1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Иднината на gaming индустријата

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од TATA_MATA, 24 Март 2019.

Во која насока ќе се движи гејминг индустријата?

  1. Cloud Gaiming-от ќе доминира и/или комплетно замени останатите

    12 глас/а
    17.4%
  2. PC гејминг ќе доминира и/или комплетно замени останатите

    12 глас/а
    17.4%
  3. Конзолите (Sony Playstation, Xbox..) ќе доминираат и/или комплетно замени останатите

    1 глас/а
    1.4%
  4. Ќе ги имаме сите заедно и ниту едно нема нешто особено да доминира

    44 глас/а
    63.8%
  1. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,827
    25 Март 2013
    Машко
    Google официјално го потврди излегувањето на нивната cloud gaming платформа- Stadia и по се изгледа гејминг индустријата по подолго време на еволуција дојде до стадиум на нова револуција.

    Microsoft истотака го спрема X-Cloud и се сушка дека ќе имаат 2 конзоли, а поефтината конзола ќе биде само за cloud gaming без опцијата да се користи со класични дискови.

    1. Иако по се изгледа битката ќе се води помеѓу овие две компании, сите останати истотака планираат слични услуги (подетално во видеата подолу) па дури и nVidia.

    2. Под cloud gaming се подразбира играње игри на компјутер,телефон,лаптоп... кој нема не знам какви харверски спецификации но притоа се поврзува на серверите (Google,Microsoft) и уживаш во сите благодети на играта. Буквално од лаптоп се логираш на Google Chrome, не инсталираш ништо, нема loading screens, само кликаш Play и за 5 секунди ги играш најдобрите AAA игри.

    3. Огромна предност на cloud gaming-от ќе биде достапноста, едноставноста, ќе може да се игра на повеќе платформи, треба само интернет конекција, ќе одат до 8K резолуција и 120+fps

    4. Има потенцијал да биде поефтин, но тоа за поразвиените земји може да бидат и сто долари за месечна членарина ама кај нас.... Истотака прашање на време е кога ќе ја убие пиратеријата.

    5. Главен непријател на cloud gaming-ot ќе биде латанцијата на интернетот.



    Многу му беше интересна поентата за тоа дека бидејќи AMD ќе ги снабдува и Microsoft, и Google и Sony - сите игри понатаму мора да одат добро на AMD хардвер!

    Дечково истотака многу добри поенти има


    Искрено сметам дека денешните конзоли и тие што ќе излезат во 2020 ќе бидат последните конзоли како што ги познаваме. PC гејмингот нема да умре во догледно време, но сметам дека за 5 до 10 години cloud gaming ќе има удел од барем 75-80% од целата гејминг индустрија.

    Многу има за дискутирање и неможам се да опфатам во еден пост ама да почнеме од негде.
     
    На JensenInterceptor, Mihajlo Micho, goce03 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  2. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,306
    4,523
    18 Септември 2013
    Машко
    Се слагам дека could gaming е иднината на subscription based gaming во најмала рака. Модели као нетфликс, но за игри, со тоа шо нема да имаш потреба од страшно јак хардвер звучат неверојатно.

    Но за тоа да стане секојдневие ќе треба прво да имаме страшно добри интернет конекции заради input lag.

    Не верувам дека конзолите и компјутерите како такви комплетно ќе бидат заменети, баш поради тоа што конекцијата на локално ниво меѓу хардверот ќе е барем во догледна иднина побрза и ќе има помалку delay за тие кои се засегнати од тоа (про гејмери и ентузијасти). За сите останати casual играчи на игрици, верувам дека cloud ќе биде брзо прифатен (доколку нели, ко што реков, имаат добра интернет брзина и е доволно незабележлив input delay-от).
     
  3. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,818
    2,670
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Cloud gaming е веќе секојдневие за некои гејмери и тоа во последниве 2-3 години зашто GeForce NOW на пример функционира перфектно и нема никаков Input lag. Single player игрици се играат перфектно добро, а од multiplayer сум играл WoW и Destiny исто без некои проблеми. Интернетот не ми е нешто вртоглаво брз, 150/5 Mbps. Оди добро и на wifi конекција од 5Ghz. Еве едно клипче од мене од прошла година:



    Главни предности за мене се што не треба да зафаќам место на хард диск со инсталирање на игри, нема галама од вентилатори, загревање, трошење струја и слично зашто практично компјутерот не прави ништо туку само стримува видео. И нормално може да се игра и на 4к резолуции без потреба да се има јак хардвер.
    Негативна работа е што интернетот се троши како луд, ако играте активно во FullHD за недела дена очекувајте трансфер од над 700 GB. Што значи дека ако сте на VIP одма после тоа ви ја сечат брзината и до крај на месецот имате dial up :).

