1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Иднината на gaming индустријата

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од TATA_MATA, 24 Март 2019.

Во која насока ќе се движи гејминг индустријата?

  1. Cloud Gaiming-от ќе доминира и/или комплетно замени останатите

    12 глас/а
    17.4%
  2. PC гејминг ќе доминира и/или комплетно замени останатите

    12 глас/а
    17.4%
  3. Конзолите (Sony Playstation, Xbox..) ќе доминираат и/или комплетно замени останатите

    1 глас/а
    1.4%
  4. Ќе ги имаме сите заедно и ниту едно нема нешто особено да доминира

    44 глас/а
    63.8%
  1. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко
    Види малку е тешко за верување точно, но гледај вака:
    1. 1070 излезе во 2016 за речиси 400 долари, додека Xbox One X излезе наредна година со истите графички перфроманси за 500 долари.
    2. И Сони и Microsoft потврдија дека ќе имаат АМД рејтрејсинг, кој колку и да не е захтевен сепак ќе удри на перформансите.
    3. И Сони и Microsoft потврдија дека ќе имаат 4к на 120hz/ fps (и 8к на некои послаби игри), кога на тоа ќе се додаде и рејтрејсигот сето тоа си повлекува јака графичка.

    Што е битно што ти седи под биро? Дали Xbox или PC? Во двата случаи добиваш windows 10 со сите бенефити на десктоп искуство, маус, тастатура, гејминг машина... со таа разлика што конзолата ќе ти трае бар 7 години без ништо да надоградиш, ќе ти биде однапред оптимизирана за максимум перформанси и сето тоа за двојно помала цена од PC. Да, за две години ќе почне да каска зад PC, ама секој компјутер ќе почне да каска по две-три годни ако не се направи апгрејт.
     
  2. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    898
    614
    11 ноември 2015
    Машко
    Може не е баш местото овде за коментарот, на ако треба нека се избрише.

    1.Не сум фан на PS и не го сакам, а причините за тоа се:
    PS сеуште се на стара слава со цд-ња, незнам како функционираат со играње онлајн и со купување игри онлајн, но сум слушал дека е многу комплицирано, неможеш да платиш со наша картичка, требе да имаш америчка, треба акаундот да ти е направен под Америка... и такви глупости. Нај често купуваат од Амазон кредити и ги искористуваат.

    2.Xbox-от го сакам заради тоа што нуди многу работи во стилот, Game Pass, Gold Live и сега што го измислија Ultimate Game Pass(Game Pass, Gold Live и Windows). Според мене Xbox-от е многу по напреден од PS-то. Пред недела време ми истече Ultimate Game Pass кој што го купив за 1$ за 2 месеца, мислев дека ке има пак попуст да си го купам но немаше. Дирекно од Xbox-от кошташе за цела година некој си 180$, случајно проверив на Ebay и налетав на Германец кој што ги продава кодовите за цела годнина за Ultimate Game Pass и чинеше 46евра. Го купив кодот и сега сум обезбеден цела година за играње.
    Ме следуваат секој месец од Game Pass 100 нови игри од кој што се дуплираат некој, од Gold Live добивам секој месец од 3 до 5 премиум игри и имам попуст на купување на нај новите игри од 20% до 50%. Дел од игрите што се подржани за Windows можам да ги извадам и да ги играм дирекно на PC. И нај битно, плаќам со каква картичка сакам без проблем.
    Мислам дека PS немаат такви попусти и можности моментално како што има Xbox.
    Веќе баталив играње на PC, не вреди и не се исплати, треба преку година да вложуваш во PC за да можеш нај новите игри да ги играш на максимум перформанси. Си имам 65ка тв 4к, од мерак да играш, сега во план ми е да си земам еден Logitech G920 и еден шифтер и тоа е тоа.
    Следна конфигурација PC ќе биде без GPU, за парите фрлени за GPU можам само да го сменам Xbox-от со по нов модел, ако излезе до тогаш. :)
     
    Последна промена: 3 oктомври 2019
  3. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    838
    896
    9 Декември 2015
    Машко
    ^
    1. US акаунт правиш еднаш и процедурата трае 5 минути. Може со наша картичка да купуваш игри, само треба прво ваучер да земеш од Амазон (или друг сајт) и после да го искористиш (и тоа трае не повеќе од 5 минути).
    2. PS има PS Plus (Годишно е 60 долари) и PS Now (исто 60 долари). Со PS Plus добиваш две бесплатни (во повеќето случаи одлични) игри месечно + одлични попусти на селектирани игри секој месец (десетина игри). Со PS Now добиваш пристап до 750 игри за PS4 (околу 300 игри), PS3 и PS2. Некои игри се повлекуваат после извесно време ама нови додаваат.
    Значи горе доле слична понуда со Xbox.
     
