и на Firefox.




Според податоците на Net Applications за септември, Internet Explorer изгубил екстра 0,63 отсто од уделот во споредба со месец август. Сепак и покрај ваквиот тренд пребарувачот на Microsoft и понатаму е на првото место со 71,52 отсто од уделот. На второто место се наоѓа Firefox кој држи 19,46 отсто од пазарот, но исто и овој пребарувач забележа пад во споредба со месец август и тоа за 0,22 отсто.



Пораст на уделот забележал пребарувачот на Apple, Safari, и тоа за 0,28 отсто. Пребарувачот на Apple и понатаму се наоѓа на третото место на најупотребувани пребарувачи држејќи 6,65 отсто од пазарот. Пораст бележи и Opera и тоа за 0,07 отсто, што беше доволно за со својот удел од 0,69 отсто да се најде на петтото место.



Четвртото место останува резервирано за Google Chrome, кој според податоците на Net Applications држи 0,78 отсто од пазарот, но кој исто така бележи пад и тоа за нешто повеќе од еден отсто.

Од сето ова станува јасно дека и Firefox и Internet Explorer го губат својот удел на пазарот, за сметка на Safari и Opera, кои пак бележат пораст.

Извор: ИДИВИДИ
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
хмммз.. Незнам колку е веродостојно ова..

Лично мислам дека Mozila го зазема првото место, па потоа следува или сафари или опера, и последен IE.

Firefox дефинитивно води со заслуга на аддони. Има многу корисни аддони за разлика од Safari.
Спротивно пак, safari се пробива со помош на својата брзина, а додека пак Opera има и брзина ( според мене за нијанса побавна од Safari), а зема значително помалку рам од било кој пребарувач.

IE пак, лично мислам дека се истава со спонзорите.. Т.е очигледно е дека ќе се издига на пазарот со оглед на тоа што е креиран од една од водечките фирми во светот. Додека, брзината му е 0, а побарувачките на ресурси огромни.
 

spiderman

Intern
16 април 2007
783
44
@fuUuUzZzZy

Сепак компјутерскиот свет и бизнис не ги интересираат нашите мислења, барем не за сега :) Инаку Firefox е солиден само што уште е далеку од Internet Explorer бидејќи 90% од web страните бараат да поседуваш за максимално гледачко задоволство Internet Explorer
 

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
хмммз.. Незнам колку е веродостојно ова..

Лично мислам дека Mozila го зазема првото место, па потоа следува или сафари или опера, и последен IE.

Firefox дефинитивно води со заслуга на аддони. Има многу корисни аддони за разлика од Safari.
Спротивно пак, safari се пробива со помош на својата брзина, а додека пак Opera има и брзина ( според мене за нијанса побавна од Safari), а зема значително помалку рам од било кој пребарувач.

IE пак, лично мислам дека се истава со спонзорите.. Т.е очигледно е дека ќе се издига на пазарот со оглед на тоа што е креиран од една од водечките фирми во светот. Додека, брзината му е 0, а побарувачките на ресурси огромни.
Mozilla Firefox е најдобар пребарувач, јас мислам дека тој треба да биде на првото место. :chudenje:
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Насловот од темата не е добар. Овие од Идивиди (или зависи и тие од каде го презеле) го преувеличиле.
Новинарски трик за да се чита статијата, а на крај кога ќе се прочита се гледа дека не е тоа тоа.

Иначе со излегувањето на Chrome нормално е дел од корисниците да се префрлат на него и да го испробаат, и најнормално е најголем број од нив да се корисници на IE и Firefox како пребарувачи со најголем број на корисници.

А IE повеќе од очигледно е дека има најповеќе корисници само заради тоа што оди со Windows и од незнаење на корисниците дека постои и подобро.
 

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Фајрфокс треба да се стави на прво место, на овие од идивиди треба да му се коментира дека Тој е најкористен
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
@Taurus
Насловот вели дека IE и Firefox губат дел од својот удел на пазарот (IE 0.63%, Firefox 0.11%) како резултат на тоа што уделот на другите пребарувачи се зголемил (Safari за 0.28%, Opera 0.07%, Google Chrome 0.78%). Што има тука нејасно и неправилно? :rolleyes:
 

Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
@AMD_fan
не ти велам тебе за насловот, ти веста само ја имаш преземено.

Неправилно, според мене е тоа што кога прв пат го прочитав насловот се добива впечаток дека некој направил бум на пазарот и IE и Firefox изгубиле голем дел, а не само нешто малку.

Мене ми пречи новинарската тактика која се употребува за привлекување на читатели - преувеличување на работите. Или недоискажан наслов.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
@AMD_fan
не ти велам тебе за насловот, ти веста само ја имаш преземено.

Неправилно, според мене е тоа што кога прв пат го прочитав насловот се добива впечаток дека некој направил бум на пазарот и IE и Firefox изгубиле голем дел, а не само нешто малку.