    И нормално негативно е што коа ќе излезе од open beta ќе се плаќа.
     
    На TATA_MATA и toshex им се допаѓа ова.
  4. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,350
    2,165
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Mobile > Console > Cloud > PC
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,196
    7,114
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Само да си знаете 3 саати стримање од дома на работа ми јаде 6 гига. Фул ХД 60 фпс.

    И да го оптимизираат на пола, тоа се 3 гига - 3 саата. Дефинитивно треба ОДЛИЧНА конекција.

    Латенциите ќе видиме, не се знае. Ако се до 150мс ќе се јаде, но не за сите игри. Незамисливо е батлфиелд да играш така.

    Ова беше пробано со OnLive, пропаднаа. Гугл има повеќе капитал па ми можел теоретски да го пумпа Stadia додека не почне да прави профит. Ќе видиме, интересно.
    ---------
    Друга работа е што мајкрософт прави нешто „под тепих“. Освен што ја пуштија Halo MS на Steam, овозможија стримање од ПЦ на Xbox (што беше незамисливо досега). А најинтересно од се вчера играв Bioshock Infinite на Steam, Xbox-от ми бише исклучен и апликацијата на виндовс исклучена. Одеднаш на телефон ми стига порака од Xbox App другар на Xbox Live ми вика колку пари ја купи Bioshock Infinite?

    Ја му викам ја имам римастер трилогијата купено одавна не ми текнува ама викам на стим ја играм. А он вика на Xbox кај него се појавило armac119 is now playing Bioshock Infinite.

    Е ај сега.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  6. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,306
    4,523
    18 Септември 2013
    Машко
    Дефинитивно ќе биде возбудлива година за тоа на кај ќе иде насоката на гејмингот.
     
  7. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас сум голем скептик за клауд гејминг. Ако земеме во просек еден телевизор да има 40-70мс инпут лаг, а една интернет конекција 30-80мс инпут лаг, за да стигне мојот инпут до екранот ќе бидат потребни од 70 до 150мс. Ај 70 се трпи некако, ама 90% од времето ќе бидат 150мс и повеќе од тоа, што би ја направило било која игра речиси неигрива (како долгодекаден гејмер си имам стандарди извинете). Нетфликс функционира супер затоа што не е потребен константен инпут, гајле ти е што видеото касни 100-200мс, ти си глеаш филм ко чоек.

    Имало и предходно обиди за ваков тип на гејминг, сите фејлале мизерно заради инпут лагот кој со сегашната технологија не е возможно да се исфрли од равенката
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,827
    25 Март 2013
    Машко
    Да лагот ќе биде проблем за FPS, ама за single player RPG ала Witcher нема да игра голема улога
     
  9. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    96
    68
    5 Април 2018
    Машко
    Мислам дека интернетот не би требало да претставува преголем проблем, горе доле исто како да гледаш стрим на twitch на пример, со тоа што Google имаат многу, многу повеќе дата центри кои што се релативно блиску до сите корисници (освен во Африка и Сибир..), така да не би требало да има многу големо latency. Исто, чим спомињаат 4К а не 1080p стрим, би претпоставил дека имаат направено / многу кратно подобрена компресија на видеата од тоа што го има twitch да кажеме, за да биде остварливо.

    Не е Google некоја шалабајзерска компанија, сигурно ги прошле сите можни цаки, и не би го претсавувале вака ако не бидат 99% сигурни (пошто ништо не е 100% нели :D ).. Мислам дека ке биде многу јако ова со Stadia, само цената да биде прикладна, 10-15 $ / месечно.
     
  10. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    1,042
    629
    8 Август 2017
    Машко
    Geforce Now функционира супер, еве сега упалив Cities фри викенд и за 5 сек ми се уклучи играта, исто работи и со Уплеј.
     