  4. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко


    Одлично видео. Се зборува за

    -Под кој притисок е Nvidia за наредната генерација
    -Дека RTX јадрата на Нвидиа во иднина најверојатно ќе останат неискористени за гејминг
    -Брилијантноста на Интел со воведувањето на Intel Inside логото
    -Како за фотореализам најверојатно ќе треба графичка од 50 терафлопи т.е. перформанс на 4 графички од рангот на 2080TI
    ...
     
    На Tajson и Aowek им се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,268
    8,666
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Лелеееј, морав да го запрам во 56-та секунда, гласот на пациентов е неподнослив.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко
    За 2019, Stadia излезе најголемото разочарување на годината, но она што многу ветува е најавата од Мајкрософт за X-Box Series X.

    Се шпекулира дека X-Box Series X ќе има графичка моќ од 12 терафлопи што е помеѓу RTX 2080 и 2080Ti. Било која од овие картички чини повеќе одколку што би чинела самата конзола (околу 500 долари)

    X-Box Series X можеби ќе даде одговор на прашањето: PC Master Race или Конзола?
    По мое одговорот за следните 6-7 години е хибрид т.е и двете

    Конзолите истотака треба да влијаат на тоа што ќе се смета за гејминг хардвер, како и на цените за компонентите кои иако за ссд-а и рам мемории се во пад, сепак се сеуште многу високи за останатите компоненти.
     
    На -={K-O-R-U-N}=- му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    96
    68
    5 Април 2018
    Машко
    Нели е ова малце... fishy, во најмала рака? Графичката кошта oд $800-$1200, а Xbox-от цел, со се толку јака и навидум скапа графичка, ке кошта 500-че. Би било супер. Ама не верувам во тоа. Ке биде уште едно „не не разбравте“, „не го мислевме тоа во таа смисла“ итн. кога ке испадне дека нема да бидат подеднакво јаки конзолите. Цел систем за $500 со графички перформанси помеѓу RTX 2080/2080ti кои коштаат од $800-$1200 ? Не верувам.
     
  8. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,587
    1,693
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Во првите години од новите конзоли, и Sony и Microsoft ги продаваат конзолите со загуба или барем блиску до нула. Главниот профит не им е продажба на конзоли.
     
    На pecko95 и TATA_MATA им се допаѓа ова.
  9. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,064
    2,308
    19 Јули 2013
    Додека излезе, цените на компонентите малку ќе паднат. Потоа, не се споредуваат малопродажните цени на графичките со нарачката на производителите на конзоли од неколку стотини илјади парчиња и тоа ко за почеток. И како што пиша корун, првите години малопродажната цена на конзолите е далеку помала од цената на производство. Намерно работат со загуба за да се продадат повеќе конзоли и да го освојат пазарот, со што понатаму ќе има повеќе купувачи на игри, додатоци, претплати итн. Со самото тоа ќе има и повеќе заинтересирани за изработка на истите.

    Интересен факт во врска со ова, првиот хак за сони пс3 излезе многу брзо откако сони објави дека конечно производствената цена на конзолата е пониска од малопродажната, односно дека почнале да заработуваат и од продажбата на конзоли. Случајно или не, оставам на други да проценат.
     
    pecko95, TATA_MATA и на -={K-O-R-U-N}=- им се допаѓа ова.
  10. 1s3ct0wN

    1s3ct0wN
    Gaining Experience

    154
    91
    18 Септември 2013
    За 4ка уште нема крак?
    Испратено од HRY-LX1 преку IT.mk форум апликација
     
  11. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко
    Многу фактори се во игра, најбитните ги кажаа другите членови т.е. ако на компјутер од 1000 евра ги тргнеш сите маржи што би биле кога деловите би се продавеле посебно и притоа нарачуваш милиони парчиња цената ќе се преполови.

    Второ, конзолите се оптимизирани и со ''послаб'' хардвер постигнуваат многу повеќе. На пример ти гледаш малопродажни цена на

    АТX матична (да речеме 100 евра),
    ryzen 5 3600 (200 евра) и
    650w напојување (100 евра),

    но во реалност

    матичната ќе биде ITX,
    ќе го искористат пример истиот процесор но ќе биде една година стар и на големо 50 долари нема да ги чини (на амазон r5 2600 во малопродажба е 100 долари),
    а за напојување Xbox веќе потврдија дека ќе користат 280-300 ватно.

    Имам уште неколку поенти, ама се брзам ќе ги допишам подоцна
     
    На pecko95 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,064
    2,308
    19 Јули 2013
    Има но за постарите верзии на фирмвер. Новите конзоли се со понови верзии, а наназад не може да се оди. Значи треба постара и неапдејтирана конзола.
    Од друга страна без апдејт не може да се пристапи на дуќанот од сони.