Мене ми пречи новинарската тактика која се употребува за привлекување на читатели - преувеличување на работите. Или недоискажан наслов.
Насловот има резон, но можеби си во право дека можеби е преувеличен малку. Како што рече ти, можеби е тактика за привлекување на читатели преку бомбастични наслови. :D
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Google Chrome откако го ставив не го менувам. Има некои недостатоци, ама не е страшно сигурно во следните верзии ќе бидат надополнети. Како што слушнав го има Safari како база, Firefox e веќе канта толку беше од сигурен прелистувач.
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Firefox e веќе канта толку беше од сигурен прелистувач.
Од кај е заклучоков ?
Мислам дека сеуште води во сигурноста. Разликата се многу бројните адони кои што firefox ги поддржува за разлика од останатите прелистувачи.
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Разликата е голема во однос на брзината Chrome побрзо се отвара, побрзо ги отвара страниците, download на разни фајлови е одличен, не прави непотребен трансфер помалку се заразува со црви од Мозила, изгледот е подобар, никогаш не се исклучил и не направил bug досега. И има доста добри опции како: close tabs to right и close tabs open by this window. Како и + со кој лесно се отвара нов таб, кога ќе се вратам кај мозила ме нервира зошто го нема и има стил на опера кога ќе отвориш нов таб ти ги дава твоите најпосетуваните страници.

Кога сакам нешто да барам на Google или да пишам некоја страница убаво и јасно ми дава опции и тоа колку резултати ќе има од истото. Веројатно не сте го користеле досега па затоа и не сте ги приметиле предностите.

Сепак има слабости, но не ми сметаат како кај мозила.
 

super_hacker

Баниран/a
2 април 2008
1,333
68
Повторно грешиш, и повторно не те поддржувам, бидејќи сето она што го кажа е грешно. Го користев и Chrome но бубачки ми се појавиле многу на него, за разлика што кај Мозила Фајрфокс ги нема тие, никаков непотребен трансфер не прави и Мозила и нема никаков стил на Опера. :lut2:
 

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Ако толку ти е убава Мозила користи си ја, кога излезе беше супер ама не е веќе тоа што беше некогаш. Многу е поспора во се не гледам повеќе разлика помеѓу неа и IE.:ha:
 

gorgigangsta

Intern
8 октомври 2008
20
0
Тоа што другите пребарувачи се истакнуваат и си го подобруваат ранкингот е точно, но да ги заменат Internet Explorer i Mozilla Firefox е невозможно, барем за сега и во блиска иднина
 

ac1d

Intern
24 септември 2008
410
14
Kako prvo samo se palite na Crhome ko mali deca a ustv ne gi znaete terms za upotreba :/ So samoto toa so go koristite Chrome sekoja vasa sodrza koja sto ja stavete na internet pripagja na GOOGLE i go imaat seto pravo da vi ja izmenuvaat i tako dajle odnosno ako ja napisam na forumov NA GOOGLE U CM*R DA IM GO TIIIIT oni go imaat celoto pravo da mi go izmenat toj komentar bidejki pripragja na niv :) A inace vaka da vi kazam kako ide so prebaruvacive:

1. IE ne zatoa sto e najdobar tuka deka e najkoristen a normalno toa e taka bidejki doaga zaedno so windows a "obicnite smrtnici" bas i ne im e gajle dali stranata ke im se otvori za 1 sec pobvrzo ili pobavno...

2. Mozzilla Firefox iako e na vtoro mesto se smeta deka e najdobar prebaruvac Mozzila 3 bese mal neuspeh odnosno seuste ne e dovolno sreden ili so bi se reklo go pustija porano od so trebase :)

3. Safari i Opera iako se trudat da postignat nesto mislam deka nemaat teoretski sansi vo idnina da gi stignat ovie 2 gorenavedeni osven ako ne napravat nesto fenomenalno vo slednata verzija...

4. Google Chrome odlicen browser iako e novo dete odlicno Google si ja zavrsile rabotata nekoj pogolem bug mislam deka nema otkrieno e sega uzasno me nerviraat terms & agreements za upotreba bidejki so toa na nekoj nacin go prisvojuvaat toa si e tvoe !!! - ima sansi za golem porast vo idnina dokolku trgnat toa uslovite glupi :mad: :D
 

James

Intern
8 јули 2008
336
13
Ја моментално си ги имам сите три и IE и Mozilla и Opera (колекционер со да праеш), од Mozilla бев презадоволен ама ми се појави несакан проблем со неа кога и да ја уклучев мозилата со било кој процес во комбинација искористеност на процесорот 100%, и се префрлив на Опера и супер ми е.
 

delix

Intern
7 април 2007
702
23
bravo za ac1d, najrealno gi oceni site prelistuvaci do sega, sto si zapnal tolku za chrome, ne e nisto posebno, pobrz (malo morgen), fakt e deka site imaat maani, ne negiram, mozzila e daleku ponapred vo pogled na personalizacijata, no poradi toa mozat da se pojavat i odredeni defekti kako vo funkcija i vo brzina, google ne pokazaa nisto novo, ie nogu go e gajle oti sekogas ima takvi koi ke platat za nivniot softver otkolku da najdat besplaten, za safari i opera ne mozam da komentiram gi nemam koristeno
 

386ka

Gaining Experience
22 декември 2007
2,365
193
Чисти глупости за маркетинг цели се проценкиве :ua: BTW, и да се точни податоциве, воопшто не се загрижувачки за Mozilla или IE :muahaha:
 

Acika_Beast

Intern
18 август 2008
124
3
Јас колку што знам во повекето земји во светот има мн. побрз интернет од кај нас,исклучок околу 20% од светот(таму или нема ел. струја или компјутерот се смета за направа на новиот свет и е забранет):). Па така нив не им е никаква разлика со каков прелистувач работат оти страниците како и да е брзо им се отвораат.
А иначе ИЕ го користев кратко и тоа постарата верзија, ама кога дојде 7.0 одма префрлив на Мозилата.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,529
Мислења
822,686
Членови
28,052
Најнов член
Ttifun
На врв Дно