  11. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,706
    1,171
    16 Јуни 2010
    Машко
    За игри што се повеќе накај singleplayer искуство ова може и да функционира океј, под услов вкупната латенција (мојот инпут, конекција до дата сервер, назад и приказ на монитор) да е под 200ms. Ама за игри како fortnite,pubg, apex, cs:go вакви работи немаат смисла и никогаш нема ни да имаат зашто секогаш ке има латенција.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  12. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,306
    4,523
    18 Септември 2013
    Машко
    Инпут на телевизорот во ситуацијава, па дури и на уредот кој го пренесува видео сигналот (стриминг бокс или шо и да е) не е битен, пошо на гугл имплементацијата го поврзува контролерот директно со WIFI мрежата.

    Шо значи директно на сервер праќа input од контролерот. Така шо пак зависи само од upload конекцијата и ping.

    Телевизорот зависи само response time за колку може да исцрта тоа шо ќе го прими као видео сигнал, како и пак download конекцијата за да го даундлоадира целото тоа пред да го прикаже.

    Секако има некој delay, пошо тука имаш:

    За input:
    - време од притискање на копче до истиот сигнал да стигне до WIFI рутер
    - време дури сигналот да се процесира и испрати од WIFI рутер до серверот (гугл)
    - време дури серверот го процесира input сигналот и го препрати на хардверот
    - време дури хардверот го процесира сигналот и ја апдејтира сликата
    (тука може да се дискутира дали хардверот по инстанца ќе е појак отколку било кој компјутер шо можеш сам да си склопиш, или бар доволно јак, за да се минимизира процесирачкото време итн.)

    За download:
    - време од апдејт на слика од хардверот до праќање на тој сигнал назад до серверот
    - време дури се даунлоадира сигналот назад од серверот (streaming)
    - време дури телевизорот го исцрта даундлоадираниот сигнал

    Ова може да се микросекунди со најдобар хардвер и мрежа, но може да има инстанци каде ќе треба и секунда ако серверот е сатуриран (преоптоварен)... има доста прашања, но во идеално сценарио ова е иднината.

    П.С да не заборавиме дека веќе некои од ствариве ги чекаме за онлајн игри. моментот откоа ќе пратиме сигнал, тој да се процесира на сервер во корелација со позициите и акциите на другите играчи - така шо не е ко да е нешто ново, но е само различна имплементација и малку позахтевна.

    пример јас коа ќе упукам некој на csgo истото тоа треба да се апдејтира кај сите кои играат иста партија со мене инстантно. во спротивно ако касни сигналот и некој друг ако го пука веќе упуканиот играч ќе го утепаш два пати :))
     
    На Sukhoi и mrkela2009 им се допаѓа ова.
  13. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,587
    1,693
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Цитат од луѓе кои ја тестирале Doom после презентацијата:

     
  14. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,827
    25 Март 2013
    Машко
    Уште официјално не е во употреба, ќе треба да прележат детски болести, ама ќе го истераат.
     
  15. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,587
    1,693
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Може и да не ги прележи, многу антиваксери има.... :)
     
    На TATA_MATA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,827
    25 Март 2013
    Машко
    Милијарди долари се во прашање, ќе направат custom made лек :)

    Ако гејмерите немаат совршен интернет, Google ќе им донесе совршен интернет. Нешто што и Facebook и Elon Musk со Starlink сакаат да го направат.

    Освен интернетот, ќе купат 100 стартапи што имаат идеја како да ја намалат латенцијата бар за 0.1 ms, ќе стават сервери во секоја држава ... Пак ќе се повторам, милијарди долари се во прашање!
     
    Последна промена: 26 Март 2019
    На prichina и toshex им се допаѓа ова.
  17. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,587
    1,693
    6 ноември 2012
    Машко
    Мрежен администратор, IT, BTC
    Ќе направат, да мора да имаш Google Fiber, инаку џабе патот со нашиот „неограничен“ интернет.
     
    На SmartGuru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,827
    25 Март 2013
    Машко
    Ќе се најде чарето, дај им 6 месеци до година. Google Fiber им е $70 месечно што е џабе за развиен свет. За кај нас како и се друго ќе треба повеќе време.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    793
    209
    24 ноември 2008
    Fallacies of distributed computing - Wikipedia
    Ова се детските болести Досега никој не ги прележал.
     