    Со оглед на тенденцијата производите да стануваат услуги, за идните а веќе и за посточеките модели кракот (хак, џејлбрејк, експлоит, како сакаш кажи го) губи смисла.
     
    На 1s3ct0wN му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко
    @pecko95 Да се надоврзам од постот погоре

    За графичката е потврдено дека ќе вози 4к на 60hz или 2к 144хз, имаат софтверски решенија да дигнат некој фрејм, ама за тие перформанси си треба јака графичка.

    Сега за сега перформансите на 2080 се многу и за многу пари, но за една година тоа ќе биде higher-midrange графичка. Истото беше и со 1070 кога излезе во 2016 за речиси 400 долари, додека Xbox One X излезе наредна година со истите графички перфроманси и целата конзола беше 500 долари.

    Не е исклучена можноста овојпат да ја зголемат цената за конзолата на 550 дури и 600 долари, но ќе биде многу погрешен чекор.
     
  14. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,399
    3,731
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Јас да сум производител на конзоли би ги направил да бидаат по 100$ со најјаки чипови , а една игра да кошта 50$ така да парите не ги гледам во конзолите туку во обртот на количина на игрите .
    Односно така и праваат сеа производителите целиот ќар му е во игрите и нивниот процент :)
     
  15. Gappo

    Gappo
    Gaining Experience

    75
    92
    20 Јануари 2016
    Машко
    Патем, бидејќи се збори за играње игри преку streaming, дали некој успеал да игра игри од компјутер преку SteamLink апликација на телевизор?
     
  16. Foldalot

    Foldalot
    Intern

    54
    43
    19 Март 2014
    Машко
    Јас имам пробано и wireless и wired.

    Wireless ич не вреди, мачење за очите е. Ама и телевизорот релативно далеку е од рутерот па пробав и wired.
    Wired беше испробано на 100/100 конекција на истиот рутер меѓу компјутерот и телевизорот.

    Разликата меѓу wireless и wired е во тоа што на wired можеш на најјака графика да пуштиш без да приметиш blurring/пикселизација ко на wireless.
    Ама инпут лаг горе доле останува ист, би го споредил ко Nintendo switch на TV што имам пробано, што за мене беше неподносливо, особено за игра како Rocket League.

    Се на се не би препорачал.

    PS: Телевизорот е Сони, модел 2019год со game mode активирано ако некој се сомнева во телевизорот дека сам по себе го правел лагот.
     
    На Gappo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gappo

    Gappo
    Gaining Experience

    75
    92
    20 Јануари 2016
    Машко
    Подобро искуство си имал од мене. И јас пробував на wired, све си се поврза ко што треба, сликата изгледаше одлично, али има некој чуден проблем - на секои 7-8 секунди трепка сликата (станува црно за дел од секунда и се враќа). Ај што ептен е тапа со тоа да се игра ама и кога ќе ја пуштам самата игра прекинува да прима команди од PS4 контролерот (додека во Steam Big Picture Mode си работи нормално).

    А баш се израдував дека конечно ќе можам да имам Playstation филинг гејмање на кауч без да имам Playstation.
     
    На Foldalot му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко

    View: https://www.youtube.com/watch?v=RujXsBcIQzE


    Само еден фантастичен алгоритам не дели од сето она што го играме на 1080p по пат на вештачка интелигенција истото да го правиме на 4к дури и 8к. На пример ја играте Cyberpunk 2077 на native резолуција од 1920 X 1080p со рејтрејсинг и по пат на upscaling, вештачката интелигенција во реално време ја изострува сликата и ги додава потребните детали без да биде погубно за перформансите.

    Дека не сме многу далеку говори и ова видео за кое @psyside ја отвори оваа тема

    View: https://www.youtube.com/watch?v=rTFvfj6u1u8


    Со таа разлика што овој алгоритам е искористен за процесирање на видеа и не е во реално време, but you get the picture.

    Ова исклучително ќе ја олесни работата на developer-ите, а тоа може да биде од клучна важност за indie developer-ите кои можат да блеснат, бидејќи на крајот на краиштата треба да направат ''само'' одлична 1080p игра, а вештачката интелигенција ќе го направи останатото.

    Поентата е дека можеби целиот хардвер што ни е потребен можеби веќе го имаме/наскоро ќе го имаме, само софтверот треба подобро да се искористи.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко
    Го проба некој GeForce Now?

    Ја има бесплатната опција за колку сакаш сесии, но притоа се временски ограничени на еден саат.
    GeForce_NOW.png
     
  20. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,601
    1,834
    25 Март 2013
    Машко

Сподели

Вчитување...