    На FiC DoGG му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,196
    7,114
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Како човек што стрима од дома на работа игри секој ден, во идеални услови со дедицирани OpenVPN сервери преку UDP протокол, само 350 метра одалечени, на ист провајдер и цевки од оптика на телеком 100/100 на двете локации, ве уверувам дека FPS испаѓа од игра. Дури и разни оптимизации сум правал, а на двете страни има и добри рутери (Cisco 1941/1981) за кои е гарантирано 50 мегабита и немаат друг сообраќај.

    На почеток не се приметува многу, ама се приметува кога ќе видиш разлика колку добро играш Doom локално и преку стриминг. Полека сфаќаш дека нешто е малце off.

    За сите други игри (и мултиплеер) е супер. Еве со другар Destiny 2 си играме, вчера ја купивме и The Division 2, PvE нема проблем, PvP има разлика. Ова важи и за Стим и за Xbox. Е немам уште PS4 ама верувам исто ќе е.

    И да дојде гугл блиску до моите бројки, пак се сомневам дека ќе биде подобро.

    Ама ајде да видиме, јас се надевам дека еден ден ќе имаме лимитлес интернет со стабилност и брзина на телеком. Пошто како што спомнав 1080p влече 2-3 гига на саат-саат и пол.

    Можда одговорот лежи во хардверски енкодинг на X265? Ќе видиме.

    Edit-
    Не ми текна дека Гугл Стадиа може да се води како засебна платформа. Ако се сите на PvP на исти услови, би функционирало. Јас споредувам Стриминг на ПЦ против стриминг на луѓе што играат локално.

    Е ако направат па форкинг на ПЦ више аман. Требаше до сега cross-platform да има за PvE игрици а не да се делиме допрва и на ПЦ.
     
    Последна промена: 27 Март 2019
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  21. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,827
    25 Март 2013
    Машко
    Се изнагледав и изначитав по интернетов, и сакав да споделам дел од нивните но и моите мислења

    1. Конзолите 90% ќе излезат во Октомври/Ноември 2020 со 8 core Zen 2 CPU и Navi графичка со перформанси на 2080 Ti.

    2. Raytracing е технологија која нажалост помасовно ќе се имплементира за PC дури во 2021, кога АМД преку конзолите ќе каже што ќе биде новиот стандард за рејтрејсинг. До тогаш ќе излезат едвај по 2-3 игри на 6 месеци кои до некаде ќе подржуваат рејтрејсинг за Нвидиа.

    3. Проекциите се дека Амд ќе забележи раст од 900% во 2020 на пазарот за сервери (до пред некое време беше со 1% удел на пазарот за сервери, а ќе се зголеми на 10%). Целата поента е дека повеќе им се исплати најновата технологија, најдобрите процесори и графички (на пример графичка што е двојно подобра од 2080ti) да ги продават по цена од пример $5000/$10000 долари на пазарот за сервери одколку за $500 долари на гејминг индустријата. Цената за АМД да ја произведат најновата технологија им е иста со таа разлика што серверите секогаш ќе бидат подготвени да платат многу повеќе за најновата технологија одколку гејмерите. Со тоа гејмерите ќе бидат оставени на последно место, со многу поскапи цени и постара архитектура и технологија.

    4. Microsoft може да ги збрише сите! Microsoft по се изгледа си ја научи лекцијата. За новиот Xbox во 2020, купија неколку гејминг студија, ќе воведат подршка за маус и тастатура, ќе воведат можност да се играат нинтендо и пц игри на Xbox...
    Moja теорија е дека ако се паметни ќе го стават windows 10 за оперативен систем и xbox-от може да стане entertainment centar кој комплетно може да го замени PC-то за домашна употреба и да ги збрише сите. На крајот на краиштата конзолата не е ништо друго освен немодуларно PC чиј моќен хардвер се користи само за играње и евентуално гледање филмови, а не се користи за едноставни задачи како сурфање и пишување во Word документ.
    Штом стане entertainment centar, ќе се убијат од пари правење и со воведување на свои сервиси слични на Netflix, Twitch, Cloud space....

    Со животен век од 7 до 10 години, без потреба да се купува графичка или процесор, со windows 10 ( a со тоа најверојатно и пиратерија) и цена од $500/$600/$700 долари јас воопшто не би разгледувал ниту PC, ниту Nintendo, ниту Сони туку веднаш би го купил новиот Xbox.

    Прилично сум горд на последново, па баш ме интересира што мислите.

    Истотака би сакал некој да ме демантира за да се развие дискусија :)
     
    На CBB_6 му/ѝ се допаѓа ова.
  22. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,827
    25 Март 2013
    Машко
    Се извинувам за пост под пост ама не можам да го изменам мислењето.

    Идејата под 4. сепак не била моја, ја имам слушнато на Broken Silicon 15 па помислив дека е моја (Cryptomnesia)
     
  23. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    PS5 ќе направи пепел ко и обично. Xbox веќе еднаш проба да биде повеќе од само конзола и испадна дека луѓето не сакаат така. Со среќа нека им е натпреварот против библиотеката од ексклузивни игри што ја има Sony.
     
  24. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    931
    1,426
    6 ноември 2007
    Meh... Ќе видиме. Ако ништо друго, USA пазарот е познат по нивната нелојалност. А ти се главен трендсет и финасиски генератор
    Искрено сакам Сони да потфрли следнава генерација. Незнам зашто имам осеќај дека PS3/X360 ерата имавме поздрава конкуренција со повеќе бенефити за крајниот конзумент.
    За наредниов циклус очекувам кркамбар на пазарот. Sony, Microsoft со high end машини, Nintendo незнам кај ќе тера...ваљда handheld пазарот е нивни и ќе експериментираат со некој нов mid-gen хардвер таму некаде 2022.
    Stadia ќе пука со streaming-от. Овие другиве PSNow и xCloud ќе пробуваат да се контраат така да ќе биде забавно.
    А да PC gaming-от си цути како никогаш претходно.
    Многу разноврсен е станат целиот тој entertainment. Убо си е. Поише опции, поголема конкуренција, поголема понуда, пониски цени...
     
  25. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,706
    1,171
    16 Јуни 2010
    Машко
    Признај ама признај дека и тебе не ти е верно дека ке има APU со 2080Ti перфоманси и 8 јадрен Zen 2 у конзола. Делот со Ryzen 2 е очекуван, ама 2080Ti перформанси на Navi чип, и сето тоа у APU издание. 99 посто нема да се тоа случи. А кога ке слушнам Navi,Vega и такви свемирски зборови у контекст со AMD ми се стемнува. Radeon дивизија веќе која година поред докажува дека е неспособна и нивна среќа е што имаат можност да прават APU со рајзен, инаку од продажба на PC графички не преживуваат. Стварно штета.

    Апсолутно се сложувам со тебе. RTX е сеуште скапа играчка за повеќе луѓе и треба доработка. Многу ме интересира ова, замисли Nvidia да не почна со RTX? Јас сум 99 посто сигурен дека и AMD немаше да им текне.
    PC гејмингот и конзолите никогаш нема да се исто, воведување на тастатура и маус мене искрено ништо не ми менува.
    PC секогаш ке ги има најновите иновации у графиката а и у гејмплејот (освен конзол екслкузив наслови). Сите работи што ги има на конзолите, на PC ги има уназад неколку години. И да има конзола со 2080ti перфоманси (што не очекувам), ништо конкретно нема да смени на многу луѓе.
    Тие што купуваат конзоли ке си купат нови, тие што сакаат PC/Laptop гејминг ке си купат нов уред и тоа е. Ако до сега MS и Sony не ги сите предомислија дека нивните конзоли се најдобри уреди за гејминг, нема ништо у иднина да се смени.

    Од стадиа не очекувам ништо друго освен да пропадне ако продолжат со тој модел на работа. Cloud гејмингот у принцип е фејл од мрежен аспект најмногу и колку и да си прост и ништо да не разбираш, ке приметиш дека играње со 30-40ms однапред латенција и играње директно од свој уред не е исто. А да не го правиме муабет со брзините и bandwidth caps што сеуште е присутен во сите земји каде што сега се нудат овие сервиси. А да и компресијата на video feed-от до твојот уред.
     
    Последна промена: 2 oктомври 2019
    На TATA_MATA му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...